Имав контракции. Појдов на гак . 1ипол отворена. А на цтг ништо од контракции . Ми дадоа инекција ми рекоа да шетам па да видиме ако има контракции на цтг да останам..
Мешиња јас сум 6+6 денес, требаше да одам за да слушнеме срце вчера ама матичниот е на одмор до петок, ме боли често стомак (знам дека е нормално ама имам голем страв заради спонтанот претходно) па незнам што да правам, дали да чекам до петок или да одам приватно? Што мислите?
Ако не ти се чека до петок тогаш оди на приватно и така ќе бидеш посмирена нема да седиш со страв до петок ќе ти олесни малку.. а за болки нормално е по малку да имаш јас сум 8 ма недела а докторот ме води 7 и имам болки..Со лесно
Леле и јас имам болки како пецкање одвреме навреме и ќе ме пресече неможам да се исправам, зедов магнезиум директ последниве два дена ми намали мислам дека е нормално ама ако ти е мерак оди на преглед, петок ќе одам јас на контрола за потврда а се надевам ќе има и срцева акција тогаш ќе сум 7+5
Мене докторката ми кажа дека во бременост е дозволено да се покачени до 15, односно се сметаат за нормални вредности
Има подтема бременост со близнаци,разлистај и прашај таму. Која недела си?Прашивам зашо и ја сум близнаци,ама до пола сум стигната.
Не е баш соодветно за интима бебешки шампони и сапуни, се нарушува природната пх. Јас немам сменето интимен гел од пред да останам трудна, си користам Генера со пх 4.5. Сите брисеви цела бременост ми се уредни,а не користиме ни кондоми Во врска со печењето или појава на кандида додека ставате утрогестан, мојот доктор ме советуваше еднаш во неделата да ставам Полигинакс, а тој ден утрогестанот да го пијам. Имаше ефект, ми го смируваше печењето од утрогестанот. Инаку, јас веќе се осеќам како топка, и сум во фаза "неможам више"! Ја раситнив 35та недела, секојдневно имам грчеви во нозе и лажни контракции, а бебево удира баш жестоко, на моменти многу здоболува На работа повремено ми е тешко, па сите некако со оној поглед како да ме сожалуваат, ама на "клиентите" нешто не им е гајле Незнам сега дали воопшто имам право да барам обично боледување или ќе морам да си го отворам породилното ако сакам да седам дома...Некоја со искуство?
И јас од денес 35та. Не да удира, растура . И горе и долу. Ама ако, нека мава, нека прави акробации, не ми смета тоа воопшто, туку стомакот почна да тежи и да “влече” напред. Мене ми заврши комисиското боледување, сега сум на одмор (стари денови) и после планирам да побарам 15 дена боледување од матичен. Така што, консултирај се, и на работа и со матичниот, и породилното отвори го најдоцна што можеш.