Тие она најважното не го приметуваат и не го кужуваат се запнал докторот за гелни нокти. Која меморија ја имам од лани за тебе
Јас ви кажав да не претерувате, а сепак вие сами ќе си одлучите што ќе правите. П.с. од дома не излегувајте бидејќи ув зраците од сонцето може да ви наштетат исто како и ув ламбата во процедурата за нокти. @monik55 баш така. Нешто сериозно нема да видат, ама предупредување за гелни нокти ќе дадат фана - нокти ти сум во меморијата Не прашав вода дали може да пијам оти бајаги хлорирана во Битола
аии што ви е бе луѓе? јас ви кажав дека првпат одам дека ми кажа дека се е во ред и што несмеам да правам.Зашто вакви драми ? првпат одам сакав од срце да се пофалам ...немислев дека вакви глупи коментари ке добијам
Ние се радуваме со тебе, верувај. Овај форум служи за делење совети споделување искуство заедничко радување и тагување. Добронамерно ти дадов совет али глуп совет и глупа ја поминав бременоста. Ќе се опаметам за следната ветувам и нема да терам мода Ти терај си по твое. Со лесно
па ув зраците од сонцето ув ламбата и хлорираната вода се саркастични коментари...не зборев јас за мода и слично него што ми кажале и не е претерување ако си одлучам јас лично за мене да ги извадам ноктите...затоа кажав дека нема потреба од глупи коментари,ајде батали секој со своите размислувања
А да не претерува твојот гинеколог? Треба да се одбегнува пушење и пиење алкохол во бременоста, ама нокти може да се прават. Јас и се фарбав. Сигурно нема да одам запуштена во косата девет месеци.
Па што знам може и претерува...Јас првпат одам како што кажав и затоа и ви пишав кои работи ми ги наведе...(нормално е да не се пие и пуши) а ова другово првпат го слушнав за коса и нокти.Ама ете мене ми е страв од било што да ризикувам има и замена за тоа ете лак за нокти и фарбање со други работи кна,или таму што имаше без хидроген бла бла како и да е секој си одлучува за себе
Душо, никој не даде глупи коментари, туку мајките споделија дел од своето искуство. Добро е да се слушнат различни искуства, нели? Но, ти одлучуваш како ќе постапуваш овој период. Ти слушај си ја својата докторка, не ти кажала лошо. Сето тоа е превентивно бидејќи најголемиот ризик е до 12-14 недела (не дека подоцна не може да има ризик). Овде не има на различна возраст и на различен начин сме дошле до бременост. Некоја од прва природно (како тебе, што е одлично), а некоја од нас поминала долг, тежок и скап пат до двете цртки. На пр. јас стигнав до бременост после многу инвитра, и во текот на тој исцрпувачки период, а потоа и во бременоста, не ни помислив на гелни нокти и депилација, а не па да го направам тоа. И пак имам убави и негувани нокти кои сама си ги средував (дури сега ми се поубави отколку со сите хемикалии на ноктите). Избегнував пудри, парфеми..... А за здрава храна....тоа треба сите да го практикуваме. Нема што посебно да менуваш во начинот на живеење. Секако, без алкохол или по некоја голтка црвено вино, без многу бел шеќер и бело тесто....не е воопшто тешко. Уште еднаш, со лесно бременоста!
Ти благодарам мила Најбитно е сите да сме среќни и здрави.Посакувам на сите да се фати од прва како кај мене,се надевам се ке биде добро мислам дека е нормално да имам страв од било што...
Еве ме денес, натажена само што се вратив од гинеколог, осум недели сум, ми рече дека гледа 2 во мене, но едното како да не било исполнето????? Рече дека не е сигурен дали тој не гледа или не постои??! Не можев да го сфатам, има постара апаратура, па ме прати утре кај друг...
Бременоста трае девет месеци и барем во тој период може да ги сведеме ризиците на минимум сепак секој со своја мисла и свое убедување, за синко година и осум месеци се обидувавме па кога останав бремена ми доаѓаше воздухот да го филтрирам, сега сум поопуштена ама сепак на горе долу истите работи внимавам
Мене ми е ок такви совети да даваат доктори, и тоа е дел од водењето бременост, а на нас останува дали ќе послушаме или не На пр. јас мислам дека депилација не е препорачливо, еднаш треба за да се направи инфекција или повреда. Ама ете јас одам, на свој ризик. Или фарбање, некогаш со години ќе користиш иста фарба, ама еднаш треба за да се направи алергиска реакција. Факт е дека во бременоста, барем кај мене е така, кожата ми е многу почувствителна, па многу пазам што ќе користам, затоа што ми се има случено да завршам со антихистаминик заради алергиска реакција од козметика што ја користев со години. Не се работи за тоа дали некоја трудница претерува или воопшто не се грижи за себе, туку мислам дека убаво е да се знае дека некои навики (нокти, депилација, фарба итн.) од претходно може да направат некаква реакција. Затоа секоја нека си го слуша инстинктот и докторот
Секој одлучува на своја одговорност дали ќе прави нешто или не во текот на бременоста и дали ќе ги слуша советите и препораките на докторот. Јас цела бременост еве ставам нокти, за депилација почекав до трети месец страв ми беше од инфркции. Од друга страна пак докторот уште на првиоиот преглед ми забрани вежбање иако вежбав секој ден повеќе од 3 ипол години. Јас не го послушав. Се осеќав дека можам да вежвам и еве веќе 30 недела дали 3,4 дена немам отидено да вежбам па бебе сегс за сега супер си е. Така да, секоја линост е различна, некоја се депелирала црла бременост некоја зскачила инфекција првиот пат и тоа е тоа. Мислам дека самите ние најмногу знаеме кскви сме и кој довети од докторите слепо ќе ги следиме.
Се е индивидуално. Се препорачува барем во прва третина да не се фарба, да нема гелни нокти, пиење и пушење секако не, да не се користи шампон против првут, средства за белеење заби, средства против акни... колкава е листата на шампони, креми, гелови за тушурање кои ни кога не е труден човек не би биле прв избор па следствено ни сега. Исто и со храна, односно сирива храна ули термички необработено месо/млеко/јајца. Изборот е наш и секој со својот за себе. Со доплер ултразвук. Се следи дотокот на крв во папочната врвца. И кај мене, кога бебе не качуваше на килажа или еден орган стагнираше, ми правеа редовно доплер.