И кога го пиеш после јадење? Тогаш смени го, нека ти смени докторот. И јас пијам хеферол и вит. Ц, но немам тегоби.
Исто и мене од хеферолот. И големи проблеми со столицата имав. Пред раѓање хемороиди од нив си добив, едвај ги средив. Глупава сум, гинекологот ми даде да пијам од нив и јас ајде тие нека се, да слушам лекар, а многу пати пред бременост сум ги пиела и знам дека ми прават проблем
После јадење ми препорача,така и праев..Друго ништо не ми дава Со столицата,хемороидите од како знам за себе ми се тешки. Тврда столица секогаш. Хемороиди нон стоп. Мака мачам
Пробај со многу вода, околу пола литар. Колку што знам, тој дава добри резултати за крвната слика, ја подобрува и е безбеден во бременост, може затоа не сака да ти смени.
Девојчиња, Ве читам. Тие што имате проблем со ниско железо да си пробате со смесата што ќе ви ја пишам?! Брзо го покажува, а сѐ е природно.. Иако пишува по една лажичка, јас некојпат јадев по три Од 13, за три недели со редовна консумација на смесата и салати и сокови со цвекло, ми се покачи на 25.. Исто така пиев и какао..
@Lejlaah како што пиша @kostarika за фероглобинот исто и јас од нив немав мака ни со столица ни со желудник. Немав ни од феролинот.
Од вчера почнав со Утрогестан, по препорака на специјалистот од Систина. Не сум имала крварење, но, рече додека да слушнеме срценце да ставам 1 навечер од 200мг вагинално. Откако станав осеќам повремени бодежи од десната страна, помеѓу папокот и препоните. Ќе почнат, и траат 2,3 сенкунди и прекинуваат. Се повторуваат, па ги снемува. И така цел ден. Ги осеќам повеќе на лежење, но, и во седење, мокрење и движење, дури и на издишување.. Како пулсирање.. Бев кај матичната, ме виде на ехо, овојпат се виде плодот. И рече дека сѐ е во ред, нејзина претпоставка дека е од Утрогестанот.. Зарем може таква реакција да даде? Мене ми е страв да не почнало слепо црево да реагира
Не би требало да е од утрогестанот. Нормални се такви боцкања на почетокот, се развива нов живот во матката, ќе почне да се шири. Слушај си го докторот од Систина, а на матичен лабаво, оди заради редовните лаб. анализи, да ти дава упати. Опуштено
Јас сум со утрогестан од 9 недела и освен притисок на бешика и досадниот исцедок немам такви проблеми напротив кога го ставам ми поминуваат пецкањата.. сега имам ко пецкања кратко траат ама дека мешко наеднш расте 24+4 и магнезиум и одмор ми помагаат..не верувам дека од него ти е така а и нормално е во првите месеци такви пецкања се шири матка само да не се јаки и неиздржливи
Ви благодарам @Mimmi39 и @baby 5 . Подсмирено е од прееска. Дали дека лежев и одморив, се подповлече. Ептен дека беше на десната страна, па ме фати некое шубе..
Женски сте правеле ЕМГ на тонус на матка? Денес бев и ми кажаа дека за 15мин нормално било до 5 контракции јас сум имала скоро 10... Па строго мирување и утрогестан. Инаку 23та недела сум.. Некој слично искуство??
Па кога бев кај докторката се пожалив на грчеви и ме праша дали сум правела тоа као дека трудници го правеле. И отидов денес...
Чувствувам мн притисок во долниот дел и ме тера мн по мала нужда, но кога одам тоа не мала туку минијатурна нужда ме притиска ко да мислиш цела кофа можеш да наполниш а дали само 4-5 капки мочам ... има ли место за паника ?што значи ова ?
Какво е па ова сега испитуваање..инаку и јас си имам грчеви ама со одмор утрогестан магнезиум се смируваат.. сега ме замисли малце.. каде го правеше ова испитување?