Jas sum 8 nedela i me boli taka stomak od pocetok,mnog me nervira i jas ne znam dali e normalno ili ne
Јас имав такви болки периодично се до 3-4 месец. Ми беше страв, прва бременост али се било нормално така да не се секирај
Девојки, 34 недела сум. Бебево некако многу ми е активно. И напнат некогаш го осеќам стомакот. Нормалноли е? Прва бременост ми е
Девојчиња секоја мала издржлива болка во меше е нормална. Значи целото тело се подготвува да смести нов живот таму прво матката се здебелува и шири, органите полека се поместуваат карлицата се шири коскената срж работи забрзано да обезбеди нови крвни клетки за да го снабди бебенцето а со тоа се зголемува и волуменот на крв кој циркулира низ вашето тело што пак од друга страна повеќе го оптеретува вашето срце бидејќи пумпа поголема количина на крв од претходно. Бременоста треба да ви биде најубавиот период во животот, тие слатки маки ќе ги имате мал број пати (во зависност од тоа колку деца планирате да имате) опуштете се и радувајте се на секој момент бидејќи трудничките денови многу ќе ви недостигаат по породувањето (особено мешето). Со лесно на сите
Температурава никако да се смири смеам инфузија да примам да ме освежи бар малце ? Немам сила до вц да појдам 39+3 сум..
Не , неми спомна матичната парацетамол само оспен ... испаѓам маза ама стварно грипов одеднаш ме соборе ... неможам да издржам
Смееш инфузија. Можеш и електролити да си земеш од аптека да пиеш за да не дехидрираш од високата темп. Ти посакувам побрзо оздравување
Ајде собери сила за бебчето. Парацетамол. Лимон. Јогурт Ајран направи си тоа доста помага. Електролити да не дехидрираш и ако е повејќе лошо на доктор појди си. Брзо да оздравиш!
Секако дека смееш... јас сум примила, имав вирус, (со повраќање и пролив) и многу ми помогна. Само напоменав дека малку горе ми беше шеќерот во текот на бременоста, и без шеќер ја примив инфузијата. Со помин нека е!
Да нека ти стават натриум хлорид инфузија од пола литар и внатре нека стават ампули со вит. Б1, б6, б12 и вит Ц. Пиј парацетамоли на 6 часа денес и утре без разлика дали имаш температура или не, ќе те освежат малку. За раѓање си мораш веднаш да оздравиш, не се потпирај на природна база, направи го ова шо ти велам безбедно е со гаранција прашај кого сакаш ќе видиш. Со лесно
И мене ме болеше. И долниот дел на стомакот,под папокот. И препоните исто. Женички а денес забележав отечени ми се нозете. Некоја со слично искуство? Нормално ли е?
Намали со солено, отоци може да имаш од повеќе сол во организмот, се задржуваат течностите... која недела си? Секако не е нормално да се отекува повеќе. Јас прва бременост отекував, ама признавам си јадев посоленко и повеќе килажа имав... а втората бременост ниту еднаш не отеков.. Само знаев ако сум повеќе на нозе да приметам да ми се потесни малку балетанките, што порано од долго стоење и нетрудна ми се случувало тоа
Сакале нејќеле се ќе трпиме за едно мало срценце што расте во нас. Дали повејќето имали несоница,гадење повраќање,низ какви маки поминуваме само ние си знаеме и на крај коа ќе речат изгледа на татко му. Па не знам што повејќе од тоа. Секако ќе личи,дали повејќе или помалку тоа е. Од љубов се направени,од господ створени. Јас еве 36+1 сум си го очекувам кај и да е само со лесно ! Се извинувам за постов