Maticnive site naplakjaat. Za bris 100ka od stapce koe pritoa sam si go nosis. Eho ovaa bremenost ne pravev tamu
Kade e bez pari?Kaj maticnite?!Ni eden pregled nemav kaj maticen.A za brisevi si plativ ko so plakav i prethodno
@wannaBeMomma Нашите матични не наплаќаат, еве ни мене ни на другарки и познанички кои биле бремени. Брисевите и јас сама си ги носев, ама не платив за стапче. @stevemila За матичен зборувам. Ако си немала преглед кај матичен ќе платиш фала богу. И јас на приватно си плаќав кога одев. Впрочем и тогаш беше активна ваква дискусија. Имаше членки кои плаќаа и членки кои не плаќаа. Ама, факт е дека не смее да се наплаќа кај матичен. Баш ме интересира што ви велат кога ќе прашате зошто наплаќаат. Не е фер да користат нешто што не смеат.
Мене не ми земаше матичната за брисеви додека бев бремена, а така си зема, сега за два бриса ми зеде 100.
Sigurno nema da se raspravam za 100den.10god skapav po bolnici.Koga konecno Bog me blagoslovi nema da se zamaram so takvi gluposti.Za mene e glupost.Da se raboti za poveke pari u red ama za 100den ne mi isplakase da si pravam stres vo mojata rizicna bremenost
Кои се тие матични што не наплаќаат ? Јас само знам дека на ГАК и во Чаир не се наплаќа ништо за бремените , ама за кај матични до сега немам слушнато такво чудо
Мене матичната ми наплаќа некогаш 200некогаш 250 за ехо ако сакам сликичка од бебчето +50денари за сликата,кога ме боцкаа прогестерон носев инекција,шприц и игла и за услугата што ме боцкаат кај матична +50денари.Еднаш се случи да отидам без новченик ми беше само за да ми издаде боловање но инсистираше за да направиме ехо и ми направи и вели 200ден и кажувам дека не носам ништо со мене ми вели:во ред е ке платиш нареден пат ке помниме. Никогаш не добив фискална сметка
Нигде немам платено бидејќи сум бремена, освен кај матичниот. Првин не ми земаше пари па откако му кажав дека сум Плодност ме цепи по 300ки за брис не ми зема пари. Само за ехо е ај разбери се, шо вели стеве толку дадов па сега кога дојде на крајот на 1500ден цела бременост
И кај мене матичната не ми наплаќа, нити во оваа бременост нити во претходната пред 4години. Кога одам на приватен преглед кај друг доктор таму си плакам секако, ама кај матичниот гинеколог не сум плакала! Инаку @Kitten да се надовзрзам на твојот муабет за предвидување на полот. Уште кога кажав дека сум трудна сите одма почнаа - машко е, ајде по девојче си личи машко да си родиш, па името му го ставија, па на секој преглед ме прашуваа ,,се виде курето?,, Не ме нервираа, само смешно опседнати беа и колешките, и другарките, роднини, сите... А јас огрооомна желба да имам девојче уште едно. Кога соопштив дека е девојче искрено никој со мене не се израдува, сама си бев во мојата среќа. Сега пак замараат со муабет - морате на трето да одите, што без машко дете ли ќе се оставиш? И на таквите коментари им нема крај... плус и со сожалување гледаат на мене, демек - лелее, пак девојче, ај не се секирај третото ќе е машко... Друго што да ви кажам буцки, јас деновиве сакам да купам нешто на бебката, мислам редно е во 34 недела веќе да ме фати мерак. Од големата дада имам многу нова облека и бебешка опрема, имам и со етикети непочнати алишта, ама пак мерак ми е и за оваа бебуле да купувам... Секако ќе и земам нешто, ќе ја дотерам!
@snegulkata ме изнасмеа со муабетов Истото и мене сега ми се случува, муабети од сите- ај сега едно братче- или -ептен си се разубавела, сигурно носиш машко-а јас им викам дека истото ми го збореа и кога бев трудна со ќерка ми Колку да се зборело. А искрено знам и што би ме очекувало ако е девојче (сето тоа што го спомна дека ти се случува), ми текнува и на муабетите на @joy1
Да се пријавам во темава И мене ми дојде ред за тука Не знам како се рачунаат неделите, според апликација што си ја симнав сум 6+3. На ехото стоеше 3 дена понапред. Имаше срцева акција. Ми даде упат за трансфузиологија за крвна група и РХ фактор, ми рече ќе ме примеле без мој термин, што ми е многу чудно!? А термини нема. Цела сум изгубена и во ништо не се разбирам, заборавив да прашам од се што мислев да прашам. Следен преглед ми го закажа тој за прв скрининг(за месец и пол), а до тогаш ми рече да направам крвна слика, па се мислам дали ми е рано уште од сега, или да напраам една сега, па пред следниот преглед уште една? Што викате? Ќе напраам секако уствари, да видам како почнувам и како ќе тера крвнава слика. Никакви симптоми немам освен осетливи гради. Сите ми викаат дај Боже да истерам така. За прегледот матичната не ми наплати ништо, гледам погоре за тоа зборувате, а баш мислев ќе наплати, спремна со пари бев
Мила а мене што ми викаат : " Не се секирај четврто ќе е женско " на маж ми кутриот почна коса да му побелува од нас , а не па и четврто
@TeddyGrey добредојде женска! Многу ми е мило што невестите кои спремавме свадби во исто или приближно време сега се спремаме за принова! Ќе те примат без термин, сигурно е приоритетен упот. Мене како трудница и ред ми даваат да не чекам. Крвна слика можеш пред преглед да направиш. Јас обично непосредно пред секој преглед правам. Пресни да се резултатите. Ако не си правела оддамна направи и сега. За мирна душа. Бар кај нас возможно е кога ти текне да се боцкаш. Со лесно!!
@TeddyGrey добредојде. Јас како мајка на две моми, со трета на пат(обратно од Снеже), да искоментирам. Јас стварно не ги сфаќам коментарите од тој тип. Се обидувам да резонирам дали они на машкиот пол даваат поголемо значење, па женско е помалку вредно, дали мислат дека јас давам поголеми значење и имаат такво мислење за мене...не знам што е полошо. Освен нека е живо/здраво, мене ми е стварно сувишен секој коментар. А со она наредно вакво или такво се чекори по тенката граница на дрскост. Ако некој мисли дека е љубезност, традиција или шта ти ја знам на некој да му упатиш сожалувачки коментар или поглед за најмилото и најсаканото, не е. Јас верувам дека во моментот кога некој ќе дознае дека носи нов живот во себе тоа е најсаканото и најмилото човече на цел свет, иако нема сеуште дефинирано пол. После е сеедно. Љубовта и радоста се тука, и не би посакале ништо друго.
Да, @duffi, го приметив тоа за невестите и јас. Тебе ваљда те пуштаат прва зашто имаш стомаче... Да стаам една перничка Ќе напраам сега една крвна слика со овој упат, па таман пред преглед за 1 месец уште една. Мирна глава. Фала @danichap ... И јас сакам девојче, ко за прво Од што многу посакувам девојче, може да заклучиме дека е машко. Ќе раѓам дур не родам девојче
Пред да излезам од кај докторот, си пишува сметка (како на параграф) и ми ја дава. И јас се чудам, дури и сум прашала културно, без да кревам врева, но ете тие така работеле. Мислам дека и во многу други ординации е истиот тој принцип. Каде е твојата ординација во која не наплаќаат преглед? Одма да се префрлам