И јас истите резултати ги чекам, на преглед бев на 10ти декември а резултати ќе ми кажат на наредниот преглед на 2ри јануари,и јас од ум се вадам и само на тоа мислам, мала утеха ми беше на ехото мерењето на вратот беше во ред е сега уште резултати од крв чекам. Последниве неколку дена ама многу ме боли долниот дел на стомакот, значи не по цел ден ама одвреме на време ми се јавуваат болки и траат по неколку минути, ако полежам ми поминуваат и после пак, болките се како менструални но многу по јаки. Се плашам Оти минатата бременост баш со такви болки ми се случи и спонтаниот, тогаш траеше само еден ден и почнав да крварам истиот ден и бев само 10 недела, сега трае по долго нема крварење и сум скоро16 недела. Друг проблем што ми се појави е во градите односно левата брадавица (навистина незнам како е стручното име на тој дел од градата пупки, грепки, брадавици многу глупаво ми звучи но незнам како поинаку да се изразам за да ме разберете) значи и тука од време на време имам толку страшни болки дури и ми се плаче, осеќам како со игла внатрешно нешто да ме боцка ама навистина умирам од болка а трае по неколку секунди и многу често се случува, а баш пред 2 недели ми ги прегледуваше докторката и градите и се беше во ред. Ама мене секогаш ми се случува до преглед сум се супер идам дома и се почнува да боли. Искуства, мислења што ќе ми кажите?
Зошто толку долго чекаш за резултати? Јас една недела па се чудам како ќе ја издржам.... За грчевите во стомакот и градата, стварно не знам. Знам само дека ми препишаа магнезиум со б комплекс ми рекоа дека го даваат во второ тромесечие за грчеви, едно да пијам ако немам проблеми до две на ден. Па ваљда тоа значи дека е нормално.
@joan само ќе си викаш дека се ќе биде во ред. Знам дека чекањето убива, ама јас цело време така си се убедував. Кога ги земавме резултатите и видовме дека се е во ред се расплакав. Стресот си го направи своето. Битно се да биде во ред.
Мешиња пошто нема да бидам во можност да се уклучам денојве предвреме Ви ја честитам новата година ви посакувам се што не сте имале во 2017 да имате во 2018 здрави прави бебчиња да родиме и само радости да чекаме.. нека новава ни донесе повеќе здравје мир па и пари и сите желби да ни се исполнат... Им посакувам на тие што чекаат две цртички побрзо да ги добијат а на тие што веќе имаат со лесно да поминат.. Среќна Нова година и СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ..
сега прочитав. 33 недела 3 кг. сигурно бебе тежи. но ако болката трае, консултирај се со лекар и повеќе мирувај.
Нормално е што се грижиш. И јас бев таква, не можев да спијам ноќе, а преку ден, денот година. Кога ми се јави докторката да ми ги соопшти резултатите, целата се тресев. Се беше добро, а најдоброто беше дознавањето на полот. Мојата интуиција беше погрешна.
2 недели зема од лабораторија да ги пратат резултатите кај докторката, и после зависи кога има слободен термин кај незе, и така јас си чекам скоро месец за резултатите. Магнезиум си земам на своја рака а б комплекс не. Ќе си почекам до вторник.
Мамички, ве молам за мислење: Дали да купам труднички панталони со поголем број или со бројчето коешто си го носам?
Jas i vo dvete vremenosti brojce sto momentalno go nosam. Kje ti oagjaat ako se pogolemi nema raat da vidis Hahahaa oti ma?
Јас си купив точни да ми се. Е сега, нормално зависи и од моделот и материјалот. Едните беа ептен тесни без ликра и тие ги носев на почеток до кај 5ти месец (36ка), другите исто 36 и уште си ги носам. Едни купив 38 и на моменти ми се смкнуваат. Ама па вршат повеќе работа за кога сакам да се чувствувам полабаво. Да напоменам јас за фармерки зборам, на боледување бев и немав потреба од многу гардероба.