Уфф.Сешто ми помина низ глава за неколку минути. Имам еден голем прашалник во главата. Ќе се потрудам да не паничам. Ај ќе видам како ќе биде ќе почекам....
и јас сум 35та недела и имам скоро секој ден такви болки во одреден дел од денот.ама не се постојани траат некое време па престануваат.знаат и ноке да ми се појават и да ме остават без сон неколку саати.ми се појавуваат некаде откај 5ти месец навака кога се пожалив на гин.ми рече пиј магнезиум.редовно пијам и пак ги имам .некаде прочитав дека нормални биле болки во овие недели оти бебето почнува да се спушта во родилниот канал и прави притисок.како и да е во понеделник сум на преглед па ке видам што ке ми каже.а ти ако не се чувствуваш добро јави се и прашај си.
yeats почекај уште малку ќе видиш каква ќе биде ситуацијата.. инзку јас отидов до книжарница има книги за трудници, за бебиња и тоа по 350 ден... инаку видов една многу убава радосница буквално секој момент има да го впишеш внатре 600 ден кошта.. зелена и жолта боја е со мечиња многу убава работа.... ............................. пс. ај некој да ме упате у таа работа,,, сакам да си ги средам малку ноктите. па овие печките штетни ли се тие таму нели зрачат ламбите... ???????????????
За жал, нокти никако Тоа и онака е штетно а не пак со бебче. Можеби некој ги прави, ама јас имам прочитано лоши работи, дури и канцерогени дека се. Затоа
да да дали за бебето е ама тие печките кај шо се сушат ноктите тие ламбите шо зрачат. дали зрачењето е штетно ????
епа то чекам да ми пиши captivating што има прочитано и зошто мисли дека се штетни.овде има 100000 бремени жени со надградба на н.
Да, да. Штетни се, канцерогени! А може да се појави алергична риакција на хемикалиите кои се штетни и со самиот факт дека ги вдишуваш или пак да се закачи некоја инфекција/бактерија. Имам читано примери каде што девојка 20г. добила рак од тоа, или пак козметичарки што имале (тешки) проблеми со бременоста. Сепак, како и за се и за ова мислењата се поделени. Демек ако носиш маска не ги вдишуваш хемикалиите, овие опасности постојат и ако не си трудна... Препоракте се да ги правите во салон со добра хигиена, каде што просторијате е добро вентилирана, носете маска. Сепак, јас лично мислам дека ако нешто не мора да се прави, а ако пости и најмала шанса да му наштети на бебето, јас не би го правела.
И воздухот што го дишиме е штетен, а камоли пак нешто друго. Јас во цела бременост си ги правев со гел ноктите и еве сме и јас и син ми здрави, прави, па и не само јас и кооолку други мои пријателки си ги правеа ноктите за време на бременост, не можам да избројам, па ете ги сите се супер и дечињата и тие, ама секој си знае и како мисли дека е најдобро за нив и за бебето, така.
здраво девојки јас сакам да прашам нешто,денес имав малло крварење и бев на лекар па примив една инекција -прогестерон депо- кога бев италија не дава никакви апчиња и слично дека не било добро,е сега јас немав некое големо крварење туку мало ама ова инекција се надевам не е нешто лошо,мислам лекар е не би ми дал нешто лошо иако денес од лекариве не е баш нешто нај некој имал нешто слишно со ова инекција или?????? исто така и таблетиве -утрогестан 100мг ги има некој користено и слично??? пишете ве молам се исплашив стварно
Не се штетни воопшто утрогестан, немој ич да се грижиш, за твое добро и доброто на бебчето е, да се прицврсти за матката добро и да не бега никаде, немај гајле, па и доктор ти ги пишал, сигурно не е некој ненормален да ти препишува нешто што е штетно за тебе и за бебето Јас ги имав користено таблетите утрогестан и со сигурност ти докажувам дека се многу корисни и преубави, немој да паничиш туку уживај си во бременоста, ок? Поздрав
Ова на нас изгледа ни се случи од воздухов овде, а? Јас само што дојдов и утредента кафенко, одма на лекар отидов и докторката ми даде утрогестан 200 по една. Утредента имав исто по малку кафенко како некои конци тенки, арно ама вчера ми се појави и крв помешано со кафенкото. И јас таму прашував за утрогестан и ми рекоа дека одамна се укинати, ама еве овде докторката дури и ми ја зголеми дозата на 2х1 и тоа 200мг се моите. Прашав за инекција да ми стави, ама ми рече дека нема потреба дека внатре не се гледало хематом, па затоа доволно било само вагиналетиве. Некаде читам исто за рана бременост и инекција и утрогестан, зошто мене не ми даде инекција? Ако некој знае нешто повеќе, нека ми пише. Денес од сабајле пак имав црвенкасто течно, средно темна боја и засирена крв. После снема, и кафенкото се проретчи на минимум. Сега баш кога бев во тоалет, се бришам и пак малку да се напнам и притиснам доле да видам колку и што ќе истече, ми искочи нешто кафенко како подебелко конче и нешто проѕирно како мастика кога се прави балон . Што ли ќе беше сега тоа Планирам утре здравје да одам во некоја лабораторија и да си проверам пак бета хЦГ да видам како се движи. Многу ќе ми дојде ехо секој втор ден. Оф мори мајко, да не може човек да си се радува раат. Следна контрола имам во четврток, само се да биде во ред, дај Боже.
нели пиша понеделник дека имаш контрола или грешка сум? и јас мислам дека је од климата..ако памтите нели и мене истово ми се случи само што стигнав во италија а до пред то беше се ок само што јас имав после кафениот изцедок и 2 недели болки во стомачето.и ти немој таму долу да чепкаш и ич да не се напнуваш.ставајте ги утрогестан и двете и лежете се че биди во ред
Прво требаше понеделник, ама кога ми се појави и црвено вчера (сега веќе завчера), отидов пак кај докторката и ми го виде кесичето само, кое одговара според големината на 5 недели и 2 дена, а не според последната менструација што би требало да биде 7 недели и 4 дена тогаш. Рече дека рано ќе биде понеделник за плодчето да се види за 2 дена, па ми одложи за четврток здравје, и тогаш ми ја зголеми дозата утрогестан на 2х1.
Девојки и јас во бременоста имав крварења и кафеав исцедок, ама јас обилно си крварев до 5 месец поради лакуни на постелката. girl-miri убаво што ти ставиле инекција прогестерон депо, никако не е штетна, тоа е хормон кој се лачи само во бременост, и затоа ја ставаат,за поддршка на бременоста.Јас ги примав до 20-та недела, по една неделно. Исто и Утрогестан од 200 мг,по трипати дневно скоро до крај на бременоста. Мислам дека овие две работи ми ја чуваа бременоста, секако и повеќе лежење и одмарање. ecapereca арно ти вика zalosna немој да се напнуваш доле, да не си направиш проблем.Повеќе одмарај и оди уште во понеделник на лекар,нели така рече? Такви кончиња имав и јас и секогаш кога ми престануваше крварењето си имав таков исцедок, за кој докторите ми викаа дека ,,не е страшен,, се додека не е свежа крв,во пообилни количини. Појди си на лекар и помалку одење во веце и нервирање. Нозе во вис и одмарај си.И Утрогестанот обавезно да си го употребуваш. Ете и јас се изнамачив ама на крај си родив здраво детенце во 42-ра недела, па истото ви го посакувам и на вас, да престанат овие маки,да си уживате во бременоста и да си ги родите најздравите бебчиња.
Епа од мене добро утро (пред 15-20 мин станавме) Лелееее не можеме да се освестиме,Лицето ми е потечено од спиење,мм ме гледа и ми вика дека бузите ми биле поголеми и од Анџелина Џоли Душава ме разбуди боштум “порано“ за да излеземе да прошетаме-топло ќе било денес па додека не фатила горештината да излеземе на воздух ама јок...не можам да се освестам.Денеска се спремам за една генералка по дома,иако знам дека нема да биде генералка,ќе ме фати мрза,ама малку од малку да средиме. Инаку имав пишано за количка некој да ми даде мислење...? bebe/kolicka-t4578/270.html
Здраво и од мене девојки....вчера денот беше рај за спиење, леле што убаво си врнеше Ем попладнето си спиев, ем и денес па до доцна спиев а сепак рано си легнав....значи колку и да сум спиела пак кога ќе легнам заспивам без проблем. Инаку веќе почнувам да го мислам 4Дто како ќе дочекам до четврток незнам.