Јатрва ми само што ми ги донесе работите за новороденче од нејзините дечиња. Лелеее, денот ми се разубави какви се работи нема овде, од бемкички,капи,ракавички,лигавчиња,џемберчиња,хеланчиња....се се
Бев во болницата, така си отидов, да проверам кога имам закажано, писмово го нема, па си викам одам јас, неможам да чекам така. Додека најдов каде е по тоа ходниците (смешна бев кога излегував, се испогубив, буткам врата да излезам, заклучено, се вртам од друга страна и таму исто, а тоа требало да стиснам од страна хихихи). Ме најдоа во компјутер и ми вика имаш закажано за 20-ти септември. Викам нели треба порано да ми направите ехо дека имав спонтан, така ми рече докторката (дека овде обично прв пат ехо 12-та недела). Таа ми вика не не, нема потреба, само во случај ако има крварење или болка тогаш. И така, здравје Боже првото ехо ќе си го правам кај нас, па кога ќе се вратам ќе продолжам овде, само здравје Ми е криво само што нема да биде со мене тогаш мм, да го видиме заедно срценцето наше. Ај кога ќе се вратам, на следниот преглед ќе одиме заедно, како што реков здравје Боже само
Девојчиња, да внимаваме да не ни ја заклучат пак темава по којзнае кој пат, има други теми за соодветни прашања и дискусии. Еве на пример за патување има тема Патување во бременоста. Да не ме сфатите погрешно само
Како сте мешиња? Мене расположението ми се менува како да сум во ПМС! Бидејќи со денови многу слабо јадам, немам апетит, а и она што ќе го изедам ме тера да го повратам се чувствувам многу уморно и исцрпено. Постојано лежам, малку ќе се раздвижам, ќе средам нешто дома и се заморувам, губам сила.. Еден ден сум расположена, насмеана, весела - друг ден ме јаде нервоза, ми се плаче.. Ве молам кажете ми лек за повраќањево. Јас имам нагони, а повраќам МНОГУ МАЛКУ. Ја повраќам желудечната киселина, затоа и грлото потоа ме пече. Мака ми е од ова веќе, со денови ме зареди. Како се справувате вие со повраќањето? Кажете ми некој лек?
Од кога ти почнаа мачниниве? Јас немам уште никакви мачнини. Мене сестра ми викаше дека соленки помагале, кога ќе осетиш нагон, грицкај соленки
Осетлива станав на миризби пред скоро 2 недели, а ова со повраќањето трае веќе недела дена. Значи некаде од 6 недела почнав да чувствувам мачнини (така му доаѓа) Искрено се надевам дека нема да траат уште долго, инаку ќе станам чечкалица ако продолжам со ова темпо. Ецапереца ти завидувам, дај Боже цела бременост да ти е таква!
Јагодче издржи мила . И јас бев истата, а во тој период веќе и ништо ни јадев ни пиев. Еца убаво кажа, соленчиња ако можеш јади. Кај мене искрено ни тоа не помагаше. Се случуваше и по 5-6 пати да повраќам дневно, ама помина. Некои советуваат и ѓумбир да пиеш, ама да ти кажам од искуство, не ни пробав. Во тој период живеев само од пиперки печени и тоа само со масленце. Јадење без мирис и без вкус . Ќе ти помине, без гајле. Ти Ецка мила, радувај се. Дај Боже да ги немаш . Инаку според кажувања на лекарите, кога на бебето ќе започнело да му чука поинтензивно срценцето (6 недела), тоа за организмот било аларм како присуство на некое антитело. Затоа се појавувале мачнините, зашто организмот не знаел како да се справи со новонастанатата состојба. Колку е вистина, не знам. Но кога ќе видиш, на скоро сите мачнините им започнуваат после 6тата недела, исто и кај мене.
Слатки мои мамички, со слатки макички, како сте? Јас да ви кажам, станав како мрдната во 5.30, не знам што ми е, не можам да спијам. Па до сега и исчистив и кафе пиев, и еве сега овде на релакс. Башка, трудниов мој маж, сакал пица, па ќе одам сега да ја замесам.Марија меси кифлиња...
јагода и мене исто ми бесе јас секое сабајле повракав исто како тебе многу малце но имав големи нагони и докторката ме советувасе во тој период повеке да јадам работи сто ги упиваат киселините како суви бисквити,лебЧе,макарони и да ти казам тоа ми помагасе,а инаку за изморувањето и нервозата немој да се гризис нормално е организмот ти претрпува големи хормонални промени и јас бев многу нервозна на поЧетокот и сега подобро ми е,затоа кога и да се Чувствувас изморено легни си и одмори се твојот организам сега губи многу повеке енергија од порано.
мамички поздрав и од мене јас исто да си се пожалам за мојата ситуација, до душа не повраќам ама имам страшни мачнини и нагони за повраќање али од причина што сум на работа од 8 до 6 и пол попладне се воздржувам од повраќање (морам) и си го чувам во грло иначе едино нешто што ме освежува и што можам да јадам а да не ме тера на повраќање е овошје, јадам праски и диња, толку од менито ослабена сум 2 кила а за уморот и спиењето подобро да не правам муабет. постојано сум во фаза на умор како никад до сега легнувам во 9 уморна станувам во 7 уште поуморнааааа на работа сите почнаа да ме прашуваат а бе болна да не си многу исцрпена изгледаш не не викам од жешкото ми е ќе си почекам уше некој месец па ќе им ја објавам веста па ќе им стане јасно зашто сум била поспана Jagoda123 ја и ти сме во иста недела па едино што можам да те посоветувам е да пиеш многу вода обична мали голтки али во текот на цел ден, ако можеш и цедени сокови од лимон и портокали (мене ептен ме освежуваат) по малку али постојано незнам до кога ќе трае периодов али да се надеваме дека ќе помине и ќе си дојдеме при себе од умор мислам дека и престанав да се радувам на ситуацијава, а да не пишувам низ дома како е општ хаос кој за разлика од порано ‘не занима ме‘
dobaр ден мамички јас се вратив од преглед денескја бев повторно.. мојата психа ме утепа. синока кога си ја ставив вагиналетата осетив остри болки у стомак како игли да ме боцкаат и дури вагиналетата не мозев да ја ставам како затворена да ми бееше пупата.. бев на лекар и тој ми рече дека може да се случи тоа и при однос нема ништо страшно, дека тоа е од панбика од страв,,, и јас знаев дека е од паника ама ај да одам ми објасни се како што дека нема страв од вагиналетите за плодот и дека се е во ред... ми олекна и веке нема да се плашам сите дома ги обрнав ... инаку си го видов бебушот пак си го цицаше прстето изгледа докторот рече како само се гледаше си мрдеше убавото дете на мајка.. колко си го сакам... докторот ми рече дека психата и мислите можат да наштетат на плодот бог да чува.. затоа совет да не мислиме многу и да се опуштиме..... бидете поздравенки
ете срцко се е во ред олабависе сега и уживајси и дајму на бебушко да ручка зато си го цицало прстето
добар ден еве не нас стигнавме во македонија се добро помина по пат иако имав само малце проблеми со стомачето за вц али помина и тоа. иначе сме добри со бебуш мој, ке си поминеме едно време со мама и тато мои тука и се е доброо сега за сега се надевам и натака поздрав од мене мамички се читкаме
Добар ден и од мене Деновиве подобро сум , се борам добро против маЧниниве Си јадам нормално се како и порано ,апетит си имам , многооогу вода пијам ради притисокот Малово по дома не ме остава на раат , кога сме надвор сака да ја држам во раце и да ја шетам , а не сум во состојба да ја дигам , па се убедуваме дека е голема веке и може сама да оди итн итн ВЧера со тато го галеа мешето на Мама Смешки И така сеа додека одмара Б... гледам и јас да одморам ..да соберам сила за цел ден Поздрав
не е работата страв лозје чува туку правила и почитување на истите, насвистина не сме деца за да не почитуваме, во право е ecapereca. Инаку,мене ноќеска ме стегнаа страшни болки во пределот под градите кај желудецот, но откако повратив за 10/15 минути ми помина. Се надевам дека нема место за паника во врска со бебушот? А за трчкарање во wc, да не збориме за три капки што се вели на секој саат.
Добар ден мамички. Денес ме стегнаа страшни болки во половината и како што сум паничар одма на гинеколог. За среќа се е добро со бебушот и ми даде докторот магнезиум да пијам. Синчето е супер, добро напредува и на наредна контрола сме за месец дена. Инаку да ве почастам мамички денес ми е роденден, па повелете на торта.