Па веројатно кога одеднаш го осеќаш како се скаменува, па после неколку секунди се опушта. Икањето е како рамномерно пулсирање во стомакот, на секоја секунда, и трае долго Некои 10-15 минути му треба да се смири.
Даааа....такво нешто имам осетено повеќе пати. Аиии душички наши . Душо, стегањето кај мене не попушта, си стои така стврднато од вчера. Ќе зголемам на магнезиум, ако не, подоцна на дежурен/ургентен во Систина.
@Mimmi39 сега препрочитав што си пишала, дека од вчера ти бил скаменет... Тоа не е контракција, неможе да те држи толку долго. Веројатно само бебето завземало друга положба па ти се оптегнал стомакот.
Не изгледа лошо. Важно е да се дуплира на два дена. Кога ќе стигне вредност околу 1000, ќе може да се види точкичката на ехо. Измери повторно во понеделник. Кои беа претходните бројки?
Нема потреба веќе да правам 2 пати и 2 теста имам направено докторот ми кажа нема потреба веќе.. за 2 недели ќе слушаме срценце
Тогаш не си прави непотребни стресови бетата правилно си расте ти гали мешко слушај доктор и ќе биде се ок.Уживкај
Мила супер расте бетата,немаш потреба од повторување и стресови. Сега пробај да си се опуштиш(знам дека е тешко) уживај,одмарај и за 2 недели
Девојки 6 недела сум, ставам кринон гел. На почетокот ми излегуваше бело како урдичка многу малку, а овие два дена цели грутки ми излегуваат, дали некој има овакво искуство.
Хахаха и јас понекогаш така си мислам но откако го преживеав тој страшниот вирус со температура и Многу страшно кашлање и не излезе тогаш сигурна сум нема да излезе ради тврда столица Јади повеќе овошје,зеленчук и пијај вода.