Со првото имав уште еден сакус и така како ќесе си стоеше додека се породив од 2 ипол мм беше а тоа баш чудно како што велиш 3 см и не е баш малку нели Да не е некој хематом или празно е кесе ?Ништо ли не ти објасни за да не си измачуваше душа и да не се плашиш ? И јас имам како цел ред миомчиња и на цервикс блиско два хематоми од 2 см и 3 см па д-димерите покажуваат високи поради тоа , а бебе си расте и се развива нормално . Мене ми кажаа дека при раѓање ќе се прочистело тоа е и ќе се следи .Следен преглед сигорно ќе ти каже докторот пак како ти е
^ Па да , и мене ме исплаши ептен посебно кога кажа 3цм.. Ама ми кажа да не се секирам, не е воопшто страшно бидејќи нема никаков контакт со детето, ниту му пречи бидејќи е скроз доле, само да се испита . Празно ќесе рече... Јас нити сум крварела нити ништо чиста крв,само исцедок кафеав, и до 3ти месец редовно користев утрогестан Имам уште чат пат кафеав исцедок, само што тој сум го имала и пред бременост. Ама ме чуди како е можно, ако сум имала уште еден сакус да не се види до сега?
Јас денес бев на контрола ехото помина добро бебушки супер ама прегледот со рака беше страшен . Уште пострашно беше што кога дојдов дома видов цела улошка и гаќи со крв и плус ми испадна цело парче како џигер околу 2-3 цм. Се слушнав со докторот што ме прегледиваше и еве ме сега сместена на пин во болница . Тука ќе си ги чекам девојките да излезат под постојан надзор . Инаку сум 36+3 со близнаци
Да ви се јавам од болница. 34+5 вчера имавво крв малце, сабајле кај матичната пулсот на бебето висок и контракции и цеевикс намален. Ме примија испив некое апче за притисок од кое треба да ми се намалат контракциите. Од тоа што видов контракциите одеа до 40-45. Во 8 одам пак на цтг. Се надевам ке биде во ред да истераме уште некое време. Уште не ми се средени чуствата.
ИВФ мајки до кога пиевте Аспирин? Мене ми рекоа преку еден ден да ги смалувам и 15 недела да прекинам. Ако има потреба понатаму со клексани ќе одело.
Ќе провериш димери и според тоа ќе видите дали треба да се продолжи со нешто. Аспиринот може и превентивно да се пие до кај 32-25 недела. Ама тоа сепак со консултација со лекар. Он ќе каже како треба.
Само мене ли не ми беше болен прегледот со рака,незнам зошто,речиси и не го осетив Јас петок сум на контрола,ако малата не се јави до тогаш @Chantal и јас во таа недела имав контракции,ми даде чепчина и се смирија,еве уште тераме.
И мене до пред два дена него ми беше болен прегледот со рака до пред два дена кога веке бебето се спуштило ниско. А какби чепчиња ти. Дадоа? Тука ми смируваат со апчиња за притисок. Дајбоже да смири.
Мајка со помин да е, синковците наши мн се брзаат да не запознаат. Стискај таму и карај го бебуш. Јас примав чепчина во дебело црево за болките, 4 инексии за зреење, утрогестан, магнезиум 1000мг + апчина што ја имаат истата функција како и чепчината.
Јас сум бремена со ИВФ, 15+3. Аспирин воопшто не пиев. Прекини го како што ти кажал докторот. Дали одиш на прегледи кај д-р што ти правеше ИВФ?
Мене ми рекоа нема потреба инекции зза, зреење во оваа недела, вечерва беше доста добро цтг -то, се надевам ке се смири и ке остане така и утре. А и психички не ја сакам атмосверава. Болница па би сакала дома. Мене ми рекоа магнезиум несмеам.
ne sum so ivf no aspirin piev do 31 nedela, sekoj mesec proveruvav d dimeri iako sekogas mi bea normalni i protokot bese super sepak ivanovski ne mi gi prekina.
Можно е да не се види ако бил под сокриен зад сакусот што е виден , ама по тоа што не е до бебето сигорно не е сакус , башка само и ќе си нагаѓаме , нели ? Само се на си биде добро и да сте живи и здрави со бебуш , па на пораѓај ќе се исчисти тоа одма по самото искачање на бебето од меше .
@duffi @jule84 @alisijad Ви благодарам за инфо. Си терам како ќе кажат, така најдобро, ама среќа на време си закажав на трансфузиологија, на 26ти сум па ќе си видам. @Mimmi39 Да си одам кај докторката што ми правеше ИВФ, сега еднаш месечно ќе одам..пред тоа почесто малку. Не ми се оди во државна да зимам конзилијарни и извештаи за боледување, позгодно ми е Систина.
@DuchessAnn да, да, така е најзгодно. Ист случај сум и јас . Веќе ми дадоа едно конзилијарно во Систина.
@DuchessAnn Од почеток на бременоста пиев аспирин плус Фраксипарин инексии. Потоа продолжив само со апчина бидејќи обилно икрварив од носот. Аспирин пиев до 30 недела