Добро утро девојки. Јас стандард мака мачам со киселини, а не можам да престанам да јадам. Ме "фати" шефицата пред некој ден како сркам слатко од смокви во кујна на работа, како слатко ми се изнасмеа, а јас се кријам, веќе и од сама себе Во сабота си закажав кај докторот на Клиника што би сакала да ме породи, се надевам дека ќе се договориме, мојов матичен вика влези во 36 недела и ќе го вадиме, а мене ми е страв, леле мајко, рано ми е уште, не сум спремна....се надевам дека докторов ќе каже дека нема причина за брзање.
Добро утро и од мене се вракам од цтг, покажува контракции и болки др вика оди дома и чекај јас ништо не осекам освен малку болки во кичмата . Тие посилните се надевам ке ги осетам нели
Ќе осетиш, не бери гајле . И кај мене така почнуваше, болки во кичма, кај опавчето, стомакот гимимав менструалните болки...осеќав доле главчето како да се мести а и анално некако притисок осеќав.
Е исто така си осеќам ама не се некој страшни болки, додуша јас имам страшно болни менструации па очекувам нешто појако да биде
Не знам што попрво да советувам. Дали да шеташ по скали за да убрзаш процес, дали да си наполниш кадата да се релаксираш, дали да се истегнеш и одмориш и сили да збираш... бирај. Отворена ли си?
Верувај, нема шанси да не се осетат. Ќе стануваат почести и појаки на пократко време...А и некако се осеќа кога е тоа-тоа. Сите сме мислеле дека нема да осетиме, ама никоја не промашила
И мене истово ми го кажуваат - нема шанси да не сетиш, а јас до сега ништо не сум сетила. И цтг потврдува. Преглед со рака помина - мм не сум се отворила; церцикс 38мм.
едно малце глупаво прашање, ама до тие што веќе имаат бебенца, колку облека е доволно за почеток да не се изнакупувам за без врска
Воопшто не е глупаво прашањето. https://forum.femina.mk/threads/Што-сè-е-потребно-за-новороденче.10854/ Тука има многу искуства. Прочитај и можеш дополнително да потпрашаш. Почело е почело значи
Јас првата болка во цела бременост ја осетив токму кога почна пораѓајот, дотогаш ништо, ни лажни контракции ни бутур. Затоа велам не се промашува, боли како менструални болки, со се појасот околу кичма, фаќа па пушта и се така додека не излезе бебе После болат цицки, па глава од неспиење и така се во круг
Јас сум 34+5 со близнаци и веке подолго време осеќам повремено грчење на долниот дел од стомакот . Ми се спуштаат скроз долу бебињата тврд ми е стомакот имам јаки менструални болки , болки позади во половината и притисок и болка како за во тоалет . Сега стануваат појаки болките и подолго траат ама 5 пати бев на цтг ниеднаш не се ппгоди тогаш да се појават тие болки . Само на последното цтг имаше појавено контракции кои јас не ги осетив . Кога ги имам тие болки не можам ни да се свртам на друга страна останувам да лежам како што сум додека да поминат а ако седам и ме фатат барам одма место да се стуткам
Сезнајки, за покачени леукоцити и ериторцити во урина, а чиста уринокултура ... што ви препорачувале?
Јас да се пожалам. Многу ме боли опашката, едвај одам. Кога газам како струја ми поминува по левата нога. Еве веќе три дена така. Ако легнам не можам ни да се завртам, ни да станам. Пробав да се движам повеќе, пак боли. Инаку, ги зедов резултатите од брисевите и конечно се чисти.