22 недела, чувство на постојан притисок таму долу, мочкање на секои 23 минути, манијакална желба за благо, тапост во моменти кога ништо не ме занима, исклучителна јасност кога гледам дека некој пробува да ме заебава и квалитативно урлање со нежен глас, пцуење за се' што ми пречи, кутриот мој будуќ маж... Магнезиум по потреба, витамини со многу салати, овошје, сокови цедени, месо, кајмаче, ноќни закуски со многу р'ж и јогурт (иако јогурт ич не сакам). Се надевам дека наредна недела на микробиологија ќе биде се' ок, а и да не е - ќе се средува. Исправ детските облечиња што ми ги подарија и ги гледам и им се чудам и уште не ми се врзува хемијата во глава дека ќе станам мајка на идно девојче. Кога некого не го поднесувам, го отерувам. Прекрасен дел од трудноќава
Мене ми се случи исто така. Јас имав болки под десната града и позади кај плешката. Ме задржаа во болница еден ден ми правеа испитувања преку крв и мокрача и кај интернист бев. Јас сум имала напад на жолчка ми се создале камчиња. Примав три дена инфузии не лежев таму туку одев секој ден. Сега со исхрана што ми ја кажаа немам проблеми. Ти како си?
Здраво труднички жени ви посакувам среќен празник Еве јас и тука да се пријавам 7ма недела сум, супер се чувствувам сега за сега дури и на моменти заборавам дека сум бремена Кажете ми кога почнуваат сите испитувања? Крвна слика и уринокултура сега неделава само планирам да си направам друго нешто треба или во второ тромесечие?
За сега боли но се издржува а за по натаму страв ме фаќа. За една недела сум на преглед ќе ја прашам докторкава што ми ја води бременоста да видам што совет ќе ми даде
Денеска сум добра ме пуштија од болница. Утре ке одам за проверка на жолчката и крв да испитам. Ти благодарам на одговорот
Оф ми препиша појас минатиот пат, но ме фати вирус 2 недели со тоа се расправав па после тоа имаше невреме и уште не сум пошла да го земам појасот беше за грбот но исто би ми помогнал и со килот.
Што може да се земе за кашлица ? Премногу кашал имам. Не ме смирува ни нане чај ме иритира уште повејќе да кашлам и кивам.
Девојчево мое абер нема да излезе. Денес на контрола, постелка зрела, вода има доволно. И прегледот со рака го поминав. Не болеше колку што мислев. Докторот ме опушти со муабет па ништо не осетив. ЦТГ не покажува болки. Ептен слаби, не ги ни осеќам. Не сум воопшто отворена и многу се плашам како ќе биде. Не било ни спуштено бебето. Никаков симптом дека ќе биде за брзо нема. А многу се плашам од провокација или царски. Сепак на крај царски ќе се пораѓам како што е тргната работава. Пешачам, јадам урми демек побрзо да се отворам ама ништо. А колку се плашев дека ќе се породам пред време.
Мене на секоја контрола докторот ми бараше крвна слика, уринокултура и ддимери. Брисеви во 12та, и 34та мислам.
Јас кога прашав дали треба нешто да испитам сега ми рече гинекологот нема потреба сега, но јас секако ќе си направам крвна слика и уринокултура.
Ќе ти каже гинекологот се што треба. И по кој ред. Јас прво (во 7ма недела) направив крвна слика, хемостаза и д-димери, а после во 13та недела со скринингот брисеви и уринокултура. И редовна крвна слика скоро секој месец или на 6 недели ми испаѓа мене. Туку, да ве прашам, за уринокултура може општ матичен да ми даде упат? И каде се може да се однесе?