@Vennera.aa и јас ја користев Ovia Pregnancy, како што препорачува @Lejlaah. Буквално секој ден имаш неколку новости поврзани со бебето и развојот А и еден куп други информации за бременоста општо. Сега си продолжив и со Ovia Parenting, на истиот принцип работи
Мислам дека повејќето информации тамо ги дознав. Секоја чест. Се надевам дeка ќе продолжиме и ние со Ovia
Добро утро стомачиња ! Ние утрово откривме што ни годи,па така си појадував двопек и чај од нане кој баш добро ми дојде. Ако има некој слични мачнини,нека проба.
Мешиња помош! Имам воцкање од вагина нагоре ми иде кон матка. 25 недела сум за магнезиум е работава или за на доктор?
И јас сум 25 од денес и слични боцкања имам, со мирување и магнезиум ги снемува, ама ќе ја прашам Др.вечер дали се нормални или не. Коа ве читам за лесната храна срам ме фаќа, цела бременост со хамбургери ја поминав,толку стрв во животот за брза храна не сум осеќала ко сега последното тромесечие сакам повеќе со овошје и зеленчук да го минам,ама ќе видиме.
Јас од денес ја раситнив 25та недела и бебево многу ниско доле ме мава. Живи паники ме фатија, кај тргнало толку надоле. Се над папок ја осеќав.
Ја симнав оваа Ovia Pregnancy е поубава со повеќе информации додека другава само одбројува недели ми се допаѓа ќе си ја чувам фала ви
Добро штом на двете ни се случува мали се шансите да е нешто страшно . Пиши вечер што ќе ти рече докторката . За храната јас имав такви желби во почетокот а никогаш не сум јадела у живот тоа и од кога престанав да повраќам си јадам нормално . Ама знам мешиња што цела бременост тоа јадат и здрави и прави бебиња имаат.
Девојчиња, на самиот почеток имам еден мал незгоден проблем, па да се консултирам со вас. 2 до 3 пати дневно менувам долна облека бидеќи имам чувство дека нон стоп сум мокра Многу често имам потреба да одам во ВЦ поради мала нужда, но, проблем ми е кога сум излезена.. Па дали може да си ставам од секојдневните додека сум надвор? Кога ќе си дојдам дома да ја извадам.. Ептен на почеток сум, 5 недела 4 ден по апликацијата.
И јас сум истата цело време сум со секојдневни влошки на саат ги менувам и одмивање само со вода кога си дома и имаш прилика
Никогаш не сум користела секојдневни,поради истиве причини прашац др. дали да ставам барем кога искачам,ми рече никако само гаки мењање често.
@Chanell* Само јади си тоа што ти се јаде,камо среќа јас да осетам стрв за нешто. Кога ќе се ни се родат бебуши, здравје, се ќе се врати во нормала.
Да @Tukituki , поради истата причина и јас сум скептична.. Никогаш досега не сум ги користела, ниту помеѓу циклуси.. Ќе се обидам да менувам почесто долна облека.. Ти благодарам за одговорот
Јас секојдневни влошки користам повеќе од 10 години и никогаш сум немала некој проблем.Многу почисто се осеќам зошто многу ми е шубе да сум со мокри гаќи а и почисто се осеќам.И во бременост си ги користам не знам од што би имало штета? Докторот ми рече слободно не е проблем само да гледам да се без парфеми.Секоја вечер одмивај се со чај од камилица и немаш гајле.
И јас го имам истиот проблем и чуствувам како да ми тече нешто но без секојдневни неможам секој ден си ставам и често ги менувам
Па зависи кој како е осетлив . Мене улошките ми прават чешање. И сега имам чешање без нив ама со нив ќе ми биде полошо. Штом си немаш проблем терај си .
Да, да и јас го имам истото чувство!!! И дека сум на почеток, сѐ мислам дека сум прокрварела Морам да се опуштам!! Но, додека не ми потврдат на ехо, знам дека ќе бидам на штрек..
Јас веќе 7ма недела и оп чуствувам дека ми тече одма на крв мислам.. се плашам дур влезам 12 недела па тогаш посмирена ќе бидам.. а која недела си ти душо??