Добро утро и од мене. Јас денес бога ми поспав убаво 8ч непрекинато Во однос на болките ги имав и јас преку ноќ, но моето ми се чини е матката, се надевам дека е од ширење и сл. А да се пофалам денес сме 31н. уште само 5недели и спремни сме за овој свет се што ќе биде + е добредојдено. Дневната доза на витаминска бомба ја почнав, чинија полна јаболка и праски, па повелете Инаку ова го практикувам веќе одреден период, со оглед на тоа дека престанав со пиење на витамини. А планирам здравје неделава што доаѓа да проверам крвна слика, па ако има потреба , не дај Боже да интервенираме пред крај
на здравје меу, ајде само со лесно и ке се гушкате со бебецето за малку, сигурно си мн возбудена и јас кога станав изедов една банана ( од овошје само банани и праски јадам ), и сега се мислам шо да јадам, ама некако во последно време ама ич неми се јади и од се ми се лоши... а морам да јадам сега треба да се напијам и апчиња, како да сум бремена неколку недели а не уште малку 5 месеци
Па да ти кажам не сум нешто посебно возбудена, веројатно ќе бидам кога ќе бидеме полни 35н и некој ден , вака сеуште сум стегната и со мисла се да биде како што треба. Засега само правам списоци, односно го допишувам списокот, што треба да се докупи, за ако остане на маж ми да купува да не лута, запишувам што каде има , да знае и во кои продавници да оди. Па така полека полека се спремам , си гледам клипчиња со природни пораѓаи за да знам од прилика што ме чека По фино се осеќам кога сум за се информирана, не сакам нешто да ме изненади, по спремно се осеќам кога го знам редоследот. Другарка ми се породи пред помалку од година и два пати веќе ми има раскажувано што како, но ќе мора уште еднаш обавезно да ми повтори пак се со ред И така времето поминато дома во кревет, го користам повеќе за психичка подготовка, кога веќе неможам и физичка. Инаку за јадење јас се помалку јадам, едвај еднаш на ден колку да не сум без ич. Бебушот си притиска на се живо, па така ако јадам потоа неможам да дишам имам чувство дека ќе се задушам, затоа по малку , а во меѓу време ако осетам глад грицкам бадеми и лешници или едни овошни житарки. Абе женски , имате ли слушнато за Спирулина која можела да се пие во бременоста за подобрување на крвната слика???? Дали е ова истата
Добар ден Феминки Како сте денес? Гледам дека некои станале рано и се жалат на болки во мешето па се надевам дека веке се чувствуваат подобро.. И јас станав рано околу 6.30 но околу 9 пак си легнав и спиев до 11. Овие неколку дена баш спијам за разлика што предходно се будев на секои 2-3 часа. Ви посакувам убав ден на сите... meU сестра ми пие спирулина, но она ја пие за имунитет и баш ја прашав сега, рече дека е наменета за трудници, но исто ми кажа дека имало неколку вида од кои некои биле диетални така да најдобро ке ти биде да си прашаш стручно лице или во аптека сигурно знаат кој вид е за бременост...Инаку била многу добра и здрава за пиење
јас за ова незнам, ама другарка моја која е веке девети месец бремена, ми кажа дека во бременоста пиела гроздов мед, и многу и помогнал како за крвта која и ослабнала многу , така и општо за имунитетот, и се подобрил и јас се мислам да си купам овие денови и така имам мака со имунитетот, па се надевам ке ми помогне и мене
И јас пред две години имав земено гроздов мед , но неможев да го пијам, гадно ми е. А за ова Спирулината имам читано дека ја подобрува крвта. Последен пат кога проверував крв ,. пред два ипол месеци, ми беше на долна граница, па затоа мислам дека ќе има потреба сега од нешто дополнително за да ја појачам. Читав дека и други трудници ја пијат, ама не знам која врста. Баш ќе се распрашам. Јас правев и сок од цвекло, ама неможам , ми смрди
Тие биле железо, ако не се лажам . Читав и за нив, ама многу се жалат, викаат дека тешко ги поднесувале, затоа не ми се зимаат овие.
Доколку ги раствориш во сок од портокал и ги конзумираш со јадење, никако на гладно или со млечни производи нема да имаш проблем. Бар јас немав никаков.
како сте денес мешенцааа.. јас сум жива ненаспана не знам зошто ама многу време ми треба да се наспијам.. Бебушка изгледа пораснала па веќе клоцањето станува болно, на моменти осеќам дека ке ми пукне стомакот имајте убав ден
И јас сум наспана денес а и овие денови конечно, бидејки до пред некое време на секои 2-3 часа се будев.. Баш убаво што си ја чувствуваш бебушка, и јас одвај чекам да дојде тој момент (рано ми е уште 9 недела сум ) верувам дека иако понекогаш ете можеби е болно клоцкањето сепак сигурно е прекрасно чувството Поздравче и имај убав ден..
на почетокот не е болно , напротив многу е убаво, ама сега откако влегов во 9ти месец изгледа порасна повеќе па понекад знае и да биде болно клоцањето , ама ако само нека си мрда оно
ај ве молам кажете ми како се справувате со главоболката??? прв пат ме боли олку многу главата, се напив кафе со лимон, испив многу течности ама уште многу ме боли, дури и осекам и забите ме болат се мислам дали смеам да се напијам б6 затоа што веке пијам по 2 пати на ден б-комплекс???
сега читав на инт дека помагало кока кола со лимон, ке пробам уште тоа, па ако не ми помине ке се напијам парацетамол
Не е страшно да се напиеш еден парацетамол ако веке ништо не ти помага Исто и јас кога бев бремена кај 9 месец ме фатија болки неиздржливи со забите и се напив парацетамол Не е штетно за бебенцето
меУ багабонтка е. Осеќам ќе ги тепа децата во маало. Ово дефинитивно на татко и ќе да е, него не го држи место две секунди. Љубице не се мачи со главоболка, напиј се парацетамол, и мене гинекологот ми дозволи да го пијам. Не е ништо страшно или опасно. Аналгинот е лош и треба да се избегнува.
да ви кажам сум испила две чаши кока кола со лимон и ми помина главата, сега дали од тоа или и од кафето и се заедно си дејствуваше ама ако ме заболи пак ке си се напијам парацетамол фала на сите
Нека ви се со среќа маженцаа калас и лјубица, а тебе унике со лесно нека ти биди шо побрзо да си го гушкаш бебушко! Мене ме снема некој ден кај мајками сум на одмор и си се одмарам баш убаво колку што е можно ве читкарам гледам некој спомнува царски или природно јас сум секогаш за природно да се породам освен ако недојде некој X случај како кај сестрами која си одеше цело време природно но на крај излезе царски не се отвори доволно тоа е навистина до организамот, а за млеко многу малку му дојде па да речам скоро ич ама нема тоа врска, една друарка си закажа царски па си имаше млеко нај нормално дури и повеќе од една година за првото а за второто исто беше царски ама ич не му дојде млеко, така да нема врска зависно од организам Лјубица лек за главата да си ставиш жив компир крукчина сечен и така да си спиеш многу помага да знаеш со некоја крпа ке си ги врзиш на челото Поздрав до сите!!!!
и мене многу ме боли глава во последно време затоа најверојатно сум и жива ненаспана.. ануле јас ова со компирите го практикувам скоро секој ден , така заспивам па ги бркам сабалје по кревет хаха..