Цела терапија освен овунорм но имам уште малку да не ги фрлам ќе ги испијам и декортин полека ќе го прекинам по една на ден после 4 дена потоа по пола и на крај една четфртинка и така ќе го прекинам иначе друго пре мама естрофем кардиопирин витамин д прогегестерон депо метформин ќе продолжи до 12 недела потоа ќе каже што како..
Еве ме цела вечер неспиена, температура до плафон крајниците бели пуни гној целата се тресам ,трески невидени ми се плаче од мака веќе Додуша и киселините и мешето си го направија своето...
Оф што не претрпе зс тоа бебче .. јас еве главоболка константна и проблеми со непцата. Ни гингивал не помага ☹ ајде само за брзо и лесно да биде !
Беше кај матичен?? Можеби си за антибиотик не си играј, да не станеш бетер... Гнојна ангина имаш најверојатно чим викаш полни крајници бели..
Добро утро мешиња! Примате гости во темава? Нова трудница,но по трет пат. Мајка на две момчиња. Осма недела. Тука сум за дружење и секако совети.
Бев прееска ми препиша оспен 1500мг на 12h ,ај за мене ќе помине ама ми е страв инфекцијава на бебево да не му се префрли ...
Мешиња и ние бевме на преглед. Слушнавме срценце и го видовме бебуш. За десетина дена пораснал 9 мм. Сега сме 7 недела и сме 12 мм. Закажано ми е во 12 за брисеви и за приска. Јас сум со многу мачнини. Не можам ни да спијам ни да јадам. Лошо ми е а да повратам не можам. Градите ме болат не можам да ги допрам. Одреден вид на храна и течности не можам да мириснам а не да ги внесам во себе.
Додека е во тебе нема гајле, затоа гледај лечи се додека не си се породила.. Ајде со антибиотик ке помине побрзо..
Ќе пројде брзо... И јас бев таква еден краток период во прво тромесечие. Не можев да влезам во пекара за ѓеврек да си купам, одма нагон ми доаѓаше, а не можев да повратам. Нормално е. И мене градите ми беа преболни, уште ми се само не до толку. Отечени, суви, вруќи - како греачи ми се. Лета времево... Како вчера да беше кога чувме срценце. Кога мерев јас колку се 12мм. Си гледав на работа на едно лењирче. Сега веќе бебето ми е поголемо од лењирчето, барем така го измерија на последен преглед. Како ми летнало второво тромесечие, дур трепнав. Добро, уште не прошло.... 24та недела сум... 16 до крај (грубо кажано). Како летнаа 24, 16 уште побрзо ќе пројдат. Не ми се верува дека за две недели ќе го заокружам второ тромесечие. Се осеќам супер преку ден. Ноќе не до толку. Во кревет како слонче се осеќам. Кај и да е ќе ми треба гурање за станување. Не дека сум многу голема, ја дури мислам дека ми е мал стомакот и дека не доволно се поправам. Околу 4кг имам качено. Тоа таква сум на моменти. На други моменти се осеќам како куковиве да ми растат со брзина на светлината, ко раширена во газот сум си. Башка што и ноќе ме болат, па ептен ми се совпаѓаат приказниве. За две недели и на следен преглед. Сега не сум толку нетрпелива затоа што го осеќам дека мрда, знам, тука е, мрда, живо е. Се спремаме полека, разгледувам колички, креветчиња, облеки, пелени, чорапчиња, капчиња... абе чуда. Од мај здравје план ми е нешто полека да купувам... колку да не дојде се наеднаш. Сакам се да ми е спремно кога ќе отидам во болница. Имајте убав ден мешковци...
Ако си дома лежи си мижи си и одмарај си ако си на работа барај боледување пошто тоа е многу тешко да се истрпи и дома кога си а не да идеш на работа
Ништо нема да му биде на бебето, но ти обавезно пиј си го антибиотикот, ради себе. Гингивал стварно не помага. Миј заби со Парадонтакс паста, мене ептен ми ги смирува и престанува крварење. Уште не сум се наканила а и неможам да најдам време да одам на забар да ги исчистам
Не ми крварат само ме болат. Па ги премачкував и ставав лек ама ништо,вчера на дежурно бев од јаки болки само во едниот дел добро па не ми се забчињата ама денеска како и да е ќе идам кај матичната да ме ѕирне што е сигурно сигурно е ☺
Апетитот ми е на нула,јадам со сила зошто морам,и нон стоп сум уморна луѓе само лежам,спијам.. Во понеделник имам закажано,да видам што ќе ми рече докторката.
Сега во понеделник ми е прв преглед,инаку до сега земав само фолна киселина. Се трудам да јадам овошје и зеленчук кој содржи витамини.
Сакам да ве прашам вие што сте во порана бременост, дали ве боли стомакот како за добивање? Сега сум 5+5. Ме боли скоро цело време, издржливи се болките, викаат нормално било, се шири матката ама мене ми е страв
Нормално е.Одмарај се. Лошо е ако се неиздржливи и крварење. Особено ако ти е прва,баш се шири матката.Со лесно.