Јас почнав да се мачкам од 13 недела. Прво со хип путерот од кога го потрошив почнав со еуцерин маслото за стрии
Па бев ама не бешпе можно да ми ја направат бебето напредно во мерките и едноставно апаратот неможеше да си ја обави задачата како да с еизразам...во државна,,,
Мене ми беше шубе да не направам и Приска. Еден доктор вика не е релевантно, друг вика поелно е...не ми се оставаше така, дури бев спремна ако навистина нема термини, да си платам приватно. После сфатив дека ме било со термини. Денес бев во искушение да купам труднички гаќи, ама пак 180 за пар? Вие какви носите а да не ве стегаат, од каде купувате? Оваа бременост све ме стега брејјј
Јас купувам од стружанка памучни на тетекс.. има и на една друга фирма на м буква почнуваше ама горе стега малку и не се удобни ко.на тетекс ама и овие се 160ден еден пар не се ефтини хех
Posledno kupiv od HM najgolem broj obicni gaki, malku potesni pozadi, niski epten. Maka ne vidov Znaci u princip kakvi i da nosis samo pogolemi. Za prvata bremenost dobiv 3 para od womens secret. Ziva katastrofa, okrutea, se stesnija..uzas
Значи сепак ќе давам пари Неможам обични и ниски, овие веќе ме стегаат одма под стомакот. Во првата бременост ни јас немав мака, си носев обични и гаќи, хулахопки, хеланки... Сега све ново
Јас на одмор по грешка земав 10 пара l/xl и сега почнав да ги носам . Јас имам проблем со прслук, се ме стега од сара и пенти не најдов, не знам за лиска ама соленки се таму, на друго место каде?
И јас истите гаќи си ги носам од претходно, ептен сега на крај некои почнаа да ме стегаат, ама ниски ми се сите што ги имам, така да не е страшно. Купив едни труднички од Сара фешн, тие од 180 ден, еднаш ги исправ и облеков и се скинаа па ги фрлив. Квалитет никаков, и плус неудобни ми беа дека до мишка Кај труднички панталони/хеланки, маица, па уште и гаќава... За прслуци и јас си имам мака, само еден ме собира (зборам за класичен прслук), го купив 3 броја поголем Си носам инаку оние бралети што ги викаат, имам неколку, и два градника за доење од Лиска што скоро ги земав. Чекам да се породам и вратам во нормала со телово па да купам нови прслуци, ова дома што имам ќе треба 90% да фрлам изгледа
Си купувам или од Сара фешн или од зелено пазарче , ама нај искрено до сега нај убави ми се погодија од пазарче . Цело зимо со капут ќе изгурам јакните не ми се закопчуваат кај меше плетени фустанчиња си купив да си имам за зимово со хулахопка и чизмички нај удобно ми е исто и од бутик Ева ми се погодија дебелите труднички панталони ни малку не ми се смкнуваат битно за цело зимо се снабдив . Денес 25+1 недели колку брзо лета време треба да почнат озбилни подготовки дека јас како на шала си сфаќам се па така и ова уште немогуче ми изгледа Си прошетав сабајлево па си купив хеланка/панталона и ме мрзеше да ги пробувам тамо па дома кога да видам бутовите не ми ги збира ни газот а нај лошо е што не може да се вратат па така ќе ги чувам за одкако ќе се породам ... Лична карта си земав денес готова беше , а каква сум не сакате да знаете Исцедок лигав имам ужасно многу ама немам ни чешање ни ништо па така страв ме фаќа на моменти Ајде убав ден мешенца
има на тезгите на битпазар баш онака удобни и поголеми, јас бапски си ги викам 3 за 100, убав памук, не стегаат, големи се, такви се носев и сега носам оти стомачево никако да го ослабам со цветчиња ситни бели се напред
Девојки за приската.. 12 та нед сум, на гак нема термин, таа во авицена 3800 ден иста ли е со на гак па таму да ја напраам? Извинете, не се разбирам мн мн
Закажи скрининг на друго место, па со мерките ќе одиш кај матичниот а од кај матичниот директ Гак. Термините се поврзани со скрининзите, а не со тоа едно боцкање. @Sexybaby86 добо е што некој бар има искуство со тие трудничките, баш за нив пишав, не ми се даваат 180 за пара штом се и неквалитетни одма отпаѓаат како опција. По се изгледа ќе одам на битпазар да ги барам бапските на @alisijad @Sexybaby86 викаш да се породиш да се вратиш во нормала, а тек кога ќе се породиш што те чека со градите... Една поголема, друга издишана ко балонче, а за да не се познава не си во состојба да облечеш пуш ап Јас барем бев фешти. Најголемата мака ми беше со доењето. А немав ни соодветна гардероба за доење, па зимото преку ноќ кога ќе заспиев со бебето на цицка, обавезно кичма и стомак ми мрзнеа.
@Kitten мене скринигот ми е закажан сега на 24ти кај Димчев, ама ама таа сестрата моја вика нема никако термин сега за сега, како ќе има за некој ден термин? Мн сум нервозна за ништо немаат термини..