Ако мислиш на вакви мене ми ги дадоа, ама претпоставувам од енцименци дека се. Јас не ги искористив зошто се беше набрзина и непланирано па заборавив дека ги имам
Не знам дали се овие, но овие сто ги барам се мрежести за да не те стегаат и на другарка ми од Германија и ги дале во болница колку да ја држи влошката.
За природен пораѓај искрено не знам,јас бев царски и си носев цело време дури бев во болница.Не знам како инаку би носеле влошки без вакви гаќи,обични секако не ни можи
Во систина даваа гаќички мрежасти како од сликата погоре. Јас купив како овие на сликата од @Ano ама се како најлон и ми беа незгодни. Сега даваат
Јас вакви носев, природно бев породена и јас во странство се породив и В болница вакви ни даваа. Многу се практични, за една употреба. Инаку не може без гаќи како ќе станеш, првите денови тече пообилно крв.
Кукле ајде пиши како е малата,како помина,како се навикнувате..дома ли сте....ДЕТАЛИ се бараат ДЕТАЛИ
Каде ке раѓаш? Мислам спомна Чаир така? Можеш да си облечеш и таму, само сабајле ке си ги соблакаш пред да дојде визитата Со 3 цимерки бев таму првиот пораѓај и си облакаа гаќи, јас не зашто многу крварев и на секое менував влошка, ако носев такви гаќи ке требаше еден куп да купам @kukla21 и мене ми фали... реков јас максимално уживам, знаев дека многу ке ми фали... јас би и трети пат
Хелоу мами Со лесно на новите трудници, ги читам во неколку теми, па имајте лесна бременост и уште полесен пород Сакав да прашам што препарати пиете за железото ама проверено да помага? Земав резултати денеска од лаб. и железото ми е катастрофално! Пијам некој сируп Флорадикс ама очигледно не ми помага баш. И уште ова...денес во продавница за играчки ќерка ми си избра барбика-трудњача Попладнево гледам до татко ѝ играат доктор и пациентка па ја пораѓаат. Ете од каде детево има луди идеи кога има и луди родители
Кога имав 5 год.од кај мајка ми на работа ни даваа кукли..полна хала кукли и сами да си одберемекоја среќа беше тоа.Одбрав мала црна кукла со виткана црна коса и трудничко меше во црвено фустанче со бели точки..ја обожавав,а покасно ја истриживми врати спомени..
Се сеќавам и во мое време имаше една трудна барбика ама од оригиналните на Мател. Но чудно е дете од 3 и пол години наместо да избере принцеза, таа бира барбика со стомак