Труднички абе како се справувате со нервозиве? Се си викам морам да бидам смирена и во принцип сум, но потоа за мала ситница знам да избувнам и да се вознемирам... ми е страв да не му наштетам на бебчево мало ама хормониве се некогаш посилни од совеста.
Добро утро. Да пишам нешто и јас. Терам 31ва недела, веќе неможам ни чорапи да си облечам Денес се разбудив со конјуктивит, трет пат оваа бременост. Среќа немам проблем со разболување и вируси а опкружена сум нон стоп со деца. Во саботата бевме до Благоевград, последна шанса кога можам да патувам, за да можам сама да си одберам за бебето тоа што сакам. За првото дете многу често други ми бираа па нешто не бев воодушевена. Сега све сами си купивме, ете баш постирав слики во темата. Се разочарав од нивниот HM, ништо не најдов тоа што барав, прслуче за доење само црно земав, бели-розеви-месо боја немаше. Сукњата што ја бендисав за на работа исто ја немаше Имавме и други обврски да завршиме околу колата, бидејќи е на Бг таблици, и додека да си прибереме вечерта поштено се изморив! Сфатив дека не сум веќе за целодневни "авантури". Со душа чекам да поминат уште два месеца. Поголемово иако веќе има свој голем кревет, забушава во задно време и сака да спие меѓу нас двајца, маж ми укочен оди на работа, а јас се препелкам како риба на суво цела ноќ за да фатам удобна позиција на онолку место колку што останува за мене. Перница за трудници немам ни шанси да ставам поради неа. Среќа болки во кукови уште не почнале, нека не ни почнуваат! Јас не сум нервозен тип, работата знае да ми делува смирувачки, но затоа дома немам трпение и често знам да им се развикам. Не пијам ништо, но можете да пиете Б6 слободно. Поздрав женки!
Да се пофалам и тука бебето е девојче. Веќе почнувам потешко да се движам, со сите промени се носам супер само не знам како луѓево да ги затнам. Се пунам со нервоза од коментари на луѓе, некогаш ми иде дома да се затворам. Де носот ми бил отечен, де ова сум требала да јадам ова не, некако изморено сум делувала до таму и какви гаќи да носам.. Последен хит е дека се познавало дека е женско оружнета сум била. Па така викендов требаше да одиме со друштво ем за шетка ем за шопинг за беба со друштво и му реков на маж ми дека сакам сами да одиме. @podravka и јас се потам последнава недела не знам што ми е, а претходно и од вежбање не се потев.
Уф и јас бегам од луѓе периодов немаат значи осет луѓево со нивните коментари, не се свесни дека се можеби и навредливи... Сега ги сфакам некои трудници што ги познавам зошто се оддалечуваат некој период од луѓе имале право хахаха
Мешиња искуство некоја со трансфузиологија во градска?Таму имаше термин,таму закажав за кумсов и ддимери.
Maz mi samo znae kako mu e..znam da izbuvnam za epten gluposti..odma solzi techat..hormoni se chudna rabota..i mene toa me sekira celo vreme.deka ke mu nastetam i edvaj se smiruvam..navistina ne ocekuvav vaka deka ke bide.
Женски кога почнаа да ви се појавуваат првите утрински мачнини? Еве јас сум околу 5 недела и од пред неколку дена на утро цело време ми идат нагони како за повраќање, ќе мириснам некоја храна или само ќе помислам и цела утроба ми се накрева, ама досега немам повратено. Не ми се лоши или да ме боли нешто, само одеднаш нагон,а маа некако досега го контролирам. Не е ли некако многу рано за вакви симптоми? Бебе уште нема срцева акција, барем немаше на последна контрола, сега ќе одам четвротк и петок кај два доктори да видиме до каде сме. Инаку и на мене така ми се лсучува жештина да ме облие ама само на десната нога. Нели е рано и за тоа? Јас си мислам од кардиопиринот што го пијам. И ова чудно треперење во матката се уште го чуствувам, некогаш прекинува и си велам толку помина, но ете го после пак, како некое ширење внатрешно. Си велам дека тоа е од што расте малото,ама тоа е едвај неколку мм како можам да го чуствувам? Цела сум збубета, а немам со кој да позборувам на оваа тема.
Мене нагоните ми почнаа пред тестот да го направам,имав страшни нагони. Се смирија малку па некаде од 6та недела се вратија и почнав и да повраќам,па некаде 10та недела нагоните ми ѓи снема продужив само со повраќање докај 13та(повраќав секој ден,стриктно навечер). Знам дека не те утешив со ова
I mene mi pocnaa od 5 nedela sega sum 9 seuste povrakjam i nemozem nisto da jadem sto i da izedem se mora da se isfrli kaj sekogo razlicno nekoj ima samo nagoni nekoj si povrakja i taka mora da si trpime
Јас имав само нагони и гадење без повраќања и да ти кажам искрено сеуште ги имам па плус и киселини а за гасови да не зборам иначе сум 21+ (и јас те утешив )
Здраво мешина,конечно нешто позитивно да ми се случи,со само 10 дневна терапија со клексан Д-димерите паднаа од 5500 на 1200 Од трансфузиологија никаква терапија не ми дадоа,но матичната смета дека не смее така одеднаш да се прекине,па ми препорача уште 10 од 0,20. Овие на болница ми викаат едно,таа друго,умов таратур ми го направија. Постелката супер,(цел камион ми се чини со сушено овошје изедов) по препорака на матичната. Тоа делувало убаво за плодовата вода. Со матичнава не знам како ќе се истрпиме до крај,да ти е страв да ја прашаш нешто ,ќе и спомнам нешто што сум прочитала,или чула,и одма очи превртува,не сме биле ние доктори. ми вика многу си стегната и исплашена,биди малце по насмеана и позитивна,а таа е должна за сите мои стресови и стравови до сега. Ништо не ме коштале 1500 денари за клексани на приватно,секако за козметика ќе сум ги потрошела.
Да си бараш преку фонд ти следува. Нека не се прават паметни, кај сакаш ќе си ги трошиш своите пари. Јас војна водев за тие шусти клексани, 2 докторки на трансфузија ме зафркаваја, си најдов и трета, рацете решето од боцки ама си добив тоа што ми следува. Поздравче Јас девојчиња воопшто немам нагони за повраќање, еве 9та недела веќе. Ми се спие многу, тоа ми е промена, а исто ме фаќаат жештини насред ноќ. Во врска со избувнување од нигде никаде и нервози присутни, ама и претходно си бев темпераментна Ќе истрпиме се оти за убаво е
Наполнивме 21 недела. Супер напредуваме. Немирно бебе. Веќе и почесто се осеќа. Постелка на преден ѕид. Што значеше ова? Многу срамежлива за сликање, битно се е како што треба, димензии, тежини, органи. Се опуштив денес. Почнаа од време на време (не секоја ноќ) болки во кукови. Стомаче малце подрипна, КОНЕЧНО. Од утре раситнувам 6ти месец. Аирлија.
Баш ништо посебно као демек во покасни недели се осеќа движењето на бебе ама и не мора да значи уживај и гали меше
Некој што има искуство со пвие работи. Дали доколку некој со херпес зостер (херпес на кожа) е во близина на бремена жена од три месеци има опасност по нејзината бременост? А и опасност по новороденче ?
Консултирај се сепак со трансфузиолог ако ти е мисла И јас многу се потев и мислев дека ќе се породам и ќе виде помалце но 4м исто ко и во бременост По 2 пати се пресоблекувам цела зима поготово во глава сум утоп ко од туш излезена
Вирусот е лош само ако го имаш ти за прв пат. Ако вече си го имала претходно имаш и антитела. Ако си во близина на чивек со херпес ништо не се случува затоШто се пренесува преку директен или индиректен контакт ( пример пиете од иста чаша ) но не и преку воздух.