Па реално се ставам. Стерилизаторот има 2 дела и го ставам тој само за ситни делчиња што е. Ништо не ме кошта 6 мин да почекам. Бојлерска вода е стоена вода и не би со неа да мијам на новороденче.
@Bebulleee нема утеха за таквата загуба Жал ми е. Прими сочувство. Големината на контракции 50 не покажува воопшто ништо. Покажува ако се константни и се појавуват на одредени временски интервали. Контракции со висина 50 можат да се појават и кога бебе мрда - ама како една, единечна фатена на Цтг машина. Ама и ако тече водичка, почести контроли.
Ќе следиме цтг на 2-3дена.. Зошто имам и менструални болки, болки во половина повремено скаменување на меше
@Bebulleee прими сoчуствo бебулке. Имaш aнгел нa небoтo кoј секoгaш ќе е сo тебе. Бебуш се спремa дa те гушни
А со каква вода бањаш? Јас пред да го родам првото совет добив, никако немој често и се да стерилизираш од мајка која за првото се стерилизирала, па до ден денес е многу болежливо и лежено едно 10 пати во Козле имаат. А за второто не стерилизирала и појако, поимуно е детето... Како си сакате секако, добро е сепак да си споделиме искуства
Мене не ми е во план да стерилизирам уопште. Тоа сега во теорија, во пракса тек ќе видиме како ќе биде. Топла вода од протечниот бојлер и тоа. Миење шишенца во машина еднаш на еден. Па ќе видиме.
Замена на стерлизатор имам слушнато зовриена вода со сода и лимон. Искрено не истражував многу, ми се допадна идеата и некако чисто и природно ми звучи.
Сo четкa зa шишињa мијaм сo сјaј зa сaдoви oбичен. Акo пaдни нaземјa пoд чешмa ќе гo пoдзaмијaм. Нaвечер пред дa си легнaм ги вријaм шишињaтa и тoлку. Нa aд ми пишувa вo стерилнo шише oбрoк дa сум прaвелa. Немa грешкa
Бањање и ставање во уста не е исто, нели? Ни за возрасни не се препорачува конзумирање таква вода за припрема на чај/кафе, не па за прцле мало. Имунитетот на детето нема ништо со тоа дали ќе стерилизираш или не. Стерилизација не е чување под "стаклено ѕвоно". @Momichka стерилизаторот работи на пареа. Поарно тоа, него траги од сода и лимон на шишиња/цуцли. На крај на ден, секој за себе си знае и за своето дете. Јас сподекув мое видување на @Sexybaby86.
Па јас не давам да пие од таа вода.. и јас не ја пијам. Измиено со жешка, исушено што може да биде? Го бањаш и во секоја поричка ке влезе водата, па и низ лице поминува таа вода, ке ја лижне, ке голтне. Тек кога ке сака да си игра, се шлапа во водата... тогаш тек колку ке голтне. Тоа реков и јас секој знае за себе, но споделуваме искуства за да разгледаат идните мајки
@Bebulleee сочувство за татко ти, чувај снага за тоа што доаѓа Мааааалку само Имунитетот има врска со сѐ. Како ќе го одгледуваме, такво ќе ни биде А баш се насмеав со тоа што го кажа @mariz за бањањето, ми текна мојава кога веќе седеше самостојно во кадичка се прскаше па уште со отворена уста чекаше да "улови" вода да се напие Најубаво да бидеме умерени. Знам дека никого не кошта 6 минути да го чека стерилизаторот, но кошта тоа што ќе ти го олесни џебчето за 5000 или колку и да кошта. Реална потреба од него имаат оние со бебиња што се на Ад исклучиво. Од млеко мора да се измие/изврие или стерилизира, за друг тип на бактерии се работи.
Ок. Ко што кажав, секој со своето убедување. Има многу други начини да се намали/зголеми имунитетот. По таа логика, сите што не стерилизираат се/ќе бидат здрави ко дрен.