Добро утро мешенца/мамички Јас сум денес конечно убаво наспана...секој ден нешто ми фали кога ќе станам, ама сабајлево освен мм во кревет да го видам за добро утро др.не фалеше. Бебушко си се јавува по неколку пати на ден, ама се доле го осеќам мрдањето. Нели треба да се повисочко бебињава сега? А за тоалет идење да не зборам, почнав и ноќе да станувам.
Тоа можеби зависи како ти е свртено. Можеби е со нозете надоле. Мене уште сега ми е завртено со главата надоле и можам да препознаам што е бокс, што е клоца. Инаку за тоалет, почекај уште недела дена па по 3-4 пати ќе стануваш ноќе како мене. Ама ај се се трпи за бебушките.
Девојки, мене од мачнините, гадењето и повраќањето ми попушти психата. Најискрено веќе ми се плаче. Докторот ми препиша Реглан сируп, а јас цело време го избегнував бидејќи во упатсвото пишува дека не е препорачлив за бремени жени! Се прашувам зошто тогаш мојот матичен гинеколог ми го препиша? Ме интересираат искуства? Дали некоја трудница го има пиено овој сируп? Делува ли? Како сте задоволни? Ахх веќе полудев, почнав да се плашам дека на инфузија ќе завршам, ете натаму сум тргнала. Немам сили од кревет да станам.
Зошто не пробаш со цеден лимон и портокал? Мене само тоа ми помагаше. Или со двопек. Неколку гриза, па одмори па после пак за да го навикнеш желудникот. Имај си секогаш двопек покрај тебе и наутро кога ќе се разбудиш, првин неколку гриза па потоа станувај. Некои викаат помагаат и грицки, ама мене повеќе ми се лошеше од нив.
Ах Јагода , јас не би го пиела сирупот ! Немам искуство со него , ама чим не е препорачлив за бремени ич не го ни пиј ! Јади си повеке овошје , цедени сокови пиј ... одмарај повеке . Мене еве деновиве добро ми е , мачнини немам , ама осекам глад преку цел ден иако јадам доволно , дури и се будам од сон ... од што сум гладна ! Инаку нешто што ми треба во моментов е повеке спиење , навеЧер чим легнува малово се тупнувам и јас во кревет , ми треба сон ...а тоа што и до ден денес се буди по два пати ми го руши сонот ! ама се тешам за најмногу 4 год ке се има ред и на тоа и ке се наспијам и јас као Човек !
И јас пробав со соленки и ги повратив и нив! Не повраќам само од храна, туку и од миризби. Многу ми е лошо, многу! Ќе пробам и со двопек иако веќе изгубив надеж. Сирупов срце не ми дава да го пијам после она што го прочитав во упатсвото!
Јагода и јас не би го пиела сирупот, а гинекологот чим ти го пишал или не е многу стручен или не се замара многу, како може да препише таков сируп кога тој е многу јак ! Јас со резевра би ги земала неговите мислења после ова, лимон немој да пиеш па тебе желудникот ти е надразнет и уште лимон му фали пробај како што ти рекоа двопек, геврече, али јас сметам доколку ова ти трае долго време да си побараш лекарска помош ама не од твојов гинеколог , повракањето ти ја цеди сета течност што ја имаш во себе, пред се за тебе не е добро а ни за бебето и една инфузија нема да е на одмет, ке бидеш како нова после тоа ајде види како ке ти е денес ако не е подобро утре правец на лекар
Јагода мене искрено само јогурт ме спасува , и со секое јадење јогурт ! Многу ме освежува , и со првото додека бев бремена спас од маЧнини Јогурт ! Еве и сеа со малово јадевме ориз со јогурт ! Може досадна сум со ова ама може и па ке ти помигне !
Имаше едни за шмукање, Рупурут мислам се викаа, тие знам дека не се штетни, не ни стои во опис дека не се препорачливи за трудници ми се чини, е сега дали сеуште ги има не знам, ама знам дека порано трудници ги зимале како единствен лек против киселини. Втора варијанта ви се лешници, бадеми непечени, неодамна прочитав и за оризот како лек, односно да проголташ неколку зрна жив ориз и тоа ќе ти ја собере цела киселина. Инаку најдобра превентива од киселини ви е да намалите на благото, тоа ствара многу киселини во бременоста според истражувањата
Ви благодарам за одговорите девојки! Ќе пробам со јогурт и со двопек. Пеперутката е во право за лимонот, на ваков надразнет желудник не знам колку е паметно да се напијам цеден лимон. Ете уште со ова ќе се обидам, ако и ова не помага ќе ја барам докторката кај која приватно одам на гинеколог. Не сакам да и пречам бидејќи е на одмор, ама ако немам друг избор ќе ја барам. Имајте убав ден девојки и пуштете ми ја среќата, ваква никаква од 16h треба да одам на испит!
^^^Јаготке јас го прашав гинекологот за киселини и ми рече дека можам да земам Рупурут бидејќи не е штетен за трудници...
http://najadise.mk/zdravje/zdrava-ishrana/koj-e-lekot-za-kiselini-vo-zeludnik Мајки сум се потрудила и сум ви нашла докази Кај мене делувало иако не се работело за киселини како вашите, сепак пробајте, не е на одмет, бар е природно
Јагода само ладно млеко неколку голтки или неколку зрна сусам...ама млекото мислам дека одма ке ти помогне,еве само што се напив и јас,имам многу и јас киселини и верувај одма ми се смирија ..се надевам ќе ти помогне и тебе
јагода душо мила јас би те советувала да си го пиеш сирупут.. сигурно докторот знае повеќе од мене и од тебе и од сите други.. и на моите вагиналети пишуваше не е преппорачливо да се стават кај бремени па докторот ме убеди.. тие бремени шо пијат лекарства како се тие... мојата другарка пиеше амоксиклав додека беше бремена.. ето читаме овде дека има трудници шо пиеле и еритромицин...во сите упатства пише дека не е препорачливо за бремени.. ама ако е штетно лекарите сигурно нема да ги дадат да ги примаме лекарствата... сепак опш лекар ти го препиша сирупот или гинеколог.....???
Мојот матичен гинеколог ми го препиша! Ама кај мене не поминува тоа без да го прочитам упаството, а таму убаво си пишува дека не е препорачливо во бременоста! Затоа и ми беа потребни искуства од трудници за сирупов. Врти - сучи, веројатно ќе треба да бидам јака и да ја пребродам фазава како знам и умеам. Ќе пробам сега со двопек, со млеко, со јогурт, ориз, се што ми рекоа девојките погоре. Ако нема подобрување ќе ја побарам другата докторка, нејзе и се имав пожалено и ми рече да пијам Б6 3Х1 ама не помага ни тоа. Јас само ги бројам деновите и неделите и едвај чекам да го поминам третиот месец, се надевам дека тогаш ќе ми заврши оваа фаза, па ќе можам вистински да си уживам во бременоста. Утре сум пак на контрола кај матичниот, па ќе го видам топчево на ехо и се ќе ми помине.... ... до задутре.
А зошто одиш пак на контрола? Јас незнам кога да закажам сега кога ќе одам дома Уф што сум нервозна што нема да биде моево со мене кога прв пат ќе одам на ехо. 50% се радувам, 50% се плашам што ќе ми каже докторката, многу ми е страв од спонтаниот што го имав лани
Совет од мене по долго време назад да ви видам вас трудници, за киселини мој совет бидејќи ги имав особено навечер пред легнување 5 зрна жив ориз и како нови ќе сте. А за повраќањето излегувајте почесто на свеж воздух, проветрувајте дома, контролирајте го со исхраната. Со лес на сите и да си уживате во секоја ден од бременоста. Знам ви се брза да се гушкате со буцињата ама верувајте кога ќе го правите тоа од време на време ќе ви фали се околу бременоста.
Одам пак на контрола кај матичниот (по втор пат) а поминаа 4 недели од првиот преглед. Пред недела дена бев на приватно за да го видам бебушко, зошто при првиот преглед не се виде ништо, а не можев да чекам до утре. Бидејќи одам на две места, затоа и ќе излезе дека одам на контрола на секои 2-3 недели. Ехото најмногу ми одговара каде што одам на приватно, а се останато кај матичниот бидејќи е со сини картончиња. Ти полека, не се секирај и не мисли на тоа што се случило. Се ќе биде во ред, сега кога ќе си закажеш контрола ќе го видиш и слушнеш срценцето и ќе ги тргнеш од глава сите лоши мисли. Јас од тој преглед мислам дека сум преродена. Со тоа тропкање и со таа слика од бебушко се будам и заспивам!
Знам колку е убаво чувството кога ќе видиш како чука срценце во тебе Преубаво и Боженствено чувство. Само го молам Бога овој пат да биде се' како треба, па кога ќе се вратиме овде да си одиме и со тато да си го видиме бебенцето наше Ти инаку каде одиш на приватно? Задоволна си? Јас одам кај МАМА