Бебето е Ок,добро поставено,предлог на докторот е или царски или до провокации да пробаме.Сакам искрено природно ама по се изгледа ништо од тоа нема да биде.Смета дека поради претходни интервенции и неуспешно едно ивф нема потреба од чекање .
Здраво идни мамички,денес бев на преглед докторката ми спомна дека на плацентата сум имала дупчиња од шо мислев да не заборавиме нешто ја прашам и за други работи само успеав да ја прашам дали му штети нешто на бебето ,како што успеав да најдам на нет се работи за лагуни ,дали некоја имала слично искуство ?
Мамички, неколку денови имам чешање по цело тело. Дали може да биде од клексаните, некоја алерија или сосема нешто друго? Дали е опасно? Следната недела сум на контрола...се мислам дали да чекам до тогаш?
А имаш осип како за алергија? Јас би направила крвна слика да се види дали работата на црниот дроб е добра...претпоставувам дека си после 30 недела?
Алергија исто и јас имав. И имам и под гради и по нозете ставам Синодерм малце по малце минува. Бременоста е таква и хормоните своето си го прават
Овие параметри не ми ги испитале на последната крвна слика пред неполн месец. Не ми е јасно зошто. Во секој случај, фала ти многу, вечер ќе мора да поминам до матичниот, почнувам да паничам.
Не паничи, можеш до вечерва да отидеш во Биотек, таму ALT и AST ти спаѓаат во регуларната цена од 200 ден за крвна слика и плус 100 ден доплаќаш за билирубини - до утре сабајле ќе ги имаш резултатите, може дури и до вечер, не знам сега до кога треба да ти земат крв за да биде готова анализата.
Мами ние бевме на контрола се е супер мажето на мама си расте 17+2 стасавме цервикс добар малце не уплашија ама сепак 36мм е супер само ме загрижи што видоа една лакуна на постелка од 9мм ми земаа крв за димери и хемостаза ама резултатите ќе ми ги земат четврток.. ми е страв малце..имајте пријатна вечер
Да ве поздравам и јас. Уште сум тука. Сабајлево се разбудив со слаби менструални болки, вчера болки во грб, и си реков дојде денот, ама ништо. Не и се излегува на принцезава моја, а сите што беа со термини блиску до мене или после мене се породија. Јас си чекам. И колку и да ми е страв едвај чекам да дојде денот и конечно да си ја видам бебка.
Ние исти сме најверојатно,мојава абер нема за излагање.Ако не биде до понеделник може и со провокации ќе мора да одиме.Која недела си ?