Моево трето искуство говори дека ќе си постојат болките, односно кај мене се засилуваат. Секоја вечер буквално се парализирам од болки и сум неподвижна. Втората бременост појасот помогна малку, сега кај да е пак ќе го активирам. Мене и топла бања, не со прежешка вода, ме опушта.
Приметив и јас дека после бањање малку ми попушта болката. Во одење некогаш дури и накривувам од што ме боли. Ама ќе се издржи. Мора. А таман си реков што убаво еве веќе седми месец ни болка ни ништо и почнаа болките.
Не си вели повеќе. Јас таман реков "Влегов во 8ми и немам мака со желудник" Абе уште наредниот ден почна
И јас имам болки во кичмата, среќа што не се неиздржливи Малку како по*акана се движам ама добро е, ги отрпнав веќе , среќа и не се многу болни. По дождот денес јас кружам кругови низ маало, се раздвиживам Арно ми текна, едно 40 минути како мува без глава по дождот, сама со себе, ама ајде мора малку и движење, сега тоа е, последно тромесечје, па малку да се раздвижиме за пораѓај Инаку јас блесава, магнезиум не пиев, а сите ми викаа пиј си ќе стегаат грчеви, јас си спиев на тоа уво, немам немам грч, и пред некој ден у сон се тегнам, лелелеле кога ме згрчи ногата Таков грч во животот не ме фатил, дури се парализирав на ногата, кога рипнав на стомак склопчена, плачев од болки. И ко попче у аптека после тоа земав, и пијам сега Магнезиум директ Среќа не ме стегна грч од кога почнав да ги пијам, и дај боже да не ме фати, не се трпеше таа болка убав ден мешковци
Женски, дали јас сум грешка или стварно постоеше тема за гардероба каде да се купи во бременост? Цела категорија ја прочешлав и неможев да најдам, а сакам да прочитам искуства за труднички хеланки, ми требаат црни обични, за под туники.
Не знам за таа тема ама ако те интересира каде да купиш има во бутик за трудници Ева види на ФБ преубави има само што дебелите труднички фаќаат упки и не се баш арни за таа 790 цена ама панталоните што се како хеланка - панталона се преубави
Не мора да се дебели, секако со хулахопки ќе ги носам. А со Ева баш немам добро искуство, не е квалитетна гардеробата а им е прилично скапа (фармерките ги плаќав по 2000). Се надевав обичниве хеланки ќе ми послужат до крај, ама ластикот е јак и веќе ме стегаат многу
На зелен пазар или на бит пазар има термо хеланки со многу висок струк над стомак доаѓаат. И на меше несе спуштаат надоле а коштаат само 150 ден. @Bebulleee Има такви и она нека каже дали е задоволна.
Баш и јас побарав таква тема, но не најдов. Тука на широко се дискутира околу алхохолот во бременоста https://forum.femina.mk/threads/Фетален-алкохолен-синдром-ФАС.24347/
Мешиња здраво од мене . Кажете ми дали пре мама дуо содржат доволно фолна киселина за првите недели? Дали е доволно само премама или мора фолна киселина секој ден ??
Сите труднички витамини содржат комбинација и дозираност на витамините според соодветниот триместар. Не ти треба ништо плус.