Хаха мајка ме изнасмеа да сте ми живи и здрави нема веза тоа твојот глас го слушаат и го распознаваат немај гајле..доволно е да ги погалиш
Сериозно? Никогаш не сум им се обраќала на бебињата, ќерка ми е фала богу здрава права и многу паметна
На колку време одите на преглед т.е на ехо? Мене матичниот ми вика еднаш месечно ама додека помине месецот полудувам од грижи
Доволно е еднаш месечно, биди спокојна. Ќе се грижиш ако има потреба од почесто. Додека е се во ред, уживај.
Ова моево здравје кога ќе се роди, од шо ѝ зборам толку на сестра му/ѝ, ќе прозбори како мене Дојди да јадеш, облечи се, собери ги играчките итн. Не се секирај, те слушаат и знаат дека најмногу ги сакаш
Мешиња,22+4гн.близнаци,цервикс за две ипол недели се намалил за 1 см. Сега ми е 19мм,денс бев на гак кај др.Самарџиски,не препорачува серклаж,строго мирување,депо на 7 дена,и утрогестан навечер,мг 3 х250. За две недели на контрола кај него. Вика ако не се зголемува должината,барем да ја одржуваме таа. Искуства некој што само со лежење и терапија изгурале.
Мешиња прееска од ум се извадив, бев да мочкам и кога се избришав имав некој белузлаво прозирен секрет како водичка. Инаку сум 12 недле и досега олку секрет немам забележано иако благо ми е зголемен откако сум бремена. Кога бев за брисеви др ми напомена дека имам повеќе бело прање, ама дека ми е високо налепен и не можам да го видам јас, веројатно кандида. Понеделник чекам резултати, меѓувреме проверував урина немам ништо. Инаку секретов нема мирис и немам чешање, пецкање или болка. Нормално ли е? Ќе си пукнам до понеделник додека ги видам резултатите и не појдам на контрола.
јас до 12 недела ништо не осеќав од симптоми ама кога ме виде докторот имав доста секрет. На брис ништо не покажа ама после некое време почна и чешање. И ме премачкува со метиленско сино цело време еве 28 ма недела сум уште си се мачкаме. Иначе сум прочитала и за други што терале цели бремености така.
Не се вади од памет непотребно, за секоја инфекција има решение. Посебно па кандида не е нешто што треба да те загрижува. Стресот е поштетен
Се смирив, од тогаш немам ништо приметено. И др ми рече дека во бременост поради намален имунитет се јавуваат повеќе инфекции, ама се додека не преовладуваат и се лечат не е сееиозно. А и јас не сум му личела дека имам бактерија, само кандида можеби, а неа си ја имам редовно и се со канестен сум. Ама ме чуди на пап секогаш ми излага дека немам никаква инфекција, а др упорно ми викаат имаш секрет кандида е. А нели таа чеша?
Да таа чеша. А на микробиологија не се секогаш точни резултатите затоа на своја рака поискусните доктори лекуваат
Значи пак ќе се расправам со тоа досадно чудо. Уфф аман бе има ли спас од оваа напаст? А пред да останам трудна демек ја откачив, се проверив да сум рајат.
Јас имав исто како и секоја втора ако не и секоја трудница кандида многу е досадна и се храни со шеќери затоа исфрли бело брашно и слатки работи бели шеќери и ќе видиш како ќе си ја снема.
Црн леб јадам и од благо само овошје, ама таа се храни со се што има јаглехидрати, а сега не сум во состојба целосно да ги исфрлам.Ама ќе гледам да намалам. Фала
Здраво мамички дали е нормална тежина за бебе во 35+5 2340?многу сум тажна денес бев на контрола и така ми рече не е премало ама испод граница незнам што
Нема што беспотребно да си правеш грижи, бидејќи докторите не можат точно да кажат, т.е да ја одредат килажата, се е приближно. А и според мене 2340 не е баш мала килажа, секое бебе си е различно и секоја трудница. Не може сите бебиња да се по 4кг. Уживај во остатокот од бременоста и не си прави беспотребни стресови.
Фала ти баш ми олесна си се изнаплачив докторката ми замина на одмор и оваа беше некоја замена воопшто не ми се допадна
Не се плаши мајка мене истиот ден кога се породив(т.е пред да се породам неколку саати)ме гледаа двајца доктори на ехо во Чаир и двајцата ми рекоа детево е ситно 2500 за после пет саати да родам дете од 3430 немај гајле ќе си расте тоа и надвор од мешето.