И кај мене мила по меструација треба да е 8 недели, а големината според ехото е 6недели и 2 дена и на вториов преглед веќе имаше срцева реакција, а на првиот и кај мене исто беше 5 недели и само кесата се гледаше. Со лесно бременоста и честитки.
I jas toa so soprugot se dog da ne kazuavme barem dodeka ne slusneme srce Kaj mene sega se vida mala tocka i spored ehoto 5 nedeli rece si a na 15 za srceva reakcija se nadevan sve ke bide vo red
Како издржа до сега да не кажеш? Јас дека ин витро и сите чекаа резултат . Ама на 9 ти ден направив тест и од сабајлето на сите се испојавував не додржа срце јуначко
Morav ne se gledase majkami imaaa premnogu kejf zatoa nesakav dodeka ne bida sigurna i deneska sd mislam dali da e kazam ama cek uste malu barem dodeka slusnime srce togas na site ke im kazam
Здраво женски, како сте? Сабајлево бев на контрола и слушнав како чука срценце Не очекував, мислев дека е рано, ама докторката рече супер било Инаку сум 6+3 според менстр, а според моите пресметки од денот на зачнување 4+5. И кажав дека ми се гади на моменти, и мачнини имам во текот на денот, па ми рече да пијам Антиметил таблети по потреба, 2-3пати дневно. Исто така и кажав и дека имам зголемено бело прање, рече дека тоа е сериозно во бременост и не треба да се дозволи поради инфекции на плодот, па ми даде вагиналети Полигинакс(за кои сега читам на интернет дека не се препорачуваат кај трудници). Дали ги имате користено? Ми кажа да ги ставам вагинално и Утрогестанот(немало штета од нив), првин нив, па после 2-3 саати Полигинаксот. Не знам како ќе го изведам тоа, треба да легнам уште во 8 саат в кревет и да не мрдам. За две недели пак да одам на контрола со крвна слика, да го следиме железото како ќе се движи, минатата недела ми беше 11, на долна граница. Јадам овошје и зеленчук, салати цвекло, зелка, краставици итн. Ама поради мачнините не можам многу количински да јадам... Мене ми се чини или сите одите вака често на прегледи? И нели треба некој брис да ми земе првин па потоа да ми дава вагиналети? Или рано е за брисеви уште?
Денес контрола,се е во ред,бебче се мрда,може да се распознае главче,рачиња Ми рече само да внимавам во контакт со деца заради сипаници. Иако и двете ги имам прележано,ми рече дека имунитетот изгледа ми поминал
@happygirl јас првите 3 месеци бев на прв преглед во 6 та недела и после во 12 та на скрининг и брисеви, тогаш се прават брисевите. Отприлила на 5 недели одам на прегледи, имам зголемено бело прање и чисти брисеви така да вагиналети не ми препишале нити нешто за поддршка на бременост.
Мене од последен преглед кој беше на 27.04 ми закажа дури на 30.05 и тоа за Приска и тогаш и за контрола. Рано е за брисеви сега во 6-7 недела. Нели?
Не знам сега што да правам за вагиналетите, ќе и звонам пак и на докторката од Кочани. Мн се нервирам вака паралелно што ќе ги терам работите Едната едно ми вика, другата друго. А немам претходно искуство и стварно не сум паметна која да ја слушам. @mimiiiii а ти од каде си? Кај одиш на лекар?
Ти изгледа комплицирано на почеток, но потоа си фаќаш ред. Со вагиналните таблети пробај навечер. Јас колку што знам, Полигинакс се ставаат навечер по една таблета. Организирај се. Крвна слика обично се прави еднаш месечно. Ако Fe е ниско, а со тоа и хемоглобин, се зема терапија (сируп или капсули, најчесто Хеферол) и се држи се под контрола. На почетокот добро е да се прават почести контроли бидејќи тогаш ризикот од спонтан абортус е најголем. Слушај си го докторот и не си го комплицирај животот со двајца д-ри. И без страв и паники. Со лесно!
Хемоглобинот ми е 142, железото 11. Ми рече да не почнуваме толку рано со Хеферол, да направам крвна слика за две недели и пак на контрола. Во упатството на вагиналетите пишува не се препорачува кај бремени жени... Инаку, и таа ми рече навечер да ги ставам, првин Утрогестанот па после 2-3 саати Полигенаксот.
Во Скопје живеам и во ремедика одам на лекар, значи и јас имам матична од друг град колешка на мајка ми е, она инсистира на сите можни испитувања ама другава докторка тера според индикации и гледа да избегне непотребни прегледи, само еднаш бев на преглед кај матичната и по 1 недела бев во ремедика и не сакаше да ме гледа на ехо едноставно смета дека мн прегледи беспотребно не треба да се прават. Сепак мислам дека треба да си избереш еден доктор на кој му веруваш оти вака само ќе се нервираш.
Мене ми се јави чешање и бело прање и ставам канестен вагиналети а утрогестанот ги пијам додека ги ставам овие...матичната вели џабе ќе ставаш кога ќе нема дејство ни тоа ни тоа вака е подобро.. незнам прашај за сигурно за вагиналетите