Штом не се јаки и се смируваат со одмор не би требало да се страшни. Едноставно на телото му треба повеќе одмор. Во такви моменти можеш и дозата магнезиум да ја дуплираш. Нема штета.
Vo koja nedela go merat I mojot ginekolog toa ne mi izmeril a mislam da mu kazam na sledniot pregled, mn mi e strav da nese se skrati pa da imam predvremeno poroduvanje, samo nekoj crni misli
Слушај си го докторот и не се замарај со ништо дополнително. Ако има потреба тој сигурно ќе го измери. Мене во прва бременост не ми мереле цервикс до 34та недела.
Јас немам вена, ама најверојатно коренчињата ми се позацврстиле од хормните изгледа, дури и на стомакот се депилирав од шо ми искочија влакненца, а не сум имала никогаш.... крв ми течеше од поричиките доле, што до сега никогаш не сум имала, а и розеви модрици и мене ми искочија на препоните. А крофнава уште не ми е отечена Бар за сега си е у нормала на допир А каков е тој прашок лидера? и по кој принцип се користи?
Прашок се раствора со вода 3:1 се мачкаш стои 5-7 мин после со влажна рака триеш во круг и влакната паѓаат па се миеш со млаз вода . Исто како кремите за депилација само што ова не мириса така јако како другите и ми го препорачаа како најбезбеден зашто не содржи парфеми и др состојки .
Дали имате течна столица? И од Хеферолот ми е црна башка И после секое јадење ми кркорат цревата а на вас како? 38+ сум
Ако е мн често пијај нешто.. Иначе и јас имав можеби цела недела ама само наутро. Можно е и од бебуш шо прицка. Кај мене беше од болки шо имав (барем така си мислам)
Нормално, односно често, е и тоа и тоа. Боље од запек кој често знае да се појави од препарати за железо .
Јас одам почесто во вц од вообичаено. Потечна е од вообичаено, ама не како дијареа кога имаме. Цревцата и мене ми кркорат - дури и си викам бебе во водата како шлапа го слушам
Дa си гaлиш меше и дa му се смешкaш немa пoтребa oд црни мисли. Ќе ти мери aкo сметa декa е пoтребнo. Сo леснo.
И јас од хеферолот имам почести и црни столици. А од депилација се извадив од памет во петокот. Прв пат се депилирам откако останав бремена и од депилација на работа, после 2 часа одам во тоалет и на хартијата крв, се распаметив, отидов на лекар, се е во ред. На крај излезе најверојатно од депилацијата оти се друго беше супер. Вчера бев на преглед кај докторот на клиника што ме оперираше и што планирам да ме пораѓа. Ми рече дека има намалена плодова вода, и дека дефинитивно ќе одиме царски, нема да чекаме термин. Ќе морам да почнам да се спремам веќе крајно време.
Дали некоја од вас во 9ти месец примала анестезија на стоматолог? Само може мене да ми се деси во 9ти месец се 38+ Вчера се сопнав и паднав на плочник се сопнав со десната левата да пречекорам ми се превиткува и паѓам се фаќам со една рака па со друга и следен удар со глава во фрижидер во лимот надворешен фрижидер за пијалоци и директ на стомак но маж ми одма ме кренал и плус луѓе што гледале од страна...во кола директ Чаир...Од вознемиреност цтг не беше нешто добро рече Др.да го повториме...Ехо направи бебе беше добро постелката не одлепенаод што се плашев да не се десило такво нешто од тежината и плодова вода си има...по 30мин.пак цтг и покажа контракции но во извештајот веше пишано Пост Траума и во 18ч.пск цтг ми рече пак имав 2-3 контракции но не бев за да ме задржи во болница.И еве сега и заб парче ми се поткрши и незнам дали може анестезија утре ќе одам на стоматолог...се ми е од ударот...левата рака ми е фатена од горе до доле едвај можам да ја кренам...десната цел лак модрица и гребаница и модрица над лакт...челото гребаница и жмучка...Ми се скрати животот ако ме верувате Но чим го слушнав срценцето ми беше малце полесно. Ми се грчи меше и на 2 пати денес ко струичка во кичма сигурно не е страшно...Грчења имав и од 7ми месец и излезе од лесен степен на Физиологија кога испитував...Само да додржам неделава со Господ напред...
Ах бре,Господ да ве чува,се потресов само што читам. На другарка моја не сакаа да и стават анестезија во 9 месец,види пак прашајси
А мора ли сега забот да го средуваш?! Смири се таму, одмарај повеќе и после пораѓај ќе мислиш на забите.
Прашај го докторот, јас не бев на забар немав потреба ама мојот доктор ми имаше кажана во случај да треба да одам на забар да му се јавам за да му каже на забсрот каква анестезија смее да употреби.
Ќе одам бар да ми го заструга малце ми фаќа на јазикот 6ка е...па ќе го средувам после породување... се ме боли ...цело тело од падот...па и грб кичма струички се ми е измешано со болките...коска на вагина исто...на лево десно да се свртам меше боли хорор ми е...па и рацете сега ме болат корнат...уште неможеме да поверуваме со мм како летав...неможеше да ме фати 2 метри летав Само молам Бога неделава да истераме овие контракции бодежи и дуење грчење на меше да не се јаки и чести...
Vo prva bremenost stomstologot mi rece se sto ke pravime e do 28ma nedela potoa ne. E sega ako e itno nesto ne znam..
Јас бев баш 38 недела расипан заб многу ме болеше фала богу ништо немав последици ама го поправив со анестезија
Здраво женски , 37 + 4дена сум бремена , брисевите ги направив се е во ред , имам бело прање и докторката ми препиша полигинакс вагиналети да пијам до порагај , искуство некое?