Што да ти кажам Ецке? Знам дека џабе е сега секој утешен збор! Ништо нема да помогне. Немој да ја наведнуваш главата, да тагуваш, плачеш и да губиш надеж! Тоа не смееш НИКАКО! Биди јака мила, само биди јака! Посакувам да можев сега силно да те прегрнам!
жал ми е мила (((((добро ти пиша девојче а и самата знаеш чим еднаш се фатило че се фати пак само следнијот пат че си го видиш малото срче и се че биди како што треба)))) мораш да бидиш јака
ецапереца само што читам ваква вест не е мозно,стварно немам зборови. да се прават некои нови испитувања и слично ама стварно немозам даа верува. бидими силна мила и знај дека не си сама сите сме со тебе те гушкам.
Ецапереца што и да ти кажам нема да те утеши во овој момент. Многу ми е жал, ама едноставно така требало да биде. Кога јас бев во истата ситуација единствена утеха ми беше помислата дека на тоа дете не му било судено да живее. Подобро вака додека сеуште не сум го видела отколку за неколку години недај боже да ми почине. Такви се правилата на Господ и тоа е што е. Можеби така стануваме појаки.Го имаш семејството, сопругот, не имаш сите нас тука. Не грижи се. Ќе видиш дека за многу брзо време повторно ќе се израдуваш и повторно ќе бараш совети. Само опушти се и не се затворај во себе. А ние сме секогаш тука за тебе.
Ецапереца, сега читам и цела се наезив, навистина ми е зал, зосто така и јас се прасувам, бас ми е криво, навистина сум без зборови, само да знаес тагувам со тебе биди јака, биди надезна, набргу ке успеес и ти и јас и сите други, упорноста победува, Господ не сака, ке не награди и нас еден ден кога ке биде време! поздрав и заедно сме посилни, навистина ми е зал....
Девојчиња, фала ви што ме тешите. Јас сум добра, ни плачам, ни тагувам. Немам за што да тагувам, едноставно оплодената јајце клетка не продолжила да се развива, не стигнала во фаза ни на кесичка, а камоли на плодче. Ова не е класичен спонтан, а неможе ни спонтан да се нарече. Почнала рана бременост која се вика биохемиска бременост, во која почнуваат сите бремености, некаде 2-3 недела, подоцна настанува клиничка бременост, мојава си останала само во првата почетна фаза. Не сум изгубила бебе, затоа ми е полесно. Нормално дека ми е криво што еве нема со оваа бременост да родам бебенце, ама не сум го ни изгубила. Само оплодената јајце клетка се всадила во ендометрумот и толку. Застанала со развојот уште при поделбата, незнам како да објаснам пократко, ќе ми треба и повеќе простор да почнам да опишувам. Спонтан имав лани кога го загубив бебето во 8-ма недела на кое претходно му се имаше видено и срцевата акција, ама сега ова е сосема различно и друго. Сега немаше ништо, ни кесичка, ни плод, ништо. Да се надевам дека само ќе се прочисти и дека ќе нема потреба од киретажа. Ќе видиме што испитувања ќе треба да направам и здравје Боже со нови сили повторно во борбата за бебенце, со надеж дека ќе успееме. Како викаат - трета среќа Криво ми е, да, и на некој начин е болно, разочарувачки и 3 000 000 прашалници ми се вртат во глава со почетното ЗОШТО, ама тоа е... само ЗДРАВЈЕ И НЕКА БИДЕ ВОЛЈАТА БОЖЈА. Ве сакам сите, многу сте мили и ПРОДОЛЖУВАМЕ НАПРЕД
така е мила нема откажување.. со Бога напред ќе биде а јааасс и мојот бебуш денес пак од сабајле на работа амаааа не да ми се спиее на биро ќе заспам купувачите сами нека си се снајдат .. баш ми е гајле синоќа се разбудував на секој пола саат ич нбе сум спиела убавии ми треба сонче.. а тоа шо бевме ртка гладни сабајле тоа башка.. си каснав едно геврече (ај ближнете прстиња) да ми помине гладот.. ееј како ми се спиеее само да знаетее
ecapereca надешта последна умира никогаш немоземе да се отказеме од нашите соништа се е во господови раце се што имаме и ке имаме е од него кој порано кој покасно сите ке си имаме потомство поздравце и дај бозе за брзо да ни казес најубава вест киссс
а јас пак со моиве нокти... видов трудница тука една комсика таа е 6-7 месец и си имаше ставено гел на ноктите.. ај за геловите не ми е толку страв ама тие печките кај што се суши гелот тие ламбите шо светат тие ме загрижуваат,,,, уф ама сум си досадна самата на себе а не пак на вас.... па во септември сум на блиска свадба... сакам да си се средам и у глава и у раце,, нели трудниците сакаат да изгледаат убаво
gluvarce за да несе цуствувас стегнато ти препорацувам да си купис хеланки и терајси ја бременоста без непријатности поздравцее
Девојче, а да оладиш малце од темава? Не ти викам или забранувам да доаѓаш или да не пишуваш овде, таман работа, ама нели имаш чувство дека малце си досадна со твоите коментари што немаат врска. Се едно па исто прашуваш и мислам дека си опседната со темава. Знаеш уште колку трудници има на форумов? Па ај сега сите да земеме и како тебе да напнуваме со некои непотребни коментари. Некогаш стварно сакам да прочитам нешто овде и да прашам, ама освен на несодржајни мислења колку само да е прашано, на ништо друго не можеш да наидеш во поседно време. Пак да ти нагласам, затоа што осеќам дека нема добро да ме сфатиш. Не ти забранувам да пишуваш, само те замолувам малце да ја спуштиш топката.
Се сложувам до збор со СрекиЧка ! Аман ја напнавте темава , и не само темава цел форум стана досаден за Читање барем за мене . Едни те исти сте што пишувате , и тоа се празни муабети !! Мене темава ми омрзна , ни ја Читам ни пишувам . едит . има исто многу бремени на форумов , убаво би било да не се оптеретува темава безпотребно со прашања без врска! без лутење
Што знам женски, ако не интересира нешто, каде ако не тука? Вистина дека некои прашања се повторувааат, селективно читајте и не се замарајте. Посебно на оваа тема со нас, труднициве. Неверојатно е ама мислам дека овие прашања и мислења овде се ептен мал процент од тоа што ни се врти во главата оние месеци додека сме трудни ако пишиваме за се што мислиме и се што не мачи ќе бидеме затрупани од нив. Ецапареца, жал ми е. Иако бебето останало само на прва фаза во развојот, сигурно ти е тешко заради надежта и радоста што си ги имала а сега ги нема. Сепак, мило ми е што читам дека ти имаш здрав начин на гледање на сето ова. Навистина браво за тебе, силна си, се познава.
Здраво девојки јас си се наспав преубаво, како што не бев спиена претходната ноќ, ноќеска башш убаво си се наспав. А и на времево толку многу му се радувам што е вакво тоа е чудо едно. Задутре сум на 4Д, и многу многу сум нестрплива. Цело време си мислам, што како....како ќе изгледа, дали ќе си го покаже лицето, сакам денес да разгледам по нет, што детали кажуваат.....баш ме интересира Ако вие знаете нешто подетално пишете ecapereca, мила дури сега читам...жал ми е. Но пак кога ќе го прочитам твојот втор пост, колку си само храбра и позитивна просто мило ми е што гледам дека нема губење надеж На таквите луѓе силни како тебе, господ набрзо пак ќе ги награди.
ЗнаЧи темата постои да се споделуваат мислења , да се има некоја дискусија ! И не се за пријавување мислења , фино беше замолено да не се оптеретува темата ! Кој како сака . Инаку ecapereca многу ми е жал ! Незнам искрено што да кажам само да бидеш силна во овие моменти!
Сноу знам дека на трудниците на клиника им викале пред да одат на 4д ехо, да јадат чоколадо, така ќе се размрдало бебето и се се гледало. Ај пробај па кажи, пошто и јас треба да одам за брзо време.
^обавезно сабајлето не едно, 2 чоколади ќе изедам ако треба Шала на страна, не ми е тешко ќе јадам чоколадо па баш ќе ви пишам за 2 дена.
Јас и благо јадев ама бебушко си го скрило лиценцето во постелката и само малку го видовме. Докторот чукаше по стомачето, ме вртеше, ме пустеше... ама инает. Кога несака, несака. Инаку 4д е цело време во комбинација со обично ехо има на youtube многу видеа постирано можете да си видите. А Сноу каде ќе одиш на 4д?