Ајде Уник аирлија нека е, со лесно. Ич не му се секирај, и одма да излезе ќе ја пораснеш после Лелел и јас едвај чекам да влеземе во 9ти , да не му ја мислам за ништо веќе. Уште точно 5недели и 1ден не делат до таму, верувам дека ќе ги издржиме. Па потоа како фото финиш ќе шетам низ град да докупам што ќе остане, на раат , без да му се мислам многу
Еве ме повторно феминки, со едно прашање.. Вечерва треба да идам на контрола на ехо па ми интересира дали некој знае дали во 9 недела може да се види како мрда бебенцто или повторно ке биде само срцева акција? Зашто имам читано дека веќе би требало да прави мали спонтани движенја, па ми интересира ако некоја знае, дали ке ја имам таа можност?
Леле од утрово ме боли заб..кога погледнав во огледало видов гнојна кеса,ми е страв да не ми отече забот.Не смеам нисто да се напијам,помагајте мамички,што да ставам,сто да се напијам?!
Здраво на ситеее! Имам едно прашање ако има некој искуство, молам да ми одговори - треба да одам на приска 2 и 4 д скрининг (не отидов на приска 1 зашто немаше слободни термини, па веднаш го закажав вториов).. дали за приската пациентката треба да биде гладна или не мора? и каде точно се наоѓа ГаК во Скопје? - во склоп на државна болница е?
Ако добро памтам, мислам дека не се гледаше баш така јасно движење. Пукни го гнојот да истече и обавезно појди на стоматолог, не смееш да имаш таков гноен процес сега, не дај Боже може да направи поголеми проблеми. Се тоа преку крв се одразува. Обавезно на лекар да ти исчистат, забен камен, и џебови(ли како се правилно), да не ти настане повторно . Зошто обично гнојното кесе се празни но пак се полни. Ќе ти кажат точно и кои апчиња да ги земеш, ќе дренираат..., Приската се прави преку крв, но мислам дека нема врска дали си јаден или не(јави се повторно и препрашај) Инаку ГАК се наоѓа во Државна, од главниот влез првата зграда од лево што е, зелената.
Приската се прави преку крв, но мислам дека нема врска дали си јаден или не(јави се повторно и препрашај) Инаку ГАК се наоѓа во Државна, од главниот влез првата зграда од лево што е, зелената.[/quote] Да, да.. знам дека се прави преку крв, затоа и прашував дали треба гладна или не Ти благодарам за информациите, во секој случај! позззз..
Ако добро памтам, мислам дека не се гледаше баш така јасно движење. Ти благодарам meU, но ништо за денес не работат ке морам да почекам до Понеделник. Инаку не сум во Македонија, во муслиманска земја сум каде што го слават празникот, а ординацијата во која одам е приватна па си поврзале Ке мораме да почекаме.. А до тогаш ке се дружам со вас, бидејки по цел ден сум дома и сама, мм е на работа и еве овие неколку дена како ве читам се чувствувам дека имам друштво Поздравче и се читкаме пак
Здраво мешиња. Се надевам сите сте добри на жештиниве. Инаку јас и официјално да ви кажам не издржав и си појдов пак на доктор за мојата мака под ребрата и ми открија дека ова моево бебушче ми има извршено семејно насилство уште во мешево. Најверојатно ме има така убаво клоцнато што сега црниот дроб ми е отечен и затоа болките ми се поинтензивни. Сакаше докторот да ми препише некој си апчиња ама не фала. Ќе си трпам и ќе си го чекам бебушчо здрав и жив.
macence85 ти значи имаш прав багабонт во тебе ај да ти е жив и здрав, ама и ти здрава да останеш до крај
Приска е испитување за Даунов синдром се испитува крвта и се мери Нухалниот набор на детето тоа е на вратот на бебенцето, не е точен метод за одредување на Дауновиот синдром тоа е само можносна да се јави овој синдром кај детето и се испитува во соодноси во зависнот од воздраста на пациентката, дали е пушач, дали има ментално болни во фамилијата и други параметри.Ако е голема шансата да се јави овој сидром се зема примерок од плодовата вода е тоа е веќе 100% сигурно и се вика аминоцинтеза.Првата приска се прави од 11-13 нед. Јас овој Понеделник ќе одам во ГАК за да ми ја испитаат крвта,а Нухалниот набор ќе ми го мери матичниот оти во ГАК имало гужва за ехо до 12 Септември, а тогаш на мене ми мине терминот за Приската.Поздрав мамички
Ако добро сфатив од податоци низ нет, изгледа се работи за Приска во прво, второ и трето тромесечие. Инаку се базира на испитување на три хормона кои ги има во телото на мајката, па колку тие демек може да предизвикаат штета врз бебето.
Јас приска не правев, докторот ми рече дека нема потреба бидејќи сум била млада а и нема такви случаеви кај нас , ни кај мене ни кај мм ... а инаку знам дека аминоцинтезата е страшна и може да предизвика спонтан абортус зошто нели за да ти земат плодова вода те боцкаат во стомакот и може да се погоди плодот, ама недајбоже да дојде до аминоцинтеза
ај да ви посакам доброутро, ич не ми се спие, од 6 сум станата, а и па нема шо да се прајт, понекогаш си мислам дека денот ми трае по 100 саати
Добро утро и од мене...Леле и јас неможам да спијам...Синоќа заспав во 5 ипол, сабајлево во 8 на нозе. Незнам што ќе се прави . А и некои болки имам во стомаков, а и малава немирна, а плус изгледа и некој стомачен вирус ме фати,па проливи, повраќање......ХОРОР,како исцеден лимон сум
и мене незнам што ми е , се осекам пренаспана, а сношти во 2-3 некаде си легнав и во 6 бев наспана леле и мене така пред некоја нок, цел стомак ми се грчеше од јајниците до градите, мислев дека ке пукнам, и ме фати и мене пролив, лошење ама за срека само нокта траеше а и јас осекам по некоја болка во долниот дел кај јајниците... се мислам денес шо да си прамвам цел ден???