На приватно одам, со најсовремена апаратура. Ќе видиме во понеделник, па сега како Господ рекол така, што можам Се надевам дека ќе ми се појави бебенцето мое. Се обидувам да не мислам, да не паничам, да сум мирна и сталожена.
Ецапереца задебелен ендометриум укажува на бременост, а таа крв што си ја видела веројатно е од прегледот. Немој да се грижиш непотребно! Издржи до понеделник (знам дека е тешко) но во понеделник 100% сум сигурна дека ќе се појави бебушка на ехо. Сега не ти се потребни стресови, МОРАШ да најдеш начин малку да се опуштиш и релаксираш! Ако не беше нешто во ред, докторот сигурно ќе ти кажеше! Изгледа подоцна си зачнала, па рано е да се види. И кај мене ништо не се гледаше на првиот преглед, на вториот (7 недели и 6 дена) се појави бебушка. Ќе се појави и кај тебе во понеделник, воопшто немој да се грижиш!
Добро утроооо како сте ми,гледам сабајлечки ве нема,уште спиете или сите со свои обврски? Ние добро сме со бебушка,баш убаво си спиевме,синоќа малку бевме излезени на воздух и многу ни пријаше времето,свежичко беше. Денеска сме втора смена на работа а вечер пак малку во кафана да се развеселиме Поздрав имајте убав ден
Мене ми се појави и црвенко на тоалетната кога ќе се избришам. И се јавив на докторката, ми рече да ставам утрогестан, преска ставив едно. Или да трчам негде да ми стават инекција
мила немој да се грижиш слушај ги советите од лекарите и лежи колку што можеш.. само немој да се нервираш и паничиш
ecapereca, не паничи зошто со тоа допринесуваш лошо....прави како што ти рекла докторката и смири се. друго не ти преостанува.
дојдовме ние со бебушко мој на работа втора смена и некако ни е глупаво колешката ништо не направила робата мене ја оставила дури ни гјубрето не си го фрлила абеее ..... ај ке си каснеме нешто благичко сега да ни дојде убавко на душата да не развесели.. поззззз ps. сега дојде една мајка купи некои грицки за девојчето кое е 2 години и се жали дека пиела многу млеко се чудела како да ја одвикне да не пие млеко цццццц нека ти текне малку дека на тоа дете му треба млеко.....и не е само тоа секогаш кога и да дојде со девојчето и писка.. дете како дете што ќе види ќе посака..а таа една слатка мала како кикирика е,,,, знаела помали деца од нејзината што еднаш навечер пиеле млеко и насабајле и толку а не како нејната што многу пиела млеко....
Ецапереца како си? Не сакам да те плашам ама јас на твое место под итно би отишла на лекар, чисто да се осигурам, зошто ако ништо друго размислувањата се оние кои највеќе му штетат на плодот. Од се срце посакувам се да испадне во ред.
Утрогестанот е за подршка на бременоста и додека го примаш на некој начин си заштитена, ама сепак би требало на лекар да појдеш. Во врска со „негледањето“ на плодот и јас имав слично искуство, ама поради свртена матка едвај ми го видоа со вагинална сонда. Па дури и во 9-та недела лекарот мораше вагинално да ме гледа за срцева реакција бидејќи повторно не се гледаше. Во 13 недела и 5 дена бев на 4Д и повторно ме гледаа вагинално, бидејќи неможеа добро да го гледат абдоменално. Затоа без паника, кај секого е различно, може и покасно да си зачнала, но добро е што постои здебелување на ендометриумот. И обавезно мирување, само до тоалет да стануваш. Јас не крварев, ама имав хематом и лежев постојано. Сега сум 7-ми месец и постелката ми е ниско поставена и ете пак морам да одмарам, а и плус имам и други здравствени проблеми, но за бебе се трпи, а верувај на крајот се ќе биде во ред. Секој месец имам по некоја нова да не кажам компликација, де ова се намалило, па ова се појавило, ама ете тераме некако со бебушка. Не е лесна бременоста, но се надеваме дека се ќе биде во ред и наскоро ќе си се гушкаме со бебињата .
Мамички јас сум 7недела и планираме да одиме на море,но не ја прашав докторката до кога се користи утрогестанот,Ако знае некој нека пише,инаку и тифол пијам и овие вагиналетите ги користам.Инаку и за бањање се мислам на одмор некако ко шубе ми е,да не не убо дека рано е сеуште??Вие што би ме советувале?позз
Најубаво да си ја прашаш се убаво докторката. По колку ставаш на ден, по едно или по две? Јас мислам ако ставаш по едно, ќе си ставиш навечер пред легнување, утредента ќе се бањаш, морската вода не штети. Ама за помирна глава прво ќе си ја прашаш докторката. А зошто ти даде утрогестан? Инаку апдејт за мојов случај - кога видов дека тоа помешаното кафено-црвеникаво преминало во потечно каде преовладува црвено, одма пак и се јавив на докторката и отидов. Едвај го примети кесичето, дека ехото нели има и онака повеќе сенки, јас гледам, а и не гледам. Па ми го покажа убаво. Мало мало кесиче се појави. Според големината е за 5 недели и 2 дена, а според последна менструација би требало 7 недели и 4 дена. Ама по се изгледа покасно се зачнало, затоа и толку време ми беше бледа линијата на тестовите. Сега одам за 5-6 дена пак, само здравје Боже да се појави до тогаш и плодчето, сега е многу мала врекичката за да се види и плодчето. Ми зголеми утрогестан на 2 пати по една, а тоа исцедокот ми рече да не ме плаши дека внатре нема никакво крварење, може дека да не бев бремена баш деновиве ќе требаше да добијам. Еве сега немам повеќе црвено, само кога ќе се избришам како суво кафено. Баш се здрмав овие два дена. Дај Боже да ми се појави плодчето и да ми расте во бебенце, дај Боже, едвај чекам да си го видам
Добро утро драги мои само убави вести да си слушаме.. еве и ецапереца се смири и сите да сме си супер,,, инаку штом сме толку рано активни со моето бебуле значи дека сме на работа многу ни се работи пс. КОЈ РАНО РАНИ НА САБАЈЛЕ МУ СЕ СПИЕ убав викенд
Утрогестанот го користам 2х1 поточно наутро и навечер,докторката ми го даде за поддршка на бременоста и полесно задржување на плодот инаку ми е прва бременост и затоа се пазам од страв да не згрешам нешто
Добор утро и од мене. Убаво ни тргна денот, ај да ни продолжи така Да ве прашам, читате нешто литература за бебиња (не на интернет, мислам на книги)? Прпорачајте нешто. Исто, што планирате откако ќе се роди бебето? Мислам на доење, спиење и такви работи? Ќе одите според некој распоред/план или по интуиција?
мила јас да ти кажам ги читам тие списанијата што се за бебиња и има доста интересни и убави работи.. за литература треба да одиме у книжарници има таму разни моите другарки имат такви книги од тоа како се развива бебето па до повивање доење хранење планирам покасно да посетам книжарници арно шо потсети да видам шо имаат.. јас пред некој ден гледав и радосници за бебчињата многу убави.. и само пред детски бутици застанувам лееле колку со мерак си гледам
Женски.....блазеси ви со малите мешиња на ова топло време....ние „поголемите“ дишиме на шкрги....уффф...и броиме ситно до крајот.... имам едно прашање..дали некој знае што може да се случи, односно дали може да ми наштети на бебушот ако при прироредн пораѓај кај мајката има наод на кандида албиканс.....подосадно нешто не сте сретнале....се изнамачив со неа и се пробав и си ја носам 9 месеци без престан....па сакав да знам дали може да му наштети на бебето при пораѓање....фала ви и лесна бременост на сите..
мила консултирај се со гинекологот... имам слушнато дека некој жени ги порагале со царски рез ради белото прање шо го имале многу а пошто имаш кандида прашај го... тој најдобро ќе ти каже,,,,
Има ли некој онлајн ? Женички во 35та недела сум , цела ноќ имав контракции со болки што погоре над папокот, прво беа на околу 10 минути па на околу 7, па ги снема , сум заспала, па ме разбудија болки повторно, и се смирија после половина час,еве сега пак ги имам, исто ми се стега стомакот само не ме боли исто,сега помалку ниско ме здоболува помалку имам чувство како пред циклус.Што да правам , да одам ли на лекар? Како е непријатнооо, на неколку пати неможам да се издишам убаво. Читав за лажни контракции и сега незнам што да правам , вака немам никаков исцедок да менува боја и сето тоа. И нели е рано?