Kaj mene uste po seriozen problem pravi pritisokot dva dena bev vo bolnica deneska si dojdov,vo 37 ke me porodat ako ostane vaka. Ti I onaka si za poragaj jas puknav od strav da ne se porodam pred da vlezam vo 9,ti. Dobiv I mnogu otoci cela sum balon,krajot se gleda ama najtezok bil.
Оф мила, ти посакувам да издржиш до 37ма барем. После нема гајле. Ќе те породат. Ајде со лесно само. Колку ти е тебе? Терапија примаш? Абе мене не ми е толку висок 120/80-85 ама веднаш чувствувам зашеметеност и притисок во главата бидејќи сум навикната на 90/60. И од паника и мислење уште толку ми се крева. Мене ми е страв од породувањето. Цело време мислев дека ќе имам сила кога ќе дојде време ама ете не сум била психички спремна. Туку прееска пазаревме со мм и осетив како да ми протече топла вода ама сосем малку. Мислев дека бебе има притиснато на бешика и се имам измочано, ама ко дојдов дома на секојдневната имаше густ бел исцедок. Дали е тоа чепот или не? Плус деновиве нон стоп ми се случува да имам таков исцедок. Можно е чепот да се цеди неколку дена?
Чепот треба да биде со бледо розева боја барем така беше кај мене .Ако си девети месец мислам дека треба полека да се припремаш.Само полека и без паника се ќе виде во ред .Со лесно и ќе јадеме мекици за брзо така ми изгледа.
@Skorpija25 мислам дека не е. И мене истото ми се случува секој ден, и предходните бремености беше така. Нормално е.
Милички како сте ми јас конечно со тројка напред , за два дена пуни 30 недели терапијата со утрогестан продолжена никако пауза ни еден ден не сум смеела да направам мајками беше на преглед денес кај докторката па и кажав случајно да праша дали сабота и недела пауза да правам дека само за уште денес имав утрогестан една вагиналетка и оп , ја гледам доаѓа дома со уште едно кутиче утрогестан ,па така во понеделник се молам да не е скратен цервиксот повеќе од минатиот пат за да можам да си средам низ дома и алиштиња да исперам и средам се па да докупам треба уште завршни стварчиња , ама се надевам дека ќе заврши прегледот супер и дека нема да треба само да лежам толку многу @Kitten мила не си воопшто огромна јас со првото воопшто меше немав до 6 месец и се чудев каде е сместено големото бебе на ехо што го гледам , ама па затоа 8-9 месец ми наплати како преку ноќ огромна станав дури и отеков од глава до пети , а со второто и еве со третово имам мешенце само малку што ни малку не е големо како со првото , а се си мислев дека за второ - трето дете поголем расте стомакот , ама не било така барем не кај мене Како и да е , нема поубаво од тоа да се носи уште едно човече во себе , ние ја имаме таа чест за да го почувствуваме први човечето во нас додека таткото е само во исчекување
Ако уште еднаш ти се случи така, оди на лекар да проверат да не е водењакот. Мене така ми се случи, но ми протекуваше на 3,4,5ч и испадна дека напукнал водењакот горе високо. Чепот е како мрсулче.. и да паѓа на делови, тие делови што се на гаќи не се двојат, баш густи се како она децана што играат шлајм Ми проверија со тестер некој дали е плодова, но 200% бев сигурна дека е плодова, зашто и двеве бебчиња си ги родив со тие влакненца како мов по грбче горе и рамења, па во секој млаз што протекуваше од мене имаше влакненца нежни бебешки Е и заборавив.. чепот ми падна неколку дена пред ова да ми се случи, и тоа убаво си испадна.. дури и со малку крв..
И мене ми паѓа така од време на време како "мрсули" зеленикаво - жолтко и ужасно лепливо (извинете на описов грд) па се си мислев дека е нешто нормално или да не имам кандида ама се е чисто ништо немам , ама по описот твој мила изгледа ќе морам и докторката да ја прашам во понеделник страв ме фаќа да не е навистина чепот толку рано
Леле а оти кај мене неможи ќе пробам пак ама сиурно неможи баш се чудев каква бебу програма е ова на 60 и на 90 само шо можи не ми дава опција да одберам за 30 и 40 Јас сакам нова да си купам ич не ме бендисува ова некако и исчистена и барабан и се ми остава од прашакот прво реков од прашакот да не ми е со течен почнав пак исто а скапа е и исто со куп опции
Ова нема боја.. или е бело како белка од јајце или пак бело измешано со крв. Не ќе да е чепот ако е зеленко жолто. Кога правеше брисеви последен пат?
Така го опишав дека некако така ми личи ама не е јасна бојата и мирис нема , брисеви во 13 недела имам само испитано , а од тогаш па навака само редовно крв , урина и уринокултура дека ниско бебето и скратен цервиксот па одбегнува земање брис сега за да не се скрати повеќе .
Кај мене беше бело и лепливо и нагло паѓаше мислам повеќе денови од вторникот а се породив енделата сабајле.. а немаше воопшто ни крв ни ништо само количински бело жолтеникаво ајј да речам ванила боја шо велат шампањ.. Провери си некој брис оти не би требало мислам да е зеленикаво
Уживај додека не чешка, нека те следи д-р само и уживај, не му ја мисли многу Што е како е само може цел ден да му ја мислиш, а не е убаво ни да се стресуваш. Заштитена си целосно, само одмарај си и физички и психички Инаку мислам добро ке биде да успее и да ти земе брис, бидејки и бактерија да е и таа може да скрати цервикс...
И кај мене така еден куп опции а не функционални ми се некако. Белите алишта 5 часа ги пери е неможам да ја поднесам. Мајка ми има беко и петка е.
Еве и јас да пишам во оваа тема и да ве надгледувам, многу работи научив од форумот, но сега најпотребни ми се овие теми поврзани до раѓање и бременост... 30та недела ќе ја започнам од понеделник, бременоста до сега ми е супер, пева прва бременост ептен посакувано бебе па и девојче баш како што замислував и се' е како бајка Само едно ме загрижува... Имам бело прање кое е бело не жолтеникаво, а и не мириса. До сега не обраќав внимание, но сепак би сакала да се информирам, гинекологот вели не е ништо ама битни ми се и вашите искуства. Поздрав идни мами и ви посакувам на сите лесно породување.
Имав и јас цела бременост. Гинекологот ме плашеше дека не е нормално, сум имала инфекција. Едно време имав, ама ја излечив, а исцедок уште имав така да нема гајле. Посебно ако е без непријатен мирис и чешање. Брисеви имаш испитано?
Имам и јас така плус како и воденикаво цела бременост т.е во сите три бремености ,а и исто од понеделник пуна 30 недела , ме збунува тоа што исцедокот е се погуст лигав и во поголема количина од предходно ама сега и пишав на докторката па ми кажа дека и од утрогестанот ми било тоа
Си напраив проблем денес, на работа кревав кутии кои беа малку тешки (празни ама 7-8пластични беа)и цел ден имам језива и чудна болка долу во јајници. Се плашам да не му наштетив на бебе Пиев магнезиум 400мг кај 11, ама не поминува. Дали и психата си го праи своето не знам,ама паника ме фати. Чај,друг магнезиум да пијам? Па не се мислев за толку нежна дека ќе сум
Друг пат не кревај. Колку и да е лесно. Јас цела бременост ништо не кревав. Имај на ум дека бебето ти е поважно од сѐ. Нема гајле сега, сигурно повеќе и од психата ти е, ти се чини те боли. Одмарај.