Добар ден од мене. Ние денес сме турбо на работа понеделнички, али клоцко прета и ротира изгледа убаво му e кога мама има турбо работа
Дундиња, температура и главоболка и тешка болка во грлото, ми рече матичниот по телефон да почнам да пијам амоксицилин, бидејќи 5 месец сум, нема ризик, ама ми е страв со температурава...кажувајте совет како побргу да оздравам
^оние стари методи на лечење, со сало,ракија...намачкај се и потоа увиткај се убаво за да се испотиш.
Земи супа пилешка со бибер за грлото многу помага, чајче со мед и лимон, и туширај се почесто со млака вода
Tоа со ќебиња, утоплувања - никако. Tрудница никако не смее да се утоплува, зарем сакате предвреме да се породите, затоа слушајте ги лекарите, ако е потребна терапија, тогаш примајте, но бабински лекови не.
еве не и нас денес испитува некои работи кај мене и испадна се во ред само малце проблем што првиот месец ослабнав околу 6кг така да сега морам да јадам јадам повеке без разлика дали можам да јадам или повраќам. си го видов бебушко денес пораснало од минатиот пат,сега веке појасно се гледаше како немирно беше ај душа тоа,преубаво,сакав уште да го гледам и гледам имајте убава недела
па нормално E да се плашиш, температура е, пробај чорапи со вода и оцет ама не ставај мн оцет. па ако продолжи температурата оди на лекар не седи дома.
Здраво мамички, дојде ред и јас да се вклучам во оваа тема Цел час барам на нет, ме интересира како се рачуна кој месец си бремена? Со оглед на тоа дека со маж ми неколку месеца се обидувавме да направиме детенце, овој месец бајаги се удривме на работа и не можам да знам кој ден да го рачунам за оплодување оти константно си свршуваше во мене. Инаку јули месец ми дојде мензис на 6-ти, август на 3-ти во принцип така ми е редовна постојано, со разлика од три до 5 дена.Овој месец требаше да добијам на 31-ви август. Денес купив тест, излегоа две црти. Немам никакви симптоми освен што го осеќам стомачето подуено. Ве молам за објаснување, сакам да знам дали сум навлезена во некоја недела од бременост, како тоа се рачуна?
Jeny најпрво честитки и добредојде во темава, да си имаш убава и лесна бременост Инаку докторите бременоста ја водат според последна менструација. Значи доколку ти денес пример си била на лекар тој ќе ти кажеше дека си бремена: 4 недели и 2 дена А термин ти е 10 Мај 2014
фала ти многу. уф, четири недели, тоа е долг термин. А дали за ова време почнало бебушот да се развива? Денес дознав, не очекувавме, ми е страв дека во петокот испив многу пиво, се плашам да не има некоја последица
А како го рачунаат терминот за пораѓај? Една пријатлка ми кажа некој математики ама не беше сигурна...
^еве ќе го земам примерот на Jeny, последна менструација 3 Август 2013 + 7 дена = 10 Август - 3 месеци (значи броиме наназад, Јули,Јуни,Мај) = 10 Мај е терминот Jeny, уживај тоа е сеуште едно мало ситно зрно грашок кое моментално уште се зацврстува, развитокот допрва почнува.
Ти благодарам уште еднаш. Да си дочекаш живо, здраво и најмило детенце што цел живот само радости да ви носи. Нека ти е со лесно
дата од последна менструација(прв ден)+7 дена +9 месеци они рачунаат оти на 7 ден сте останале бремени ама некој на 14 некои како мене на 22 па затоа е таа луфта од 14 дена над термин што ја оставаат
мамички добро утро на сите! многу сум среќна што и јас конечно ќе пишувам во темата труднички муабети! вчера попладне направив тест и беше позитивен! и јас сум бремена! лелле не ми се верува како во сон ! симптоми немам некои посебни сега за сега само градиве ме болат!позз до сите и убав ден!
Elenn вчера ко да те прочитав на друга тема, симптоми на бременост беше, и многу ми беше чудно тоА ШТО ТИ БУКВАЛНО беше го опишала мојот случај, и мене мене вчера требаше да ми дојде, поточно уште од саботата со оглед на тоа дека имам ептен редовен мензис. чудно е што јас и ти имаме ист случај од вчера. И јас вчера попладне купив тест и излегоа две цртички па се нафрлив да читам и да се активирам на темата бременост и мене ми е како во сон, немам никакви симптоми, само се чудам ко мува без глава што да јадам, да почнам со многу овошје и зеленчук Сега сме почетници, се надевам дека ќе споделуваме искуства заедно Честитки, ти посакувам со лесно да си минеш.
^ се разбира, па затоа е темава/форумов elenn честитки и за тебе, имај убава и лесна бременост. Ајде сега закажете контроли одете на лекар, нека ви кажат се што и како па ве чекаме со инфо.
Добро утро од мене. Честики за новите мамички, добредојдовте во клубот , имајте убава и лесна бременост.
Jeny читам и се ежам дали е возможно ама ете и тоа бивало. двете исти сме ти честитам за твојата бременост! и ти посакувам со лесно да си минеш и ти заборавив да кажам дека сум многу поспана. ем навечер спијам по 10 саати, ем преку ден кај 14.00 -15.00 пак ми се спие ќе си споделуваме искуства секако позз