За вас идни Мамички супер е многу убав вкус има а и составот е супер плус фолна и 6 витамини и 2 минерали има+б12... пробајте
Мешиња 28 недела со близнаци дали овој период осеќате поголем секрет, водичка? Мислев ми пукнал водењакот од што почна многу повеќе да тече ама докторот вика не е водењак а некој секрет.
Здраво мешенца, морам да ви пишам, почна последниве два дена чим се најадам да ме боли под ребрата поготово под десното ребро. Наутро не чувствувам ништо, меѓутоа на ненајадено веројатно. Но вака преку ден ннекогаш болкава ми е неподнослива. Ви се случило ли вам? Се исплашив мислев жолчката е, доктпров матичен ми вика од стеснувањето на желудникот е...
Кога бев прво одделение ми се роди сестричка, веднаш отидов во продавница и купив кесе од ментол бонбоните, дете како дете на училиште со џепарлак од 20ден, битно ги почастив сите другарчиња, само за мене бонбонче не остана Сигурно и твојата ќеркичка ќе се прави важна како мене тој ден пред многу години Со лесно
Мешиња . Во 12 добив болки. До 3 дома седев дојдов у гак со 3.цм отворена и еве ме сеа со пукнат водењак и 4.5 отворена. Се надевам добро ќе биде
30та недела. Издржавме свадба заеднички. Многу магнезиум и волја за радост. Издржавме потпишување книги на Саем, па роденден, па ручек, па Астални. Ова дете ќе биде активно до небо. Само здравје. Клоцкаше прееска кога и ја читав сликовницата тазе купена. Сега јадам јаболко и нежно си зборуваме. Ќе слуша убава музика.
Мешиња бе па јас не им зборам на бебушиве да не не ми се развијат ментално добро после? Или нема врска ?
И јас многу ретко и зборам директно на неа. Скоро ич. Ама мисловно си праќаме пораки. Нема врска иначе. Слушаат да. Го распознаваат твојот глас. Ама не е битно дали им збориш нив или не.