Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Секоја мајка сака најдобро за своето дете,како мислите дека е во ред и исправно така да се правите,но Марфи пак замешал прсти и праксата вели вака:во моја близина имам едно богато семејство и се тресат на детево ептен и тоа е болежливо,а другава фамилија е без многу финансии да му пружат поздраво е од него.Е сега оди па види(мислењево е општо не е наменето за никоја членка).Така да малку дискутабилно
     
    На ❤️Sneze❤️, jule84 и mariz им се допаѓа ова.
  2. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, ве молам ако може да ми кажете што се документи ми требаат во социјално за да се рефундираат парите за клексан. Ме почастија 1 месец да ги примам. Преместете го прашањево ако треба во друга тема. Ви благодарам
     
  3. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.449
    Пол:
    Женски
    @Bebulleee ме расплака...прими сочувство не е воопшто лесно нема ни збор ни утеха за најблизок но тој од небото ќе ве чува...
    Со лесничко да ми ти е :* :hug:
     
    На tamarce.j му/ѝ се допаѓа ова.
  4. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    @Bebulleee прими сочуство.
    Биди силна и колку што можеш повеќе обиди се да се насочиш кон новиот живот со кој наскоро ќе се запознаеш и ќе се гушкате.
    Те гушкам
     
    На Bebulleee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.764
    Пол:
    Женски
    Кукле и јас бев иста се ставав во стерилизатор и не мислам дека правев погрешно, во смисол како не развил имунитет па се е болен, токму спротивното, башка што пиеше ад па мораше стерилно шише, до година дена буквално се стерилизирав, е сега веке е голем па ако му падне цуцла со врела вода ја попарувам само и толку, ама додека беше мал не доагаше во предвид да падне цуцла на земја, во кола па да му ја дадам, искрено и мене кога ми пага нешто на земја го мијам убаво :) А, и сега знам еднаш неделно да ги стерилизирам сите цуцли и шишиња што ги има.
    Мислам дека стерилизаторот ми е најискористеното нешто од се што сум купила и за кое не сум жалела пари :)
     
    На Sexybaby86 и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. Bizbiz

    Bizbiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички :)
    Јас бројам ситно, само уште 4 дена до термин....имам 2-3 дена блага/тапа менструална болка-значи во долниот дел на стомакот, не како контракции туку нон стоп, од друга страна бебето сеуште го осеќам кај желудникот доста високо, а имам и повремено згрчувања во пределот на пупакот.
    Бев на цтг вчера и докторот не ме ни виде на ехо :^) само го виде листот и кажа рано е :^)
    Си мислам во секој момент дека ќе се породам....а не знам што да очекувам прво дете ми е.
    Можат ли искусните да споделат искуства од последните денови пред пораѓај... дали имам причина за грижа, и што е нормално? :)
    Благодарам однапред :)
     
    На girl-miri, Sexybaby86, Chantal и 8 други им се допаѓа ова.
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    И мене ми е денес и утре терминот за породување ама бебето си седи мирно. Веке скоро 2 недели имам секакви болки освен породилни,ме болат и мускули и половина и јајници како тапи менструални болки, страшни болки имам во карлицата едвај станувам, киселини, а бебето си е баш активно, си клоца, цел стомак ми шета од една на друга страна, се изобличува. Чекаме...
     
    На @Verba, Sexybaby86, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Искрено двете ги родив без да знам точен ден , знаев дека сум блиско до раѓање , ама не знаев кога точно се беше само во еден ден , брзо и лесно , не можев да предпоставувам дека имав грчење на стомак од 7-ми месец исто и како гурање/притискање дека и двете ми беа од 27 недела со главче надоле се така до пораѓај :)
    Не се секирај , кога ќе дојде денот ,долго очекуваниот сама ќе препознаеш и те како :D
    Само да пројдеш брзо и лесно :hug: :*
     
    На Coco31, duffi, Bizbiz и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Naturel

    Naturel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    494
    Од десна страна во долниот дел од стомакот ми се појави кила (хернија) а сум 7ми месец од бременост, некој има вакво или слично искуство ?
     
  10. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    22.259
    Пол:
    Женски
    Јас сум 38ма откако влегов во деветти имам менструални болки и грчење на стомак.. Па како и да е кога ќе решат бебушки да идат тогаш. Битни нема промарш за тие болки
     
    На Sexybaby86, Chantal, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    23.291
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на одделение да примам инекција бидејќи сум нулта негативна крвна група. Леле луѓе, се препотив дур дојде сестра да ме боцне, температура кренав, притисок качив. Како ќе раѓам. :worried: :worried: :D
    Дури вчера страв ме фати.
    А не дека ми е нешто премногу страв. Кај мене повеќе до психа е. :D
     
    На Sexybaby86, kukla21, Bebulleee и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Јас имам хернија над папок околу 10 см ми е внатрешно не е испакната , само малку се познава , за втор пораѓај не ми правеше проблем еве и трети пат останав бремена немам проблем ,се надевам дека и на пораѓај исто нема проблем да има ..
    На препони нема за пораѓај да имаш проблем , ама ќе мора да ја одстраниш кога ќе се стабилизираш по пораѓај , секако дека не одма , ама за некој месец ќе мораш , за да не ти се грчат нозете ако порасне поголема :)
     
  13. Naturel

    Naturel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    494
    Морам да појдам утре кај гинеколог и ако има потреба кај хирург да ме прати за мислење. Ми е страв да не имам проблеп при природен пораѓај, ама утре ќе слушниме мислење од гинекологот. Најверојатно ќе ми отвори боледување моја претпоставка затоа што работата ми е на нозе .
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Да , за тоа си во право мораш да одмараш , за пораѓај не верувам дека би имало проблем ама на работа секако не е паметно повеќе да стоиш ..
     
    На Naturel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Naturel

    Naturel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    494
    фала ти многу се исплашив некако кај ме најде :(
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се плашиш , и јас се плашам што веќе втора бременост терам со хернија , во втора бременост ми беше мала околу 4-5 см а сега е 10 см па неколку месеци по пораѓај ќе морам да ја одстранам :)
     
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.279
    Пол:
    Женски
    Ќе те следат само на цтг па кога ќе покаже таму контракции на ехо тек тогаш. Нормални се овие болки шо ги опишуваш, благи менструални и константни, стегање кај папокот, како укочување на кичмата... Може да доживееш сценарио
    1. Ти пука водењак и одма одиш на болница
    2. Забележиш крвав исцедок - мукозниот чеп е тоа и за ден - два ќе почне породувањето
    Ако биде така, дента кога ќе имаш мали контракции ќе бидеш два - три прста отворена и веќе ќе почувствуваш дека се тоа породилните болки :)
    Биди подготвена но сталожена и очекувај најубав поклон за ноца година :hug:

    А тебе @Bebulleee моја, ти си една од најјсилните и најхрабри млади жени, за своите малку години имаш претргано повеќе од некој за три животи. Ахх мила, од пишаното не се бега ;( Тежок, претежок е животот. Боли, ќе боли секогаш. И нека таа болка ти биде набргу поднамалена со љубовта на твоето бебуле. Чувај сила за твоето долгочекано бебуле и тетка бубале ќе вд гушка и двајцата наскоро :hug: :hug: :hug:
    Ова - :muscle: - тоа си ти во моите очи!!!
    Убавино, карпа од чупе си ти!
     
    На pile30, @Verba, girl-miri и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Naturel

    Naturel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    494
    Со лесно ти посакувам и со бременоста и со отстранувањето понатаму :hug:
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Исто и јас на тебе мила:* ние сме жени ,а жените се нај силни :muscle: па затоа и некогаш не е се подмачкано ..
    Те :hug:
     
    На girl-miri и Naturel им се допаѓа ова.
  20. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    23.291
    Пол:
    Женски
    Се заборавив да пишам погоре. Многу сум нервозна женски и многу ми се плаче. Нема ден да не ме изнервира нешто, па дури и ситници. Сѐ ме нервира. Ми се чини луѓево околу мене некогаш немаат осет дека сум бремена и дека со некои постапки/зборови ме нервираат.
    А се плашам дека му штетам на бебево.
    Досега мирна си бев, што ме најде сега. :D