Добро утро од мене! Утрински штама на темава! Се трудам да не заспијам пак, очите ми паѓаат, а со планови сум да пеглам бебешка облека, да чистам, да доперам тоа што остана неиспрано... едноставно подготовките за бебето се започнати. Веќе и облеката за од болница ја купив, уште да ја исперам! И убаво се осеќам што наближувам до моментот кога ќе се гушкаме со бебката, нестрплива сум да ја видам и помирисам... Од друга страна пак на моменти се фаќам како паничам и се плашам дали воопшто ќе знам да се организирам со двете деца по дома. Ќе морам да знам, или ќе научам! Убав ви ден на сите! Галете ги мешињата!
Dobro utro i od mene, jas deneska za Skopjeto na nefrologija pritisokot varira li varira ke vidime sto ke kazat deneska aman veke aj so lesno denot...
Немав ни јас колострум во текот на бременоста, па имам млекце сега. Без гајле - само ќе ставаш бебе да цица и стимулира и млекце ќе има.
Од пролив завршив на инфузии и ос инфузијата ми се качи притисокот бидејќи нњ течеше баш бавно. Докторот ми вика не сум била навикнара бидејќи имам низок ама премногу се исплашив дуеи и напад на паника добив. Сега ми е страб пак да не ми се качи и да немам висок притисок до крај. Инаку сум 31 недела
@ludoto19 ќути жити се, мм така ме зафркава дека за инает ќе се заседи малава внатре и во фебруари ќе излегла Ама нема бе, си знам јас, све знам Него жени, вие што веќе имате деца (па и вие што немате) да ве прашам нешто. Ми треба препорака за инхалатор и стерилизатор, уште тоа ми остана, планирам попосле да одам да купам. Гледав стерилизатор на Авент Филипс, ама не знам дали чини, а вака фин ми се виде. Инхалатор сакам некој и за бебе, ама и за јас и мм да можеме да го користиме. Препораки се добредојдени (може и лп). Исто, сакав да прашам што мислите за појас за после пораѓај? Вие што имате веќе родено, носевте ли, има ли ефект или и обичен мидер ќе ми заврши работа? И од кога најрано може да се носи?
Стерилизатор не купувај, може и надевај се дека нема да ти треба Полесно од вадење цицка кога и да сака бебето, нема! Инхалатор имам еден од Зегин (ако сакаш малце подоцна ќе ти пишам модел), задоволна сум, има мала маска за деца и голема за возрасни. За појас немам искуство но мене мидер ми заврши работа, матичниот препорача веднаш после пораѓај да си го носам за побрзо да се врати матката. Така и беше, немав никаков проблем.
Обиди се да се смириш. Во спротивно правиш полошо. Го вознемируваш и бебето. Мисли позитивно. Ништо нема да се случи. Во краен случај нема да си ни прва ни последна со терапија за притисок во бременост. Ама не верувам да дојдеш до тоа. Се случило поради моменталната состајба. Стабилизирај се и мисли позитивно, под надзор си. @Sexybaby86 за стелизатор не знам, не ми е во план да земам. Не ми е во план стерилизирање. Ќе видиме понатаму , здравје. За инхалатор имаш различни брендови. Цените се од 2500 нагоре. Гледај само да биде со две маски голема и мала. Сите работат на ист принцип. Разгледи во Зегин имаш повеќе. Треба да проверам каков е на моите , не се сеќавам која марка е. Ги служи сигурно 5-6год.
@Kitten фала за советите Стерилизатор сакав за цуцлите да земам, сакам (т.е. се надевам) да воведам цуцла уште одма, па затоа мислев, да не ги вријам. Секако планирам да дојам, туку си викам може ќе се измолзувам и од шише ќе давам, па да си имам. А не се евтини, тој на Авент беше над 4.000. Затоа реков да прашам. Ќе почекам со стерилизатор ако не, да не избрзувам. Инхалатор ќе земам секако, тоа одамна сакав уште и за нас со мм, и гледав баш еден таков ко што ми опиша ти исто во Зегин. Не памтам што марка беше, негде околу 2.500 чинеше, ама само тој го имам видено, па викам да прашам да не има нешто друго за кое не знам A за мидерот и јас некако мислам дека ќе заврши работа, доволно стега и тоа, така да и од купување појас ќе се спасам. Фала уште еднаш
Во врска со стерилизаторот, мое а и искуство на многу мајки: за цуцли не ти треба, доволно е под топла вода плакнење само, ќе ги извриеш еднаш неделно. Бебе мора да се навикнува на домашни бактерии. Втора работа, доени бебиња тешко "фаќаат" шише, си сакаат цицка, или ако фатат има шанси да се одбие од цицање, полесно им е шмукањето преку шише. Затоа, не плескај пари веднаш, ако навистина затреба откако ќе се роди, ќе земете.
Мене и првото ми фати цуце и второво и во право си, само под жешка вода од чешма е доволно, ептен ако падне па ја мијам и со сјај и убаво со врела вода ја плакнам.. А за полесно дека им е од шише не е баш така доколку цуцлата е 0+, баш напротив е потешко зашто мнооогу тешко се влече од тоа мало дупче... но може да се навикне на силиконот, па да не ја сака кожата...
Јас си купив стерилизатор на авент за од старт и нр жалам. Се ставам внатре. Ептен е брз - за 6 минути завршува стерилизацијата. Едно од најкористените "бебешки тракатанци" ми е. Да вријам цуцли/шишиња не ми паѓа на памет, премивање низ бојлерска вода не ми е сугурно за бебе, така да ова е супер опција.
Кукла на секое паднато цуцле ти ќе го буташ у стерилизатор? Дај не зезај. И што де ќе им биде од бојлерска вода? Како си сакате мајки, јас ви кажувам што е практично, башка што бебе не треба да го "тренираме" на све да биде стерилно, од после ќе имате мака.
Ние денес бевме на контрола. Кај друг доктор, бебето одговара за недели ама килажа не ми кажа. Цтг покажува контакции до 50.. Ништо страшно, од вчера имам како водичка. Прашав ми рече чепот е бидејќи имам и секрет кога жолт густ кога проѕирен бел. Како и да е за брзо ќе се гушкаме.. Во период кога сите треба да се радуваме за нов живот.. Почина таткоми :'( душава ме боли што не дочека да си го запознае внучето.. Пробувам да сум силна ради бебево колку што можам Многу било тешко. Се извинувам ако растревожив некое меше ама сакав да се истишам малце. Ве гушкам
Јас искрено не мислев дека се толку скапи стерилизаторите, ама кога видов цена викам да прашам. И од моја околина мислењата се исто поделени, ама гледам дека повеќе ги користат мајки што даваат ад, тие што дојат не толку. Јас сакав да купам од старт, за секој случај да си имам, и тоа баш тој на Авент го бендисав, ама прескап е за нешто што не знам дали ќе го користам, така да решив ќе почекам. Ќе беше фино да можев да позајмам, ама немам таква опција. @Bebulleee жал ми е Знам колку е тешко, и јас татко ми го изгубив лани, ама мораш да бидеш силна за малото. Набрзо ќе те погледнат едни очиња полни со живот и ќе те гушнат мали рачиња Ќе биде подобро, верувај Со лесно само