Жал ми е. Мислам дека во ваков случај само специјалист би дал одговор на прашањето кое го постави. Во нормална бременост е доволно таа количина на фолна која ја содржат трудничките витамини. Доколку некаде постои некаква мутација на гени, компликации или сл. мислам дека треба истото најпрво да биде навремено откриено па потоа и соодветно третирано со соодветна, корегирана, дозираност. И секако дали воопшто фолната била причинител за истото.
Како го открија тоа ? Јас воопшто не пиев фолна киселина @Kitten јас дебели труднички панталони од Ева купив , задоволна сум сега за сега , удобни и топло ми држат немам потреба од хулахопки ,а за по дома сум со од зелен пазар хеланки преудобни ми се си купувам од тие со раб на среде што имаат од позади и напред за да не ми пукаат , надарена во газот сум малку па сите термо хеланки од пазар ми пукнаа што ги имав купено .
Кога се породив. Среќа бебето беше совршено здраво , све се корегира на време,несвесно, господ го чувал. Да, сигурно е фолната . Можеби дека многу повраќав па скоро ништо не сум задржувала во себе , сепак доктор треба да открие и каже со време. @danichap
@Kitten провери ли во waikiki? Повеќето од таму купивме мислам дека беа 300 денари. Мене малку ми се свлекуваа надоле, ама за тие пари завршија работа шетни во делот за трудници, ќе си најдеш нешто
Здраво на сите, едно прашање за некој со искуство (јас само на теорија сум за сега ) вчера ми беше терминот ама ништо, денес од пред два саати имам некои болки во долниот дел на стомакот ко пред добивање нешто на такви ми личат, кратки се и не се многу болни и по минута две како ништо да не било, дали е тоа тоа или се лажни? иначе одам во тоалет на секои 10мин можно е да ми пукнал водењак при мокрење, а јас да не осетам? Фала однапред
Вистинските се болни, кога ќе дојдат ќе ги препознаеш. Следи си интензитет и саат, кога интензитетот вистински ќе биде зголемен а интервалот помеѓу истите пропорционално намален, најчесто тоа е тоа. При вистински болки сеедно дали лежиш, одмараш, се стуткуваш...тие не минат. Во однос на водењакот, може и воопшто да не пукне, но доколку протече нема промашување. Може да биде количина како цела кофа вода, може и 1-2 чаши... во секој случај, поради неконтролираното истекување на голема количина течност не може да го помешаш со мокрење.
@monik55 имам такви, секоја зима купувам но многу брзо се уништуваат и им се прават топчиња. Ене ги за по дома, ич не се како за на работа. @kukla21 уште не сум проверила што има по дуќани за трудници, реков прво да прашам тука, но изгледа дојде време Фала женски.
Имаше и интересни панталони ко за на работа (800-900 ден) во waikiki последно кога гледав. Мислам најефтинони исплатливо ти е ако најдеш таму нешто. Тоа ева во буњаковец скапо беше за облека која ја носиш кратко.
Бидејќи бев цитирана погоре, јас хеланките што ги земам ми се од Прилеп. Некои се имаат направено бопки и ги носам за дома а другите имам стари и по 3 години. Исто како нови се преубав квалитет. И термо се
Јас на пазар зимам по 200 денари црни хеланки со многу висок струк, убаво стојат, не стегаат, ама сум дебелка па знам дека брзо ќе ги скинам меѓу нозе. Така што подобро 3-4 пара од 200 денари да ги носам и фрлам секој месец по 1, отколку 1 поскапи па и тие брзо да ги фрлам. Пред една недела земав и од Тритекс хеланки многу убави тегет со бели точки околу 450 денари, од внатре се подебели, ама мене малку ме стегаат, ама кај вас послабите ќе ви одговараат.
Мина и контролата во болница каде ќе се пораѓам.Цтг покажува болки поголеми,јас ништо не чувствувам,мина и прегледот со рака јас ништо не осетива очекував да биди страшно. Уште 9 дена до термин
Хахахаха...... Да си кажам(иако никој не ме праша) јас веке недела дена како сум настината и мн ме боли грлото, кашлам.....и ај било добро викаат вино црвено греано за грлото си испив јас една чаша после тоа лошо ми беше и се исповратив......си се мислам сега од вчера да не му се случи нешто на бебуш....денеска повторно повратив незнам што да мислам више затоа најарно ни чаша ни голтка да не се напиеш после психата убива
@Kitten јас труднички пазарував од h&m немаат утка. Преквалитни. Дебелите беа 20 фунти а тенките хеланки 10 фунти. Панталоните уште си ги носам. @mal.ecka јас се породив една недела пред термин. Си потпомагав сама за да добијам болки оти ќе пукнев како балон бев и не можев више да издржувам. Пешачев, седев во топла када, се качував по скали.. ииии бидна. Прва ноќ болки, втора ноќ местење на главата и пак болки, трет ден вистински болки. Значи моиве болки 3 дена траеја. Вистинска болка е онаа која доаѓа на ист интрвал, а кога поминува не осеќаш ништо. Што не е како меструални болки да траат без интервал.
Еве и јас да се вмешам, хеланки начекав во теранова, модел како за трудници, тенко ластиче долу ниско и нагоре како трудничките пантолони имаа платно. маста им ја извадив и еве уште ги носам, само тоа платното ми е подвиткано како ластик. Ама овие потенки се. За се останато ваикики ти е најисплатливо. Си имав купено два пара труднички пантолони и едно фустанче и ги утепав од носење цела бременост, а цените им се многу нормални. Имав и фармерки и тие се покажаа добро.
Баш сакав сеа да прашам за гардеробата од HM @vitamina . Штом се супер имам кој да ми ги донесе за 20ина дена. Многу ме нервира трудничката гардероба зашто се смкнува, а баш работата ми е во движење, мачно ми е цело време да ги тегнам нагоре.
Јас имам одлично искуство со хеланките и фармерките од хм. Ако има кој да ти донесе ич да не се мислиш. А ако начекаат од лидл, на есмара, па уште поубаво и поефтино.