да мила ние двете се гониме хихих ако само нека си напредуваат бебушките кај и да си и ти ќе дојдеш п.с ај доброутро ние пак уше сабајле сабајле со бебушот на работа станати сме од 5.30 времево е некако свежо па некако загушливо да не знаеш шо да облечеш ама на пладне ко ќе пукне жегата шо да правиме арно е ппоздрааав
Добро утро женски! Како сте ми на ова спарново времиште? Јас сум жива вода уште од сабајле, ми иде да се пикнам во вода и да си седам така ко жаба. Кога може буцка, зошто јас да не можам?! Нејзе убаво и е кај мама, терморегулатор. Мене кој да ме олади?! Уште од сабајле ме прифатиле будалите. Сега сум цело време надвор на работа, и вчера најсериозно мислев дека ќе се струполам на земја од жешината и сонцето. Одвратно беше, денес се надевам дека нема така да биде. Мора да се адаптирам, затоа што бегање нема. Буцка си е шампион, и тоа во некоја тешка категорија на бокс или 'рвање, синоќа со тато се бореа, он ми мачка крем против стрии, таа му ја брка раката. Блесаво дете уште неродено, иста ко мајка и. Незнам за вашите бебушки, ама мојава многу реагира на татко и. Ако и прозбори од поблиску се шекнува, одма мрда. Само него го клоца, било кој друг ако стави рака мирна, бубаче. Ќерка татина уште од одма, он ќе вежбал кикички како да и врзувал, мисли со коса до газ ќе се роди... Си има причина зошто се вика блажена состојба!
добро утро мамиЧки како сте денес? ние вЧера се видовме со бебуска после месец и несто,ги броев деновите но се исплати си го видов на 4д и ми потврдија дека е девојЧе,знаЧи мозам да поЧнам да купувам ми дадоа и слики и сега цело време до мене се не се разделувам од нив поздрав до сите имајте си убав ден
само шо видов кај доктор органџиски дека 4д ултразвук е 3000 ден. а ултразвучен скрининг со морфологија во бременост е исто 3000.... овие две работи не се исти нели..????
Добро утро.. Ми најдоа скриен шеќер. Ај на здравје. Криво ми е дека не сум се опуштила да јадам многу, и кај не јадам уште тоа малку што го каснувам морам да го пазам Ајде уште малку е до крајот.
ајде при крај си ти толку си изгурала сега на крајот ќе помине брзо ќе си се гушкаш со беблакот.. нормално си сака и внимание на храната
Добро утро и од нас. Како станавме не престанавме да мрдаме. А уште кафе се немам напиено. Јас да ви се пофоалам од кога залади можам да спијам претежно поголемиот дел од ноќта (претходно се будев и под туш па на тараса за да можам да спијам). Сега дури и сабајле малце подолго си поспивам. Откако престанав да одам на раб, се одморив. Ветрушка имаше некои симптоми на шеќер? Ај ситно броиш. Ќе биде
здраво феминки ние сме добри синоќ си го сонував бебуш во стомачето беше убавко мое тоа баш интересно ми беше кога беше во стомаче иначе се е добро со нас,се одмараме тука и почнавме убаво да јадеме,се надевам дека кога ке се вратам ита нема да сменам бидејки ми фалеа нашите јадења AJDE POZZ
Немав никакви ама буквално никакви симптоми. Само докторката за време на ехо примети дека има малку повеќе плодова вода и тоа ја асоцираше на шеќер, па ме прати да проверам.
Добро утро и од мене. Јас фала богу сум добра и тоа мали грчеви што имам е минимална работа, но сепак си мирувам...ама и ова мирувањево е досадна работа
Седи мирна таму земи пушти некој филм грицкај нешто и уживај во бременоста. Цел живот ке си растрчана после
Фала ти срце што прашуваш за мене. Ама не сум добро... не ми се виде бебето, само задебелен ендометрум, бебе нигде нема Докторката вика толку задебелен ендометрум со сигурност е бременост, ама каде е плодот? Не е јасно зошто не се појавува. Ме прати да проверам колкава ми е вредноста на бета хЦГ, ми искочи над 3000. Се чуди дека на толкава вредност веќе би требало да се види. Вика дека можеби сум покасно останата бремена, па затоа уште не се гледа. Од сабајлето имав на тоалетната маку кафенко, како конче развлечено, па кога бев на ехо вагинално имаше останато малку крв. Внатре немаше ништо знак за крварење. Одам пак во понеделник здравје. Се ми е измешано во глава, насекирана сум и разочарана и исплашена, хаос Минатиот пат на 5 недели и 4 дена се виде плодот, на 6 недели и 5 дена се виде срцева акција, а сега на 7 недели и 3 дена не се гледа плод, само доста задебелен ендометрум Оф Боже Господе, што е работава
зошто не побараш и друго мислење... докторката шо ти рече.. зошто не се гледа плодот..немој да се секираш полошо ке си направиш со секирациите и со мислите... почекај ке се види бебушот немој да паничиш сигурно е срамежливо бебето па се крие некаде во тебе
не се секирај бебето е тука и кај мене се виде дури во 8 недела. јас морав 3 пати на контрола да одам додека го видовме бебушко,исто така се нервирав како тебе бадиала
ecapereca, без стрес женска, размислувај позитивно дека можеш да му штетиш кога се нервираш. А ти под итно најди бр. од некоја приватна ординација кажи што е проблемот и уште утре нека ти закажат преглед. Не чекај...