Јас ги користев Полигинаксот во бременост слободно можеш да ги користиш, иако не знам зашто ти се дадени без брисеви, доколку имаш зголемен исцедок можеш да земеш вагиналети со лактобацили тоа се добрите бактерии кои нормално ги има во вагиналната микрофлора и да ја одржуваш истата а со тоа и неможност за лоши бактерии да се јават. Во однос на утрогестанот јас пример ставав преку ден утрогестан навечер друга вагиналета ако требаше, но јас тој период не работев и дома бев цело време ако работиш е проблем.
Devojki go zemav rez od urinokultura super e rez nema nisto a go nema veke ni toa oteznato mokrenje blagodarenie na cajot od brusnica I susenata brusnica
Same here Последниве три дена сум ненаспана од болки во матка, тегнење на бебето и грчеви во нозете. Бебево како осми путник мислиш сака да излезе, се оптегнало лево нозе тегне, десно се бута со газот.
Кај мене исто како кај сите што сме за пороѓај во мај, се тргне, се прчи леле не е болно но непријатно. Вчера бев на ехо и брисеви последни, бебо е со главата баш кај левиот јајник и кога ќе почне да ровари тоа е лудило мислиш излезе, со нозете горе желудникот до грло ми го крева, некогаш мавање во ребра ама се издржува. Туку што неможам да се досредам тоа ме мачи, има уште еден куп работи а само 2 недели, немам торбица за мене и бебе наместено, транспортерот уште не ми е испран, алишта за бебе не се испеглани, допрва мм се кани да мачка со поликолор во спална да освежел , леле незнам кој пат да го фатам, а јас неможам да мрднам. Ајде ќе биде се само здравје, до сите и имајте убав викенд.
Мешиња јас пак со кафеав исцедок како последен ден од менструација од синоќа, се испаничив вечерта дека беше обилно па на полноќ отидов до гинекологија на дежурен, бебето е засега добро ама ми рекоа строго мирување и дабростон 4*1 понеделник на контрола кај матичен, не ми кажа ни од што е ни како е. Ова ми е лекција зошто воопшто не се пазам цел ден сум на нозе или по дома или излезена дете молкнам цело време па и во раце по скали сама сум си крива. Се надевам дека се ќе е добро цело време зборев како не сакам сега да сум трудна што ми требаше ова и се однесував како да не сум до синоќа кога нозе ми се пресекоа, сега се молам само се да биде во ред.
Како го нарекувате вие и дали имате слично искуство. Коа стомакот во еден момент ќе се надува ко балон и потоа ќе се издува ?
Јас користев утрогестан, но таблети. Вагиналети одбив, па матичната ми препиша таблети. Инаку сум 38+1, бебушка е посмирена сега. Знаат да ми се јават чудни болки, длабоко во вагината, не знам дали е нормално тоа, па понекогаш ме загрижуваат. Инаку сум супер, сеуште си имам енергија, си чистам по дома, си шетам, па чудно ми е кога некоја ќе ми рече ,,ајде уште малку и ќе си олесниш,, а мене толку ми е убаво да сум бремена
Нема таблети утрогестан. Тие се , едни исти. Сакаш вагинално,сакаш орално @duffi срцка мааа , не те прочитав
Ако е без болки само непријатно чувство, лажни контракции се. @Bubce38 повторувањето е мајка на знаењето.