Магнезиум директ од 375мг мене ми помага кога ќе ме фатат такви болки и легнувам цел ден не мрдам од кревет освен до wc.
Драги, Ве молам пишете ми кога с еиспитува крвта во бременост односно се констатира крвна група? Тоа се ддимерите или?
И мене ме разбудиа болките малце више пешачев.земав Магнезиум,нозе на перница ама ете малце се смири.. па да видиме.. Дали се димери или не,што како не знам ама битно крвната група ја знаев уште од лекарско ама за потврда морав да ја имам и ја направив во 27недела.
Не. Димерите се друго. Јас крвна група испитував во 28ма недела. Уствари ја знаев, ама никаде не беше заведено, а бидејќи сум негативна мораше да имам доказ за да примам инекција.
Јас крвна група испитав уште на почетокот, односно како и @Skorpija25 си ја знаев и пред тоа, но немав црно на бело, а треба да ја имаш заведено во книшка, јас и со мене во новчаник си имам ливче со печат (за секој случај). Мораш да ја направиш до 28 недела за во случај ако си RH негативна да примиш инекција.
Д-димери се едно, крвна група е друго. Обично на почеток од бременост се проверува. До 28ма недела треба да знаеш која кгрупа си. Во случај ако си негативна да примаш инексија. Поз
Јас од денес влагам во 27 недела и имам испитано крвна група во систина кога правев операција. Е сега дали доколку се пораѓам во чаир здравје дали ќе ми важи тој документ од систина?
Здраво и од мене , денов тмурен и дождлив ама за мене убав дека ехото супер заврши докторката кажа бебе дугоного било и големо главче како првото братче ќе има супер напредува , болките во препоните и кичмата им немало лек освен кога ќе сум се породела да сум се помолела да си одат болките , утрогестан ќе си продолжам со ставање , цервиксот си стои уште како минатиот пат што посебно ме израдува дека ќе можам да си средам се за бебе и да докупам уште завршните стварчиња , озбилно да си ја сфатам работата веќе 30+0 полни недели денес Сега да идам да се почастам нешто мрснечко па да почне денот
Не ми се јасни ова со картончињава за крвни групи. Сите различни искуства имаме. Моето картонче што одеше со возачката е издадено од трансфузиологија во Градска болница. Втор пат направив испитување во Адриалаб и го добив истото картонче со печат од Филип втори. Во Чаир ми го признаа, ништо не рекоа. Сега, по ново, не признаваат во ни една болница картонче ако не е од трансфузиологија на клиника? Ништо ми нема логика и само малтретираат. Јас закажав термин на клиника...ко демек крвнава група ми се сменила до сега
И во право се што не ја важат крвната група од возачката еве јас жив пример сум затоа, кога отидов за лекарско ми беше страв да ме боцнат па ме прашаа татко ми која крвна група е и таа ја пишаа.
Јас не знам дали во приватниве клиники ќе ми признаат од трансфузиологија или ќе морам и кај нив да испитам?