Па тоа и јас викам, дали можам обично боледување да барам, барем една недела, добро ќе ми дојде за да потсредам дома. А планирам, ако се е во ред, да чекам за породилното до 28ми мај, пошто претходно 24-27ми имаме продолжен викенд, значи 23ти да ми биде последен ден на работа.
Само од општ лекар. Гинеколог не може боледување да пише ако веќе си 45 дена и помалку пред пораѓај, освен да отвори породилно.
Здраво мешковци, и кај мене мешко тежи некогаш се осеќам дека готово ќе испадне бебе од него, а за акробации и прчење, тегнење стомак во офсајд ми е. Мм вика леле ова немирно има душата да ни ја извади и за ќерка што е мирна, ама ако само да е здраво и живо да ни дојде на свет, па после ќе му ја мислиме. @Kitten ние сме тука негде со термин, и јас имам болки во мускули, колкови и половина, сега и некоја глупава алергија ме фати леле неможам да дишам. Ај доста е за денес, добра ноќ и мирен сон.
Ти си пред мене, јас имам закажан царски на 18 или 19 мај. Ај добро утро, утрово кога станав одам во вц и се гледам на огледало и некако како стомакот да ми се спуштил, не знам што е дали така треба, со првата бременост се спушти пред раѓање, ова сега а во вторник сум 35 полна. Ај доста е од мене, имајте убав сончев ден.
Јас уште на патолошка контракции има. Болка има ама 1ипол отворена од вчера Стомакот спуштен уште од 35та. Ајде на лесно само и се ќе биде. Имајтр убав ден труднички
Јас цело време имам такво чувство дека стомаков е спуштен, за разлика од првата бременост, ама изгледа се филмам @Lejlaah со првото дете бев 1 см отворена уште од 33та, а истерав до крај до последен ден. Само ако не се засилат тие контракции кај тебе. Како и да биде, со лесно!
Ќе те пуштат ако состојбата е стабилна, нема да те држат сигурно. Веројатно сега чекаат дали ќе продолжиш да се отвараш. А контракции сите имаме во 9ти само работата е колку се јаки и константни.
Незнам дали е за тука. Може ли да ми кажете дали ми е добра крвната слика, во вторник сум на гин. Инаку сум 8ма недела. Тенкјуууу
@sandrice25 ovie krivi sliki se najlesni za gledanje gledas analizite dali se sovpagaat da ne se podole ili pogore od referentnata vrednosti. Vaka se ok ne sum doktor no toa e moe mislenje
Има ли уште некој мака со низок притисок во бременоста ? Мене и онака ми е низок,ама денес претера...
Јас имам мака со низок притисок.. ама знае и понекад горе да биде сега во бременоста ми се качува иначе не се десило никогаш порано..
Женички, морам да ви пишам, и да ве прашам дали и на вас вака ви било.. 6+2 сум. На 5+5 бев на преглед, и се гледаше само сакус. Ми закажаа контрола по 2 недели. Меѓутоа од четвртокот чувствувам болка, како пулсирање, кое кратко трае, меѓутоа се повторува во текот на денот. Четвртокот беше на десната страна, петокот шеташе болката по целиот стомак, дури и до препони од левата страна. Тогаш му пишав на докторот и ми кажа да ја зголемам дозата на Утрогестанот (3х1). Вчера помалку ја чувствував. Денес дури ме разбуди рано сабајле и е околу папокот и фаќа накај десната страна. Повремени како менструални болки. Издржливи се, но, дали е до хормоните, денес ме тера на плачка целава ситуација. Немам никакво крварење, ама сево ова ме плаши.. Дали има потреба да одам на дежурен?! Или да си ја чекам контолата за една недела?
Јас, ама на почетокот на бременоста. Сега знае некогаш да ми е повисок, кога времето нагло се менува. Со кока кола се враќав во нормала.
Јас имав периодични болки се до 3-4 месец. Ставав утрогестан 200 сабајле и навечер и фала богу се беше во ред. Мислам дека треба да си го послушаш докторот затоа што ако ако имало нешто секако ке каже да отидеш на преглед. Сите сме испаничени на почетокот, ма да јас постојано сум во страв дека прва бременост за два дена 30 недела ке бидам
Одлична крвна слика! Нема што да те загрижува. . Во наредните месеци може да се менува, пр. да се намали хемоглобинот, што е нормално во бременоста.