Да, друго име односно лабораторија беше кај мене, но тој е. За проверка на Даун синдром и уште два други. Можеше од 9+0.
Ја видов темава ама не е активна. Затоа и тука пишав бидејќи е поврзано секако со бременост. Треба да одам на матичен и да кажам да ми дадат упат за трипл тест и во државна ли се оди или? Мене ми дојде чудно ја мислев дека ова е приска, нели и во 12та недела овие параметри се гледаат затоа чудно ми дојде и никој не ми го спомна испитувањето иако сум повозрасна.
Мешенца вие со 36та па натака сакав да ве прашам дали сте имале лигав исцедок жолт,парченца така? И колку време имате ? Викаат тоа е мукозен чеп,некој вели па баш и не е. Не знам дали е соодветна темава ама сакав да ве прашам
Четврток сум на преглед повторен за да се види плодот и срцева реакција, е сега прашањето ми е што мојот секрет кој беше бел и воденкаст постепено ја смени нијансата и сега е како бледо золт, не чеша не мириса. Болки имам како менструални посебно ноќе и со земање на магнезиум директ одма се смируваат и поминуваат, меѓу тоа ме загрижи бојата на секретот, дали да одам порано на гениколог или да чекам до четврток??? Ве молам мислење
според циклус треба да сум 7 +5 а според ехото 6+1, подоцна било зачнато најверојатно ми рече докторката на претходниот преглед, затоа ми закажа по 10 дена, т.е. за четврток 03 Мај.
N aha nema gajle toa so sekretot eve jas sto primam vaginalnite tableti imam belo zgusten sekret i koga mokram.kako beli parcenca sitni
@Sparkles27 јас колку што знам само амниосинтеза е бесплатно, со упут на државно. Овие се прилично скапи и нема опција за со упут. Сепак, докторот знае најдобро и ќе те упати. Иако во таа фаза од бременоста, 18 посебно, кога веќе бебенце, цело, на втор скрининг ќе се види, не ја гледам потребата од овва испитување. Додека ги добие човек резултатите од него ќе има веќе детален одговор за состојбата на бебето при вториот скрининг.
И мојот секрет е појачан, но не густ туку многу течен, почнав да ставам и секојдневни влошки зашто неможам да функционирам на работа, се надевам нема да натакарам некоја инфекција сеа на крај Но тоа не е мукозен чеп. Мукозниот е густ и лигав, може да биде крвав а може да има само како крвави конци низ него. И тој ќе го видиш само еднаш
Исто и мене тој бело/проѕирен ми се појача, а брисевите беа чисти. Вчера се испаничив имав скоро цел ден болки во половината и отидов на лекар само ЦТГ ми направија, рекоа се е во ред, магнезиум да се напијам. Не знам зошто не ме прегледаа
Здраво девојки, ај да се пријавам и јас во темава Според последна менструација сум 5+6,а според тоа кога бил зачнат плодот(го знам точно денот), 4+2. Минатата недела во вторникот бев на гинеколог тука, ме прегледа со вагинално ехо и ми рече да пијам Фемибион и Утрогестан од 200мг. Направив и крвна слика и уринокултура, па со резултатите треба да одам на контрола сега во петок. Докторката ми рече дека ќе треба да има срцева акција, ама јас мислам дека рано ќе биде. Во саботата бев и кај мојата матична докторка во Кочани, ми ги виде резултатите и ми рече да си земам Магнезиум од 400мг на Биолектра. Да продолжам со фолната, ама дека нема потреба за Утрогестанот уште сега. Прва бременост ми е, се фати од прв и единствен обид во плодни денови(затоа и го знам денот). Чувствувам дека градите ми се поосетливи на допир, и еднаш-два пати дневно имам благи болки во долниот дел на стомакот, што ми рекоа дека е нормално за овој период. Имам и малку бело прање. Се мислам што да правам со Утрогестанот, докторката овде ми рече да ги пијам за поддршка на плодот, да 'го размрдаме' малку. А матичната ми рече дека тие се пијат (или ставаат) во случај на ниско поставен плод, тесно грло на матката, претходен спонтан абортус, крвав исцедок итн. Ги пиев 3 дена и ги прекинав, сега сум само на фолна и магнезиум. Дали сега да и кажам на докторкава тука (бидејќи таа ќе ми биде матична) или да чекам до петок? Јас поголема доверба имам во мојата докторка од Кочани, 12 години сум кај неа и мн добро се познаваме. Оваа овде прв пат ја видов по препорака на колешки од работа. Ама сепак незгодно ми е како да и кажам за промената.. Дајте ми некој совет, и извинете за долгиот пост
Јас цела бременост имам таков проѕирен исцедок и цело време како подмочната да сум, водени ми се гаќите цело време. И јас кренав паника, ама се јавив на гинеколог и ми рече нормално е се додека нема крв, мирис и зелена боја.
@happygirl честитки И едното и другото се точни. Се дава за поддршка на плодот и нема штета, но и превентивно, без некаква историја или проблем почнаа често да даваат. Што и да решиш не е грешка. И јас пиев фемебион и биоелектра, добри се. Нормално е и зголемен исцедок и бело прање, се додека без други симптоми. Како напредува бременоста се менуваат и по неколку пара гаќи во текот на денот.
Фала @danichap Морам и да ви кажам дека сум преплашена што и како ќе биде, не очекувавме со дм дека одма ке бидне. Си рековме ај ќе пробаме така без притисок, и ете... На Велигден ја официјализиравме и врската, тогаш уште не знаевме ништо. И сега не сме паметни како да се организираме за венчавка и скромна прослава, бидејќи не сакаме типична свадба. Имаме неколку причини поради кои не сакаме и не можеме пред крајот на октомври. И главата не знам кај ми е од мисли дали ќе биде се во ред со плодот, со мене, како ќе биде се, голема паничарка сум. Башка и немам мои познати доктори овде, немам доверба... Цело време на плачки ме тера, веројатно хормоните се во прашање.
не мила на предходниот преглед плодот беше 5 недела и немаше срцева реакција иако според циклус требаше да сум скоро 7 недела и зато ми закажа за 10 дена за овој четврток.
A se gledase plodot na 5 nedela Jas prethodnata nedela bev 5 nedela koa otidov na ginekolog mi rece mn rano e ne se gleda nisto malku nis od denot na posledntat menstruacija 5 nedeli sega sum 6 nedela i ovaa nedela na kraj ke odan petok ili ponedelnik ke vidime
Се гледаше само кесата ама плод во кесата неможеше да се види убаво оти веројатно било подоцна зачнато, само утврде дека се наоѓа во матката, ми даде фолма и магнезиум и закажавме преглед за 10 дена. Сега се надевам четврток се ќе биде во ред и ќе има плод и срце ќе слушниме, само за то се молам цело време