Мене стомакот ми се потспушти Забележав пошто веќе не ме боли желудник после две залчиња и можам да јадам ко човек, а и конечно можам да дишам, го немам веќе чувството ко да не можам воздух да земам. И киселините исто магично исчезнаа, за ова сум најсреќна полесно не ми било, буквално ко да не сум трудна се осеќам Плус, сите со кои се видов деновиве ми кажаа дека ми се спуштил, ама баш сите што ме видоа приметија Докторката лабава, вика ништо не е тоа, можеш со недели така да тераш, плус и сосема малку бил спуштен. Се упрпав малку дека веќе крајот се наѕира, ама и возбудена сум дека за некоја недела ќе се гушкаме со моето девојче 35+2 сум, после Божиќ ситно ќе се брои
И мене откако ми падна меше немам киселини раат спијам. А за клоци за нив не се жалам иако си добивам по цел ден. Си игра посебно со секој орган Ама пак откако падна меше мора некој да ми помогни за да станам хахахаха
И јас две недели бев раат од тие киселини кога ми се спушти стомакот, ама се вратија и тоа повеќе се будам ноќе на два саати се надевам ке ги снема скрос кога ќе се породам.
Maticni kletki?!?! Ke zemate?!?! Koja firma?! Koja e najpovolna I so cena?! Barav tema vakva nema..mozebi treba da se otvori...
Добро вечер мамици Се испоразболев стручно и колективно со ќерка ми. Со неа по лекари, јас по лекари...четири дена неможам глава да дигнам, се баталив и заборавив себе си, ни тотхема ни витамини се имам напиено. И еве денес кулминираше настинкава, очиве на пола копје ми се. А толку убаво ми почна викендот... Во четвртокот дознавме дека желбата ќе ни се исполни, дека малава ќе има сестричка Докторот уште на заебанција ми вика: овој незнае да направи машко (за маж ми, стоеше позади него), а маж ми мууува не го лази, задоволен дека ќе биде женско Во петокот ги викнавме баби и дедовци и прадедото да ги израдуваме, и направив една америчка финта за соопштување пол. Спојлер: Тортата Бабите воодушевени, на раб на солзи, дедовците пак не толку еуфорични Баш ми е гајле!
@Sexybaby86 готова си. Доаѓа новогодишниот подарок. Туку кај мене меше не се ни крена. Си остана ниско. Вака лаички мерејки имам една педа простор. Е болниот желудник не ме одмина, ама добро е, се трпи. Е сега ако тек му текне да се качува горе, ама се надевам не. Пред некој ден на туширање забележав колострум. Па ме удри фино реалноста во глава. Претходно не. Мислев некој друг ќе ми го роди.
Tuka sme, mene mi e 05.03.2018 Sekako nema do togas da teram, Dr mislam ke ceka 34-35 nedela I ke me secne
Јас мислам дека нема шанси да терам до 40 недела, убедена сум дека порано ќе се породам, не знам зошто. Чувство едноставно. Мм ми вика јас не знам што одиш на прегледи, и така све знаеш, породи си се дома сама кога ќе сакаш и готово @duffi и мене никогаш не ми беше висок стомакот, цела бременост гледајќи други трудници имав впечаток дека ми е ниско, ама сега сфаќам што значи ниско кога седам во скут ми е Ма што сака и кога сака нека биде, ич не се плашам. Баш што вика @Kitten ко друг да треба да се пораѓа, не јас. Ама никогаш ниедна жена не останала непородена, така да не му ја мислам премногу Повеќе се грижам за тоа што следува после, како ќе се снајдам и слично, тука веќе се препотувам при помислата, особено околу доењето, ама ќе биде и тоа, си се тешам никој не се родил учен.
@Sexybaby86 тоа кукла го вика, јас богами овој пат свесна сум и што и како и од каде Колку е поубаво кога ништо не ти е познато
Оф, сум те тагнала по грешка @Kitten , извини. Труднички мозок, шо да праам, толку е Арно ти вика @duffi , ќути си и остај не да си правиме филмови дека е лесно ко песна Туку само јас ли немам колострум? Гледам сите во одредена фаза имаат, некои повеќе, некои помалку, ама кај мене ништо не протекло воопшто, а еве ме 35+. Знам дека не мора кај сите, ама се филмам, дека мајка ми ич немала млеко ни со мене, ни со брат ми, па да не е и кај мене тој случај
нешто како прозирна течност, белузликаво, прво мајчино млеко. Море поарно и да немаш @Sexybaby86 Мене се капки сега ми прави, а јас немам намера и не носам прслуци си се штедам се уште. И ме иритира, нелагодно ми е кога ќе го насетам дека капе. А и шо вика @duffi баш реалноста ме удри со тоа шо протече и мене ко неа. И некако негативно ми е чувството, така го доживувам А за породување пред време, и мене се така ми е увртено у главата, дека нема да стигнам до 40та се си бикам ај дај боже бар до 38ма да догурам, ама се мислам психа е тоа, од шо негативно мислиме. И глеаш заглави до 41 малата И се заарни внатре, па У февруари да ти дојде
Помина 12h, веќе полна 36та, не ми се верува колку споро ми одеше времето на почеток на бременост, а како брзо оди сега. Ситно се брои, а некако уште си викам има време