Со упат со наведена шифра за бременост не се плаќа крвна слика и урина основно испитување, се доплаќа ако сакаш уринокултура 350 денари.
Мене ми "шибна" докторката Утрогестан вагинално...Ја прашав за орално, вика не е зашто така? Сега да се стискам да не мочкам ... 2 x магнезиум на ден, и никако секс до пораѓај ми кажа Контрола на 2 недели... @Skorpija25 беше ли на преглед, шо напраи Убава ноќ мешки
Оти подобро делуват локално. Пред да ми ги прекинат и јас ги пиев, не можев повеќе да ги трпам вагинално.
@ludoto19 Бев, да. Се беше во ред со принцезата. Пресреќна сум. Димчев детално ме гледаше и рече дека нема ништо што би укажувало на некој деформитет. Бебето секако е помало за една недела, ама можеби е покасно зачнато. 1040 грама тешко. Добро е за 27ма недела. Сега само да се следи кај матичниот на секои две недели, за да видиме дали во наредниве два месеци ќе се развива со исто темпо. Фала му на Бога сѐ помина добро и џабе беа сите солзи.
А што е разликата меѓу испитување урина и уринокултура мамички? ја му спомнав на док дека насетувам како бешиката малку да ми е преладена си испитав урина ок е, мислев исто е што и уринокултура…
При класично испитување на урина истиот ден имаш резултат, и покажува ПХ вредност, дали има еритроцити, леукоцити, бактерии, и др. со + или - додека уринокултура е бактериолошки гледаат дали ќе има размножување на некоја бактерија и се чека 2-3 дена за резултат.
Баш ми е мило, знаев дека се ќе е супер Не се секирај и моето беше 5дена поназад пред два месеца, 3 минатиот па удрив на 3 овошки на ден салати јогурти манџи и ене го си дојде точно на датумот , а и мене првично ми кажаа покасно зачнато
Мене не знам дали ми е утро или ноќ хахаха не можам од соништа да спијам на раат а за вас добро утро Мене денес ме чека работа , утре пак , задутре исто пак само да сме живи и здрави па за убаво само да имаме работа , на 22 крв и мокрача ќе проверувам па на 25 втор скрининг и да купиме за бебушко се што недостасува
Девојки како се движат цените за прегледи и за водење бременост во приватниве клиники? Систина,Ремедика, Санте Плус?
Да ве поздравам мешковци Утре мерам скриен шеќер, докторката ми кажа да се преоптовариш со шеќер малку, па јас си слушам Или само си барам изговори Да се налупкам блачко Ајде бујрум кој е за Повеќе од стрвности е кај мене, не дека цели ќе ги слапам
Во Систина преглед 2 300 ден, а скрининг 4 200 ден (цени од пред 3 недели). Имај си на ум дека постојано прават корекции на цените, да не се изненадиш ако ти кажат повисока цена. Во Ремедика цените се малку (за нијанса) пониски од Систина. Абе девојче, не не ставај во искушение! Не не викај, се ќе ти изедеме и утре анализата ќе даде погрешен резултат.
Глупости. Првото мерење е на гладно, без шеќер во тебе. Второто е по оптеретување (ти даваат гликоза да пиеш).
, ми кажа 3 дена нормално да си јадам, и ден пред зимање крв да се оптоварам малку со шеќер повеќе да сум си каснела Кога закажав баш така ми потенцираа... Сега појма немам...
Кога имам испитувано на ендокринологија скриен шеќер (ама небремена) ми имаа нагласено 2-3 дена пред тест по 100гр. чоколадо на ден да јадам, беше и на ливче запишано како упатство. После тестот си тера така, на гладно боцкање, па тоа шербетот се пие па пак боцкања. Е сега може при бременост е поинаку, ама ми има логика дека исто или слично би требало. @ludoto19 Лајкувај ти ама 100гр.чоколадо у текот на денот и такви дебели парчиња сочна тешка чоколадна торта (уф уф лиги ми дојдоа) не е исто. Не претеруј. Си имам мака и јас, ми се јаде благо и тесто ќе пукнам (баш тоа што не треба), ама метформин си пијам и се боцкам со апаратче си проверувам неколку пати неделно шеќер и мора усул. Си викам што не ми дојде желба за кисело и солено у бременоста, мораше ли благо... Јебига.
@DuchessAnn Хахаха, по некој залак земав само од двете не ја претерувам Убави на окце ми дојдоа затоа две си купив да ги дегустирам по малку .. инаку ме тера и мене на благо на почеток ич не ми се јадеше ни благо, ама вака како растам осеќам потреба. Чипсови грицки воопшто не ме тера, тоа ич немам јадено у бременост, ама блачко ... Си бара душа среќа ни тестото не ме стрви многу