Девојки јас повторно го имав тој золтеникаво кафеавкаст секрет сабајлево, се испаничив мн и одма и звонав на матичната, ама ми рече доколку немам болки и нема крваво во исчедокот во ред било ама за секој случај ми закажа термин за нареднта седмица, една недела ќе ги користам Утрогестан од 100мг и ако пордолжи овој секрет ќе ми зголеми рече од 200мг или ќе продолжиме со уште една паковање вакво. Многу сум загрижена девојки
А што ти кажа на што е последица таквиот исцедок, јас го имам од петокот земам терапија и ми кажа строго мирување. Денес во еден сум кај матичниот се надевам да ми каже од што ми е и дека бебето е во ред инаку 9 + 1 сум по менструација. И јас паничам ми е страв да одам. Која недела си ти?
Јас сум 6 недела и 5 дена , претходно ко ме гледаше на ехо не виде некој проблем кај матката или бебето, рече веројатно е ради недостаток на хормон прогестерон. Исто ми препорача повеќе мирување, работата ми е со седење и немам проблем да одам. Докторкава мн ме смирува и ми вели дека мојот секрет не е темно кафеав или крвав, туку е бледо кафеавкаст кон золтеникав и или е од недестаток на хормонот или е некоја засусена крв во матката па се чисти.
Девојки, ве молам кажете ми што витамини можам да пијам? 5-та недела сум, а докторката ми закажа прв преглед дури за една недела, па ми е страв да не губам скапоцено време без да пијам ништо.
Фолна киселина од 0.4 мг ( јас ја користам на Natural Wealth) , доколку имаш болки мали заради растегнување на матката како грчеви препорачуваат магнезиум( Јас зедов магнезиум директ 375 мг, како прашак е да не голтам мн апчиња). Други лекарства само по препорака од гениколог. Поздрав и со лесно
И јас ја имам и Ovia Pregnancy, но 280days е многу интересна и со првото бебе ја имав и сега со ова пак си ја инсталирав. Разгледи ја, има плус и совети и за мама и тато секој месец
Женски, се разболев, не пијам лекарства, се трудам природно да се излечам, а сум бремена 24+4 и имам претерано секрет веке цела недела. Дали треба да одам итно гинеколог, штетно ли е ?
Мешиња бебе е добро по мерки 8ма по менструација 9+1, исцедокот се намали резултатот на ниско имплантирано бебе. Ќе треба внимавање посебно до 12та недела и терапија ќе терам најмалку до тогаш. Со господ напред да истураме со лес
Здраво мешковци, како сте? Јас под Ирена си лежам и си читам книга, си листам по нет, ич не се замарам. Денес ми ги направија чоколатцата за во градинка за ќерка ми кога ќе се породам. Многу ми се убави, се расплакав, хормони тоа е. Цтг мирно ништо не покажува нека си поседи синко до 19 нека се потопли, секако надвор е ладно. Имајте убав ден мешковци.