Е да заборавив ова да ти кажам. И јас носев до пред бременост 38 максимум, а трудничките 40 или 42 ги купував во ваикики. И за должините си во право. Ама јас начекав од една серија со подолги ногавици и ги изнаносев. Во секој случај не се одговара на секого. А за фустан ич не се мисли. Носи си тесен. Јас до крај на работа си носев такви тесни, со напрчено меше. Само некоја наметка одозгора си ставав. Трудничко меше е, нема зошти да го криеш.
И јас си носам секаква облека во бременост, тесно, кратко, штикли...поправена сум 15кг, се осеќам како мечка, ако не се поддотерам и нашминкам насабајле не сакам од дома да излезам. Девојки отечени ли сте во лицето. Мм вика устата како силиконска ми станала, носов бабура. На роденденот на ќерка ми носев фустан до колена, нозеве отечени ужас. Сега сум на прослава од работа за НГ и планирам истиот фустан да го носам. Ќе видиме...а чевли само од мајка ми земам моиве веќе не ме собираат. Тоа ти е
@Kitten носи си тесно фустанче и не се замарај, нека си се оцрта меше, па има ли поубаво Јас 34-та недела терам па уште носам тесни растегливи фустани, сега веќе со наметка или џемпер подолг одозгора, дека потенки се, инаку додека беше потопло без ништо. Широки фустани никогаш не сум носела, па ни сега, не е мој стил едноставно. За Ваикики, сосема се слагам дека се прекратки трудничките панталони/хеланки. Јас носам иста величина труднички како обични, S или број 36, и добри ми се во стомак и струк, ама куси, а не сум многу висока, 170 цм. Имам едни фармерки 38-ца од таму, демек поголеми го земав за покомотни да ми се и подолги, ама торба се прават после 5 мин носење и ене ги, така ми стојат. Ама затоа од H&M се што имам трудничко е врв. И хеланки, и фармерки, и кошулки, пери носи се, особено хеланките (дури и за спиење носам) Ако ти најдат да ти купат барем хеланки, супер. Јас летоска од H&M во центар на Солун се изнакупив труднички работи
@Kitten носи си, јас цело лето си носев тесно и оцртано, знаеш и на свадба во 7ми месец си се опнав во тесно Мене многу ми е убаво трудничко меше оцртано со потесна облека..
@Sexybaby86 па ти си била слабичка за висината Да влезам во S е мисловен поим за мене Нарачав од ХМ ама во моментов на сајтот немаат црни, па ѝ реков на золва ми во тој случај обични да ми купи со лабав ластик. Со нетрпение ги очекувам, сакам и туники да почнам да носам на работа. Фала на куражот што ми го дадовте Ќе одам иднава недела во потрага по фустан, ги меркам во Зара, па ќе ве известам што сум купила и дали во нешто ме собрало
@Kitten па да, слабичка бев и пред бременоста, а и сега ми кажуваат дека само стомак имам, што ме радува Поправена сум 8 кг до сега, ама се ми е во стомак што се вика, фамилијарно сме такви (среќа ваљда) Во Зара има убави фустани, последно од таму купив пред месец дена за прослава од работа, а и следен викенд на свадба сме, таман ќе ми се најде Мене па стапалата ми се отечени само, друго ништо Сите чизми и кондури ми се тесни, ќе морам за свадбава салонки да купувам поголем број, а и со помала штикла, пошто се што имам е 10 цм+. Штикли љубов ми биле отсекогаш, ги обожавам, ама сега во 8-ми не можам со високи веќе, макар ни за 2-3 саати
Јас цела бременост имам обилен исцедок,некагаш е бел,некогаш е жолт и е густ, сите брисеви ми се во ред.Едноставно кај секоја жена е различно,гинекологот мој рече дека тоа е нормално.Баш го праав како да го разликувам слузниот чеп од обичниот исцедок и ми кажа дека ке биде измешан со крв да не паничам.Ако немаш црвенило и чешање заедно со исцедокот немај гајле се е во ред.
А јас јако се изглупирав со трудничките фармерки кои си ги купив од еден обичен бутик. Ја послушав продавачката дека никој не зема таман бројче, туку барем мааалку да се покомотни, ама овие моиве се опуштија некако и лабави ми се ептен. Ги носев на поправка и ајде ми ги стеснија па ете можам да си ги носам. Јас воглавном хеланки и блузони носам, за излегување имам 2 растегливи фустани и одозгора наметка , и некоја кошула која ми се најде од претходната бременост. Арно е, има што да носам, само јакна не купив оти не можев да си погодам ни една... За трудничките од Ваикики имам слушано дека се со пократки ногавици, па би биле идеални за мене оти јас едвај 160см сум, само сега еден месец пред порагај не ми се купува, искрено и не ми треба. Отоци немам, нит во нозе, нит во фаца... Ама затоа забрзан пулс речиси секојдневно, и упорно проблемот ми го игнорираат гинеколозите. Ај, нејќам да се паничам, можеби стварно не е нешто страшно...
И јас си носам тесно. Не сакам да го кријам мешето со широка облека. Најчесто туники и фустанчиња си носам или хеланки (кои патем никогаш претходно не ги носев). Гледам само да ми е удобно и топло. Баш следната недела сме на прослава и си купив црна тесна сукња (pencil skirt), само да испланирам со што да ја носам. Отоци немам, ама на штикли не верувам дека ќе можам да издржам со оглед на болкиве во грб.
Мокрача и крв супер Брис ми зедоа за стрептокока. Резултатите четврток Закажано за сабота на прво Цтг и да се видиме со докторот што ќе ме пораѓа.. Времето се ближи, возбудата расти дека наскоро ќе го запознаам моето слатко јуначе кое многу се срами и не ни дава да го сликаме
Дали за бел "нормален'' вагинален исцедок, но постојан, ви препорачуваат матичните да ставате канестен вагиналетки или некој други слични? Иначе сум 32+3 недела. На последните брисеви не ми покажа ништо, следните ќе ги правам 35 недела.
Ne se sekiraj majka i jas sum 32 nedela imam bel normalen iscedok kako so ke vrvat nedelite do poragaj se poveke ke go ima normalno e se dodeka e bel i nema teska i neubava mirizba pozz i gali mese