Јас не го вадам меурчето со воздух, така ќе изгубам некоја капка од лекот.. во рака под агол од 45, а стомак 90, со алкохолче пребришувам, брцни, стави, вади, после само поминувам нежно со алкохол, не стискам и ретко имам модрици. Ова алкохолче ги викам едни минијатурни влажни марамчиња со алкохол што се, поединечно спакувани, од Систина, многу практични.
Абе мамички да знај некој што е потребно за да си сменам презиме на здравствена книшка. И колку оди процедурата пред пораѓај сум не стасав да сменам презиме
Појди во фондот за здраство на шалтерите на втор спрат иди мислам на првиот е пензиско на втор ќе дојди мислам и ќе ти го сменат 5 мин работа електорнската нема потреба од сменување
Мешиња ,кај гинекологот однесов резултати од трансфузиологија за дд мери. И ми рече дека упатот важи еден месец затоа со резултатот да си отидам уште еднаш да ми ги проверат дд мерите . Правела некоја вака? Си мислам да не ја тупачат тие во државна нешто?
Мене др.Елена на трансфузиологија самата ми закажува следна контрола со датум и саат, првиот пат на задна страна од извештајот пишуваше, вториов пат таа ми издаде упат со термин за контрола во март. Зависи, не сите упати важат еден месец, ама ако така ти рекле, на државна прај се на Тошо и кажи дека така ти рекле, ќе си почекаш ама не би требало да те одбијат, бар така мислам.
Да ве поздравам мешиња. 37 недела терам а болките растат ли растат. Капак на се ми беше повторно е карлично...а трето дете, голема е веројатноста отварањето да оди многу брзо. Оф леле. Уште ова ми фалеше. Треба во болница на разговор да одам, да видиме што ќе се прави. Јас пустата уште со надеж дека ќе се врати доле главчето.
И моево е карлично ама докторката вика дека може и пред да ме стават на бокс или болките кога ќе почнат да се заврти само Ама уште е рано кај мене 30+3 недела сум . Само со лесно и со убаво
Работата е ако не се заврти, не биле сите клиники и доктори испраксирани да го вртат бебето додека е жената на бокс. Повеќето оделе директ на царски наместо да пробаат да го наместат.
27+ сум, имимам чудни грчеви/болки во десен јајник/предел ко мини менструална болка. Но, нна период. Искуства?
Па ќе си боли така до крај. Секоја издржлива болка е нормална бебето расте и тежи, а матката се шири. Не само менструални болки туку и болки во половината и колковите ќе имаш. Со лесно мајка не се плаши