Јас на крајот од бременоста се искривив. Не можев да одам, плачев од болка. И јас се чудев што беше тоа, ама и после пораѓајот ме држеше.
Pa na pocetok da ama posledno vreme malce posilni bea bolkite,se naddvam ke se smirat i ke se sredi. Buscopan i progesterone i edni drugi ne mi teknuva na imeto,progesterone sekoj vecer 1,buscopan 3na den da pijam 15dena. Se molam se da mine dobro.
Мамички, кога се чувствуваат првите движења на бебушка? Како го опишувате тоа движење? Во долниот дел на стомакот (мислам дека е матката) почувствував нешто како меурчиња, 2-3 пати и престана. Дали е тоа движењето? Помислив да не се гасови, но далеку е од цревата. Инаку, 17+5 сум.
Мене матичниот ми го наплакаше секое ехо, и секој преглед. Минимум 600 ден, ехо и цтг 800, брисеви и цтг 900, маж ми отиде по дознаки за боледување и нему 300 ден и.т.н. Се работи за др. Срѓан Ѓорѓиевски од Куманово, доста познат лекар ама крајно безобразен во последно време.Не сакав среде бременост да менувам лекар па одев до крај кај него ама моја нога таму више не стапнува. Последниве 2 месеци одам еднаш неделно во Ремедика, платив само 6000 ден првиот пат како припрема за породување и тие ке бидат одбиени од цената на породувањето а за другите прегледи (ехо и цтг) не ми наплакаат ништо.
8ми месец сум незнам дали ми е од хормониве ама во текот на бременоста многу депресии ме фаќаат... само на плачење ми иди си мислам оти никој не ме сфаќа а како се приближува 9ти месец неможам ни да заспијам од што мислам како ќе поминам на пораѓај премногу се плашам..
Во иста фаза сум и јас .... само некои мисли безвезе ми идат во главава ...како што ќе биде, и јас сум 8 ми месец да не е до тоа нешто ахахаххааха На пример вчера се утепав од плачење без никаква причина.. еве незнам
Мора да бидам искрена и ќе ви кажам неколку работи без намера да ве плашам. До хормоните ви е и тоа ќе продолжи и после породувањето со зголемен интензитет за жал. Не верувам дека во овој форум постои некој кој повеќе од мене се плашеше од породување опседната бев со тоа ама помина. Тоа е еден ден и било како да се породите ќе помине веднаш битно ќе ви е бебето а на вас нема ни да помислите. Моја препорака до вас и до сите мешковци е да се наоружате со челични нерви и тон трпение за доењето по доаѓањето дома од болница. Додека се навикните еден на друг е мачно и многу тешко а хормоните лудуваат. Додека бебето и вие се научите да цицате градите болат страшно (јас пломба си пукнав од таа болка). Уживајте во бременоста нема поубав период од животот , господ е со вас и се ќе заврши најдобро. Само опуштено и позитивно
И јас така осеќав од 15та недела, ама не бев сигурна како вибрации, згрчување, и до ден денес ги осеќам истите движења некогаш, така да сигурна сум сега дека тоа било тоа Инаку за хормоните и мене ме полудуваат, 10 минути ми е жешко се потам ко пекол 10 минути ладно, не знам што сама со себе сабајле чим станам рацете не можам да ги превиткам ме болат прстите, стапалата ме болат како 5 саата да сум трчала, има ли друга такви симптоми се мислам од отоците ќе е. Вчера прв пат и колострум ми протече, бистра бела течност, некако негативно на психа ме акна Па дури си поплакав и јас, абе хормоништа. Некако се ситни времето и нормално е да се плашиме за се што следи , т.е пораѓај, мене па повеќе ме плаши после него периодот на прилагодување и привикнување
Јас во бременост не плачев ама од ко се породив ме стигна и баш за глупости, од нигде никаде.Баш додека фативме ред дома со цицање и приспособување една на друга.
Јас сум 8 ма недела и од сеа се плашам за породување, цела тема исчитав, видеа гледав, башка и сонувам Друго се осеќам депресивно оти се чуствувам дека сите ме гледаат како фурна. Сето тоа внимание и зборење за прегледи што треба и што не треба во бременост страшно ми оди на нерви. Мислам сакам да правам нормален мубет не сум заборавила како изгледа тоа. За бременоста си збориме и се радуваме јас и маж ми, не мора сите де. Иначе на работа не сум кажала се уште, не дека се плашам туку се осеќам нормално барем таму.
Некогаш се прашувам сама себе како му е на мм. Сигурно сум напорна последниве години. Сепак мислам дека првите две бремености немав некоја посебна мака, сега, третава, сум поосетлива и пипава . Инаку вчера ја видов момата. Карлично поставена, главата директно под желудник. Пладнето бев и да проверам тироидата, за среќа брзо завршив работа. Се надевам петок ќе ми кажат резултати, да знам дали сеуште со еуторикс 75 или ново дозирање. Стадард болки во карлица и укочувања. Ама појасот, масажите и топлата бања помагаат колку толку. Туку мака си имам со грчевите во мускулите. Се будат по неколку пати во текот на ноќта со страшни болки и грчеви во долните мускулите од нзоете. Пијам веќе 2 пати по 400 мг магнезиум и не помага. Ај, да не биде бетер. Убав ден мешиња.
Трета бременост веќе практикувам топла бања и многу ми помага. Знам дека не смее многу жешка, предизвикува контракции... Но со оглед на тоа дека обично се бањав/туширав со премногу жешка, сега само намалив и добро ми годи. Точно степени на жалост не знам...
@danichap За грчевите исто ем пијам цела недела по 2 магнезиума, предходно почнав да пијам по 1 со надеж ќе ги снема, ама ете сабајлето у сон се тегнам и одма ме фаќаат страшни грчеви при истегнување Ништо од магнезиумов значи, ќе си ги трпиме Инаку за ова топла вода што викаш контракции, дали има улога и ако се бањаш со многу жешка вода Јас имам таква навика се бањам со многууу толла вода... дали би влијаело тоа?
Ме утеши сега .. сите истото го кажуваат дека после порајѓај уште потешко е.. ама тоа е тоа мора да го издржиме и тој период инаку како ќе знаеме дека сме мајки
Теоријата вика така, дека жешка вода предизвикувала контракции. Јас практикувам топла бања, преѕподтавувам потопла од општите препораки.. но мене ми годи. Но не би можела да препорачам на друг оти не знам како би реагирал. Јас еве немам мака. А за грчевите... ќе си трпиме.