Труднички ајде едно прасање...кога сте чувствувале тапи болки во стомакот ,пред да дознаете дека сте бремени, дали тие болки биле постојани или ви се јавувале на моменти? и дали сите сте имале имплантациско крварење? поздрав до сите и имајте лесна бременост
Мене тие болки ми се јавуваа повремено, претежно навечер. И сеуште имам така по малку, пред некој ден знаеше и да ме штрецне како струја или како игла. Имплатациско крварење немав. Ајде, со душа чекам да забремениш, па да си разменуваме искуства околу бременоста, ехото, па здравје Боже после и околу бебињата Поздравче и до тебе
добро утро мешковции како сте мии ние со бебушот мој работноо денеска од 6 сабајле порано не можевме сега си каснуваме геврече синока си легнавме гладни па сега да си каснеме..... јас почнувам да имам проблеми со непцата како што ми стои.. левиот умник ми се има дуено од порано а сега повторно сака внатре жлебината ми е набабрена и на горната вилица непцето ми е поддуено како воспалено.. уф ај ке пишам таму у таа тема кај забите па споделете искуство таму поозз и убав ден
Lori-30 јас почнав да осеќам тапи болки баш периодот кога требаше да добијам со тоа што траеа постојано и онака не беа баш болки туку како тежина осеќав во долниот дел од стомакот, осетив разлика од менструалните пошто кај мене се вообичаено во кичмата и онака како со игла некој да те боцка , овој пат беше поразлично и одма ми стана сумљиво значи баш како тежина осеќав е така можам да опишам, а имплантациско крварење немав
Добро утро на сите! I'm back назад, да не немавте доволно галама последниве две недели. Се ввртивме од одморче, помин неверојатен, црна сум ко оние од Сенегал и Јамајка што продаваа дрнгалашки на плажа а од под чадор не мрднав, одморени и уморени, од утре на работа. Буцка е официјално веќе 100% буцка, вчера си ја видовме дунда и пол е, мрдаме, клоцаме, икаме, се по список. Докторката викаше пола кило ѕвер, дека не седна мадро би една минута. Викам нема на кого да личи, за грев... Почнавме малку по малку да спремаме, наредниве 2 месеца јас ќе бидам турбо, па затоа со време си бираме се. Поздравче на сите, па се читкаме!
Lori-30 Јас имав грчеви во јајниците (како за добивање) повремени и најчесто навечер. Градите ме болеа 10 дена (што беше вообичаен симптом за добивање кај мене) а грчевите почнаа 3-4 дена пред датата за добивање. Немав имплантациско крварење! Те советувам со симптоми воопшто да не се оптеретуваш, бидејќи секој организам е различен, а симптомите ни малку не се разликуваат од оние за добивање. Јас се додека не почна да ми доцни менструацијата бев убедена дека ќе добијам, се укажуваше на тоа. Дури 2-3 дена по датата за добивање забележав дека кожата ми е поинаква, сјајна и мазна. Тоа е единствениот симптом кој ме подзамисли, направив тест и излезе позитивен. Што поскоро и кај тебе да биде, а вакви и слични оптеретувања не ти се потребни, верувај ми. Што помалку се оптеретуваш и мислиш толку полесно и побрзо до бебенце ќе стигнеш! Ти ја пуштам среќата и очекувам што поскоро да ни соопштиш радосна вест! ecapereca Јас приватно одам во Деметра Медикал - искрено презадоволна сум.
со душа чекам да дојде 14 часот да се мајнам од оваа работа... и така некако не ми се седи. ми се гади повраќав сабајле и уште ми се повраќа.... си порачив јадење па ако повраќаме да има што... инаку слатки маки се..... ама јас не се жалам само си коментирам многу ми е досадноооооооооо пс. ги завршив вагиналетите ама уште имам бело прање. како помочена сум...
јас кога останав трудна со синчето не осетив баш ништо , немаше ниту имплатационо крварење, а тапи болки почувствував дури по една недела откако го направив тестот за бременост, дотогаш ништо ама баш ништо
Девојки, ајде ваше мислење. Мене градите почнаа да ме болат и да ми бидат осетливи, тешки уште 7 дена пред да треба да добијам, кога норално не добив затоа што сум бремена. Таа болка гледам вчера и денес ја нема. Само малку ми се осетливи брадавиците, друго ништо. Е наместо тоа денес, прв пат ми се згади и повратив. Прашањето ми е, нормално ли е вака да престанат да ме болат градите преку ноќ? Во рана бременост сум. Ако рачунаме од последна менструација, тоа е некаде неполни 6 недели.
Мила не се грижи. Ќе те болат, па нема да те болат на периоди. Некогаш ќе осеќаш болка во јајниците, како за добивање, па во кичмата. Се е тоа нормално. Туку јас сакам да прашам еве неколку дена како пијам магнезиум во прашок и последниве 2 дена многу ми се лоши и ме боли желудникот. Можно ли е тоа да е од магнезиумот.
Мила не се грижи. Ќе те болат, па нема да те болат на периоди. Некогаш ќе осеќаш болка во јајниците, како за добивање, па во кичмата. Се е тоа нормално. Туку јас сакам да прашам еве неколку дена како пијам магнезиум во прашок и последниве 2 дена многу ми се лоши и ме боли желудникот. Можно ли е тоа да е од магнезиумот. Јас ијам магнезиум, ама таблети. И да ти кажам до сега само еднаш ме болеше желудникот. Ама па, на почетокот, кога почнав да ги пијам, имав киселини. Е сега дали беше тоа од нив или не, да ти кажам искрено и јас не знам.
Регланот е сируп за спречување на нагони на повраќање, ти како и да е нема д аго пиеш долг период но имаш индикации за да мораш да го пиеш, претпоставувам дека по 1 супена лажица на ден треба да пиеш така да не се секирај, не е опасно.напротив мн.кје ти помогне.тој се препорачува во комбинација со Б6 заедно и за проблеми при патување односно патувачка болест.исто реагирав кога ми рекоа и мене да го пијам и мн.добро ми објасни др.дека регланот НЕМОЖЕ да наштети на плодот.желудникот никогасх не го оставај празен за дополнително да не ти се ириртира,индиски оревчиња, солени стапчиња и бадеми во секое време имај до тебе и а осетиш нагон веднаш изеди нешто.сега се лачи дополнително мн.киселина и несмее на празно да врти.
Engaged по препорака на гинекологот ли пиеш магнезиум? Јас бев два пати кај матичниот, еве денеска му спомнав дека фолната ми е при крај, ми рече да ја пијам до крај на 3 месец + Витамн Ц и Б-комплекс. За магнезиум не ми спомна ништо, а сум 8 недела.
Матичниот ми рече дека магнезиумот се давал кај втора бременост или доколку имаш болки. Јас до сега немав болки и последниот пат кога отидов бидејќи ме сечеше половината, тогаш ми ги даде.
Да Јаготче, по негова препорака пијам фолна, магнезиум, и Утрогестан 200, нив ги ставам вагинално, 2x1.