Девојки едно прашање. Утре одам на преглед за 12 недела и треба да ми ги направат потребните испитувања. Какви се тие испитувања, дали треба да бидам гладна или најадена, дали треба мокрача и дали треба на полна или бразна бешика? Ви благодарам однапред на помошта.
Најверојатно мислиш на скрининг и приска.Ќе ти земат крв,па споредуваат резултатите со мерките на бебето од скринингот.Може и најадена да си.Така ми рекоа мене,но ја сепак гладна отидов.
Здрав и жив да е бебуш а тебе побрзо опоравување, се ќе помине и се заборава остануваат само убавите моменти
Женички, а како се справувате со алергија? Секогаш кога ќе почне сѐ да цвета, носот ми тече, очите потечени, кивам многу.. така и сега.. 6+5 сум, незнам што да правам?! Бев кај општиот доктор, и ништо не сакаше да ми даде, ама мене ми е страв да не влијае лошо..
Подобро да не примаш лекови,премногу рана е бременоста,прскај некој спреј и не се движи многу во треви.
Јас денес бев на гинеколог,5 ипол недели сум ми потврди бременост сеуште сум некако збунета и јас и мм ми рече да дојдам за 10 дена да слушнеме срценце...Е сега вака ми кажа Не смееш депилација,не смееш да се фарбаш не смееш гел нокти да правиш и не смееш сеа за сега секс да имаш...Леле си викам ова тешко ќе биде... некако страв ме фаќа,вика додека да дојдеш за 10 дена многу треба да се пазиш најкритични денови се..Така ви кажаа ли вас? Ми рече вака се е во ред и ми извади некој лист за здрава храна и работи што смеам и што несмеам да ги правам
Се што ти кажала треба да го прифатиш. Нема ништо тешко. Критично е до 12-14 недела, така што, пази се, ама и радувај се.
Се радувам,многу се радувам и јас и мм..Само дека од прва бидна и збунета сум уште ,многу брзо се случува се сега треба скроз нови начини на живот па затоа сум малку исплашена
Точно @monik55 . Девојки убаво ви пишала моничето. Секој месец ги правев гајле немав. Да не претеруваме до толку
Се е индивидуално ако некоја немала гајле тоа незначи дека секоја една нема гајле и што ако јас една на сто имам гајле, сепак процесот на ставање вештачки нокти на сите ни е познат хемикалии и зрачење е факт дека има и нема потреба да се изложуваме на нив посебно првите три месеци од бременоста за време на органогенезата. Се извинувам што ви упаѓам во дискусијата сепак и доктор ми го има ова кажано.