Смее и сирупи на природна база, прашај матичен.. јас еднаш бремена болна бев ептен без глас исто и пиев сируп од др.Тајс.. и пастили има кои смее. Инхалирај се плус, ако немаш инхалатор над тенџере со топла вода + камилица или морска сол, покриена со пешкир. Пријателка ми рече тогаш може и згреана ракија, натопено материјалче на грло да ставиш.. смирувало кашлица.
Се сеќавам лани барав и јас. Во Зегин имаше едни чудни, за пушачи се сеќавам и уште неколку други видови. Од тие ми беше страв, ама по супермаркетите си најдов од тој класичниот салеп и си пиев.
Majki edno prasanje 37 nedela sum otvorena dva santima ctg mirno a jas imam bolki vo kicma preponi kako menstrualni slabi dali e relevantno ctg ili mojte bolki doktorite vikaat nemas spored ctg a mene me boli kicma daj pls nekoe iskustvo ne zname so da pravam I so da mislam
Цтг е за во моментот. После еден час, кога ќе стасаш дома, може да почнат контракциите. Инаку и јас имав нон стоп болки во кична и препони, за мене беше нормално. Доколку се зголемат менструалните болки и се намалува интервалот меѓу истите а истовремено интензитетот се зголемува тогаш би одела накај болница.
Денес влегов 8ма недела а вчера бев кај матичната и слушнавме од бебушот и срцебиење Да ве прашаам дали имате шпвремени болки доле десен јајник и од позади кај бубрегот?? Многу ми е страв од бактеријата да не ме заболи бубрег ...
Болки во кичмата и контакциите се сосема различни, само контракциите ги фаќа на цтг... имаш секундарно стегање/болка или болка која трае? Ако трае е од тежината и замор... Јас имав болки неколку пати кога одев на цтг и тоа јаки грчење на стомакот, но траеа подолго време, на цтг не ги фаќаше. Значи баш само контракции фаќа цтго... а контакциите си читала сигурно какви се, фаќа стега 30секунди/минута и после пушта и ништо не боли, па за одредено време пак фаќа стега и толку највеќе траат, зависи нели на 15/10/5мин..
Мене повторно ми се стегна стомакот денеска, веќе неколку часа. Пиев магнезиум и Б6, ама пак тврд стомакот. Бепчето си мрдна неколку пати, ама јас сум исплашена. Совет ве молам?
Јас такви стегања имам уште од 6 месец... сеа сам во 9 и уште ме следат а не ми е јасно што е тоа ...
Денес ќе правам пак бета вчера имав малку како крв ама на кринонот само на тоалетна ништо како кора од лушпа изгледаше незнам како да опишам вчера му пишав на докторот рече ако нее обилно тогаш во ред е ама јас се плашам многу и денес ќе проверам пак бета.. дали сте имале и вие вака во втората недела..
Ако провери, но во рана бременост се случува крварење. Седи дома, мирувај, примај терапија, сигурно си покриена со прогестерон. Колку долго траат кај тебе? Кај мене уште е стегнат, од синоќа, ноќеска и утрово си трае.
Да денес сабајле примив прогестерон еве денес ништо нема и вчера немаше само кога ставав кринон приметив како крв иначе вака ништо..
Јас сум 21-ва и мене ми се јавува такво стегање, ама пушта по некое време. Си викам бебево да не се превртува. За контракции е рано.
Мила,имав ја. Кога го направив тестот одма после тоа 10ти ден отприлоика,5 дена ме бележеше розево само на тоалет. Направаив 3 теста и 2 бети И после во 5та недела на 2 пати имав сукрвица,која се појави само по еднаш исто на тоалетна.Бев и на преглед тогаш,дека беа две и од што се вгнездуваат пукаат капилари на матката,мн честа појава во близначка бременост(ѕака ми објаснија 3ца др) Сигурна сум дека е се во ред,но Направи си бета за да бидеш мирна.
Нормално е Мими, веќе почнуваат лажни контракции, ич да не се тревожиш. И јас почнав да ги осеќам последнава недела (31ва). Инаку, баш поврзано со грчевиве, ноќеска сум имала хорор ноќ, грчеви во стомак, бебево како да правеше салта во стомак, па топло дома, сто пати станав, те да се пресоблечам, те да отворам балкон... Па и малава болна со напади на кашлица и неа тинтрај ја со сирупи и спрееви за нос... Сум поспала некој саат па кога почнаа да ме фаќаат грчеви во нозе, леле мајко! Едвај ми се опуштија мускулите за да можам да станам од кревет да се напијам магнезиум, сами бевме дома, немав кој да ми донесе. Тоа ми беше трет магнезиум директ за 24 часа. Изгледа ќе морам да зголемам доза, со еден ништо не правам. Утрово исто така официјално прв пат го осетив ова бебе како штуца @saramila09 со лесно да си ја износиш бременоста
@Kitten тоа што постојано е стегнат стомакот, исто се смета за контракција? Од вчера, уште ми е стегнат, ептен затегната кожата. Се плашам да не биде многу предвреме. Опиши ми какво е чувството кога ика? Не можам да распознаам...а многу сакам.