Ако те менуваат само за породилно, тоа значи дека ќе бидат вработени на определено. Друга работа, ако работиш со клиенти имај на ум дека тие веќе се навикнати на твојот ритам и нема да биде лесно да се навикнат на нов, па кога ќе се вратиш со душа ќе те чекаат. Трета работа, обучи ги најдобро што можеш затоа што кога ќе се вратиш (срам или не) истиот тој што си го одбрала ќе треба да те врати назад во колосек. Нема потреба од страв дека некој тебе ќе те надмине, дај боже да те надмине, ќе си имаш редовна замена кога ќе одиш на одмор или (скраја да е) на боледување. Немај страв, само уживај во тоа што те чека.
Imav poveke smrtni slucaevi vo nekolku dena I sym mnogu voznemirena, taka bev yplasena za kako sto ke bide sega I ova me.snajde
Diazepam mozes slobodno. Doktorkata mi rece deka mozam od 5mg. Ama jas se napiv 2x2mg za pogrebot. I toa bese samo ednas. I den pres da se porodam se napiv isto eden od 2mg radi pritisokot. Najdobro e da se konsultiras so ginekolog ako ti treba da se napies povekje od ednas
Женски дали користевте денови кога загадувањето на воздухот беше поголемо како што е деновиве? Ќе користите ли? Еве има вест дека треба да бидеме ослободени, па се мислам утре дали да се јавам во служба зашто ако сама не кажам/прашам, на никој нема да му текне да ми каже
Добро вечер феминки сакам да прашам дали некоја имала сличен проблем. Денеска бев да ми се извади живецот со пола анестезија. Ама дека се гадам и лошо реагирам на лекови,анестезии и хидрогенот каналот на грлото ми е разранет. Исто као ментол да ми стои на каналот,што не испив да ми се смири ама ништо што да правам? И се извинувам за текстов
Легни на лева или десна страна полу исправена и шмукај Гастрогард би требало да ти помогне или евентуално прашај гинеколог да ти препише Ранитал тие одма смируваат јас ги пиев 14 дена секое сабајле во 21 недела дека ми беше тогаш "мрзлив" желудникот и сега си пијам одма штом осетам така како жарење , Гастрогард не ми помагаат.
Мешиња дибро сончево утро ! Мајчина книшка дали имате , дали гинекологот ве советува за исхрана ,зголемување на килажа,што да правите што не?
Да, имам, со сите бремености. Кога се утврди бременоста и после крвните аналзии и брисеви обавија краток разговор на овие теми. Да не пијам алхохол, умерено кафе/кока кола и слични кофеински напитоци, делот со пушење бидејќи не сум пушач не навлеговме во таа тематика. Во однос на исхрана, ми забранија термички необработена храна(сурово месо како сланини, чадено месо, суши...)храна со термички необработени јајца(сладоледи, тирамису, било какво конзумирање на живи јајца), кашкавали и општо млечни производи само од пастеризирано млеко. Во однос на килажата, кога имав фази на повраќање, ми беше кажано дека детето зема од резервите. Исхрана умерена и балансирана. Не е крај света да се проба и џанк фуд, во стил чоколадо и чипс, но да се има предвид што се внесуваме и соодветно да се надокнадуваат потребните дневни дози. Да се одбегнуваат сендвичари или ресторани со самопослужѕвање каде храната стои на отворено. Отприлика тоа...
Мене ништо, ниту книшка ми е отворена , еднаш кажав дека повраќам кратко ми рекоа дека е нормално, за исхрана ништо, еднаш прашав колку треба да се здебелам ми одговори докторот “што ќе ти е тоа да се дебелееш , јади си што ти се јаде”. На два прегледи одам и во систина и кај матичниот и имам чувство дека ниту еден не ме гледа како пто треба . А и двајцата ми се од претходно познати , мислев барем заради тоа ке ми обрнат внимание.
Да еве трет пат ги користам и одлука на Влада е. Трудници се заштитени со закон на работа и има посебни услови во време на бременост ( не смееш прекувремено, не смееш долго со стоење, работа со фотокопир). Додека траат мерките дома на прочистувач. А и да го немаш прочистувач от доволно е што не си излегла на гомново од воздух надвор.
Фала @Delgadina Баш се радувам, би ме спасило од акањето по автобуси, да се одморам троа @kostarika изгледа кај нас немаат пракса да водат мајчина книшка, мојата првата остана празна, овој пат не сум ни добила. Мада јас мислам дека е важна за кога ќе отидеш во болница да раѓаш, веднаш сестрите и докторите да ја видат цела историја на бременоста. Не секоја жена знае да ги објасни усно состојбите кои ги имала во бременоста, за "не дај боже" ситуации.
Не, ниту книшка ниту конкретни совети за храна. Се ми било дозволено, само да внимавам на благо и тестенини. Такви одговори добивав од сите доктори кога прашував за исхрана. Изгледа се во право .
Минатиот пат користев 1 ден, денес дојдов не знаев дека има мерки и се двоумам дали да си одам Ќе ти треба лекарска потврда за бременоста и тоа е тоа, проверувај на сајтот за животна средина оти ги укинуваат од ден за ден.
Матичниот гинеколог ми отвори мајчина книшка во 16 недела, но не добив никакви совети. Совети добив и добивам од гинекологот во Систина.
За советите на некои доктори не знам што да кажам... Темава веќе сме ја дискутирале а и информации на овие тематики постојат и на нет, секако не на квази портали, туку вистински медицински журнали и артикли, па може да се прочита. При конзумирање на непреработена храна постои опасност од таксоплазмоза(оние што чуваат мачиња треба да се внимателни), листерија, салмонела итн. Телото на трудница поинаку реагира, посебно кога станува збор за нова инфекција. Возрасен човек може воопшто да не е свесен дека има/имал таксоплазмоза, но кај трудница една нова инфекција мора веднаш да се третира. Не, не смее се, бидејќи за 1 на xxxx може да биде фатално.