На крај како заврши се? Кога се породи? Сега размислувам, дали можеби и храната влијае на растот.?! Последнве 2-3 недели јас сум главно на протеинска храна (така ми препорача др.). Денес ништо не ми кажа за храна, а јас не ни прашав, но сакам малку да вклучам и јаглехидрати.
Не се сеќавам кое меше имаше пишано за топли бранови кај нозете, па кога ќе ме прочита молам да ми пише, сакам да прашам нешто. Инаку, редовно ве следам и многу сте ми интересни за читање, едвај чекам да ви се придружам
Не не,уште не сум породена 31+4 сум Не мислам дека видот на исхраната игра голема улога,исто јадев и кога качи 400,и 200,само многу суво овошје внесував,ради плодовата вода.
И овде си пишала со лесно мешко овој пат до крај се да биде во ред ти кажале веќе после 2 недели е најдобро да идеш до тогаш гали мешко и уживај
Јас ги чувствував на крај некаде. Некаде и читав за синдромот. Некое безвезе чувство ми ствараше. Прашај слободно што те интетесира.
@Mimmi39 мене последно кога ми го мереа бебето на ехо беше скоро 3 кг. После тоа бев уште 5-6 пати и докторот не ми спомнуваше тежина. Ја родив 2450 грама. Така да мерките од ехото ич не ми се веродостојни. Битно нека си напредува и сѐ друго да биде во ред. Без грижи.
Има прв втор и трет. Се почнува со прв и како се ближи терминот истата зрее и на пораѓај се оди со трет. Која недела е она?
Мешиња,некогаш приметувам на стомакот на одредено место како ептен стврднато(приметувам кога го галам мешко) претпоставувам бебушите се имаат оптегнато таму,после некое време се враќа во нормала,па после може пак да се појави пр на друга позиција.18та недела сме,претпоставувам ок е не нешто страшно. Не ми се пишува на др.за ова,на контрола секако ќе прашам.
Во тие месеци кај мене сеуште бил прв степен на зрелост, но секој случај си е посебен. Докторот ќе следи состојба доколку мисли дека има потреба од истото.